Cinemax 2

Cinemax 2

Cinemax 2, umetnički kanal, nudi velik izbor odličnih filmova evropskih i svetskih nezavisnih studija. Među njima su dobitnici nagrada, festivalski favoriti, filmovi priznati od strane kritike i kultne serije iz svih krajeva sveta. Dirljive i inspirativne drame i romantični filmovi elaboriranih detalja, fokusirani na ljudske priče, likove i odnose. Svaki dan u nedelji posvećen je određenom tipu sadržaja. Subote donose glavnu premijeru nedelje. Nedelje su posvećene internacionalnim filmovima i svetskoj kinematografiji. Ponedeljkom su na rasporedu kultni filmovi i klasici današnjice. Četvrtak je posvećen nagrađivanim serijama.

Serbia

TV-guide - onsdag, 08-05-2024Nu

02:10
Благословени момчиња
Марио и Лино, двајца неразделни пријатели водат монотон живот во сончевиот Неапол кога се случува незамисливото - се отвора врата која ќе ги одведе на различни патишта, ризикувајќи с?, дури и она.Во еден сончев кварт во Неапол, Италија, каде што сите се познаваат, двајца неразделни пријатели живеат во заштитениот меур на маалскиот живот додека нивното пријателство не биде ставено на тест. Марио и Лино се двајца 18-годишници, родени и израснати во квартот Санита во Неапол, кои с? уште не излегле од нивниот мал град. Кога малата сестра на Лино ги убедува локалните жители дека направила чудо и почнува да биде обожавана како жива светица, судбината на Лино нагло се менува. Ослободен од притисокот да биде финансиски одговорен за своите мајка и сестра, за првпат може да си замисли живот надвор од четирите ѕида на својот семеен дом. Во меѓувреме, Марио доживува с? поголема привлечност кон својот пријател која дотогаш останала незабележана.
mk
03:50
Вљубената Стела
Стела е на последна година во средно училиште. Но таа е позаинтересирана да ужива во лудите ноќи во познат париски клуб и да запознава убави момчиња.За Стела, тоа е нејзината последна година во средно училиште. Но таа вели дека не ? е грижа! Таа година го открива познатиот париски клуб, "Бан Душ", 80-тите и неговите луди ноќи. Нејзините пријатели учат, татко ? заминал со друга жена, а мајка ? е во депресија. А тука е и Андре кој танцува како бог... Таа година ќе ? го одлучи целиот живот. Таа се преправа дека не размислува за тоа...
mk
05:40
Прокси
Млада жена се мачи со идејата за мајчинство кога родителите на детето што го носи за нив одлучуваат дека повеќе не го сакаат детето."Прокси" е приказната за Девон, сурогат за пар со проблеми со плодноста кои одлучуваат дека повеќе не го сакаат детето што таа го носи за нив кога ќе се открие дека детето има абнормалност. Девон се повлекува во домот на сестра ? Енди, нејзината партнерка Лиза и нивните две деца за да се справи со тежината на одлуката за којашто никогаш не мислела дека ќе мора да ја донесе. "Прокси" ги истражува плодноста, бременоста и мајчинството низ објективот на овие три различни жени и нивните уникатни искуства.
mk
06:01
Летен мраз
Лето е и Франција е зафатена од поларен студ. Десет осамени и изгубени души се пронаоѓаат, значајна средба како последна шанса за надеж и страв, за љубов и сон.Лето е и Франција е зафатена од поларен студ. Десет осамени и изгубени души се пронаоѓаат, значајна средба како последна шанса за надеж и страв, за љубов и сон. Десет приказни како почит кон Водните лилјани на Моне, десет приказни кои го прикажуваат импресионистичкото сликарство во денешна Франција.
mk
07:55
Кулата
Инспекторката Сара Колинс и нејзиниот колега Стив Бредшо се повикани за незгодата кај кулата Портланд во југоисточен Лондон.Инспекторката Сара Колинс и нејзиниот колега Стив Бредшо се повикани за незгодата кај кулата Портланд во југоисточен Лондон. На тлото под кулата тие ги наоѓаат телата на долгогодишниот полицаец Хадли Метјус и 15-годишната либиска бегалка Фара Мехени.
mk
08:41
Кулата
Сара конечно го убедува својот шеф, главниот инспектор Тим Бејли, да излезе во јавноста за исчезнувањето на Лизи, а потоа прави серија откритија за настаните што доведоа до падот на кулата Портланд,.Сара конечно го убедува својот шеф, главниот инспектор Тим Бејли, да излезе во јавноста за исчезнувањето на Лизи, а потоа прави серија откритија за настаните што доведоа до падот на кулата Портланд, што дополнително го комплицира случајот.
mk
09:26
Кулата
Лизи решава да се предаде, но прво тајно се среќава со Киран Шо, кој се обидува да ја убеди да не се вмешува.Кога почнува да се појавува на сите вести, Лизи решава да се предаде. И покрај тоа што Киран се обидува да ја спречи, таа се враќа во Лондон прогонувана од вина. Откако Сара се враќа од пребарувањето на куќата на Киран со празни раце, Стив е контактиран од Лизи и ја следи до кулата Портланд каде што ја наоѓа на кровот. Завршетокот на случајот се одлучува во напнато интервју помеѓу Сара и Лизи. Конечното откритие за она што се случило на кровот е уште пошокантно отколку што воопшто очекувале Сара или Стив.
mk
10:20
Маж
Карлос живее во засолниште за млади во Богота. Кога оди да го посети семејството за Божиќ, тој е соочен со бруталноста на неговото соседство.Карлос живее во засолниште за млади во центарот на Богота, еден вид прибежиште кое се обидува да ја ублажи суровоста на животот. Божиќ е и Карлос копнее да го помине денот со мајка му и сестра му, кои се изгубени во спиралата на урбаното насилство. Кога го напушта засолништето, Карлос се соочува со студенилото на улиците во неговото соседство, каде што владее законот на најсилниот, алфа ""мачо". Додека е во потрага по семејно обединување, Карлос мора да покаже дека може да биде еден од нив. Додека длабоко во себе, тој мора да се соочи со одлуки, кои се спротивставени на овие изрази на мажественост.
mk
11:45
Лов
Сатиричен акционен трилер каде што група елитисти ловат обични луѓе за спорт, с? додека една од ловените не одлучи да им се спротивстави.Дејмон Линделоф ("Чувари" на HBO) го пишува овој акционен трилер за дванаесет обични луѓе кои се наоѓаат киднапирани од група елитисти за да бидат ловени за спорт. Во битката за сопствен опстанок, една од ловените, Кристал (Бети Гилпин), им се спротивставува на нејзините гонители и почнува да се бори за да стигне до нивниот мистериозен лидер, (двократната добитничка на Оскар, Хилари Свонк).
mk
13:30
Фарго
Продавачот на коли Џери, длабоко во долгови, планира да најми некој да ја киднапира жена му за да бара откуп од нејзиниот богат татко.Еден полицаец и двајца невини луѓе се најдени ладнокрвно убиени на автопатот во снежната Северна Дакота. Тоа ја води бремената полицајка Марге Гундерсон на истрага што открива конспирација на алчност и неспособност. Сопругот од Минеаполис, татко и продавач на коли Џери Лундегард, кој долго е малтретиран од неговиот богат шеф и татко на неговата сопруга, разработува елаборирана шема за киднапирање на неговата сопруга и милионски откуп за да си ги отплати големите коцкарски долгови. Сепак, с? што може да тргне на лошо, тргнува на лошо. Едноставниот и добродушен карактер на полицајката Гундерсон во себе содржи бистар ум и многу силен морален компас. Таа многу лесно ги согледува слабо извршените и лошо скриените настани сторени од некомпетентните, но сепак многу опасни киднапери.
mk
15:11
Ќерката на гневот
11-годишната Марија е одвоена од мајка ?. Го запознава Тадео, досетлив пријател кој е одлучен да ? помогне да се обедини со мајка ?.Никарагва, денес. 11-годишната Марија живее со мајка ? Лилибет покрај депонија. Нивната иднина зависи од продажбата на легло чистокрвни кученца на локален силеџија. Кога договорот ќе пропадне, Лилибет мора да оди во градот и да ја остави Марија сама.
mk
16:45
Му служев на англискиот крал
Дали е можно да се биде келнер, па да се стане менаџер на хотел, а на крај да се изгуби с?? Можно е! И не е ни толку тешко.Дали е можно да се биде келнер, па да се стане менаџер на хотел, а на крај да се изгуби с?? Можно е! И не е ни толку тешко. Ако ви треба доказ, филмот "Му служев на англискиот крал", заснован на романот на Бохумил Храбал, го докажува тоа.
mk
18:45
Електра
Електра мисли на својот 10-ти роденден, мешајќи ги спомените со соништата. Сама во светот на фантазијата, таа гради односи со својата сексуалност.Електра го преиспитува својот 10-ти роденден, мешајќи ги спомените со имагинацијата и скриените соништа. Изолирана во нејзиниот фантастичен свет полн со нашминкани бујни кукли, делови од пластични машки тела, сочни јагоди и стоматолошки алатки, таа гради сопствени односи со своето тело и сексуалност. Нуркајќи с? подлабоко во сеќавањата од детството, таа повторно доживува бунт против мајка ? и измешани чувства кон татко ?. Електра мора да помине низ најболните спомени за да дозволи нејзините потиснати чувства да излезат на површина. На крајот, таа е подготвена да открие што навистина се случило за време на нејзиниот 10-ти роденден.
mk
19:15
Екстремна жештина
Во свет загрозен од соларен фрагмент кој се движи кон Земјата, едно осумнаесетгодишно момче заглавува на пат кон дома во непознат град.Во свет загрозен од соларен фрагмент кој се движи кон Земјата, едно осумнаесетгодишно момче заглавува на пат кон дома во непознат град. Низа бизарни авантури го принудуваат да се соочи со своите најголеми стравови - да се помири со реалноста на дислоцираниот свет, со себе и со својот татко.
mk
20:31
Антисквот
Инес, 38-годишната самохрана мајка, започнува да работи во старт-ап кој нуди ниска кирија во замена за окупирање и грижа за празните деловни згради.Париз, денес. На 38-годишната Инес ? се заканува иселување од станот што го дели со нејзиниот син тинејџер. Очајно ? треба новата работа којашто Антисквот е подготвен да ? ја понуди по двомесечна проба. Овој старт-ап нуди економична алтернатива на приватните компании за обезбедување за корпоративните сопственици: станови со ниска кирија за работниците во замена за окупирање и грижа за празните деловни згради. Започнувајќи како управителка на зграда, Инес открива дека жителите се лишени од нивните основни права. Таа е внесена во систем кој ја раскинува меѓу нејзините лични морални вредности и неопходноста да му обезбеди финансиска стабилност на нејзиниот син.
mk
22:06
Војни на еднорозите
Овој филм е фантастична антивоена басна што ја раскажува приказната за војната помеѓу мечките и еднорозите.Во овој филм, режисерот Алберто Васкез ја користи анимираната фантазија за да го обработи потеклото на злото. Малата армија од мечки ги индоктринира младите регрути за војната што ја започнале против еднорозите затоа што претставувале закана за нивниот народ. Двајцата браќа, Азулин и Горди, заедно со една група од нови регрути без искуство, ќе бидат испратени на опасна мисија да ја спасат Волшебната шума... Ќе успеат ли малите мечки да се справат со предизвикот?
69%
mk
23:40
Бен Хур
Епска приказна за Јуда Бен-Хур, принцот лажно обвинет за предавство од неговиот посвоен брат Месала, офицер во римската војска.Епска приказна за Јуда Бен-Хур, принцот лажно обвинет за предавство од неговиот посвоен брат Месала, офицер во римската војска. Кога титулата му е одземена и е одделен од семејството и жената што ја сака, Јуда е принуден на ропство.
mk

TV-guide - torsdag, 09-05-2024

01:45
Икс
Во 1979 година, група млади филмаџии одат да снимат филм за возрасни во рурален Тексас, но кога нивните повлечени, постари домаќини ќе ги фатат на дело, актерската екипа ќе мора да се бори за живот.Убиствениот хорор на писателот и режисер Ти Вест ја раскажува приказната за екипа на филмови за возрасни од 1970-тите која оди на оддалечена фарма во Тексас за да снима филм. Постарата двојка од која ја изнајмуваат не е свесна за намерите на екипата во однос на нивниот имот. Но тие покажуваат необичен интерес за младата екипа (во главните улоги се Џена Ортега, Мија Гот, Кид Куди и Британи Сноу). Кога двојката ја открива вистинската намера на младите, ноќта од страст за профит се претвора во ужас додека тие се борат за животите против нивните разбеснети домаќини.
mk
03:30
Потера без милост
Жителите на мал град во Тексас се загрижени и се во паника кога локалниот бандит (Роберт Редфорд) бега од затвор и тргнува кон својот роден град.Скоро сите во градот мислат дека шерифот Калдер (Марлон Брандо) е само марионета на богатиот нафтен магнат Вал Роџерс (Е.Г. Маршал). Кога се дознава дека локалниот бандит Бабер Ривс (Роберт Редфорд) побегнал од затвор, синот на Роџерс (Џејмс Фокс) е загрижен бидејќи има афера со сопругата на Ривс (Џејн Фонда). Се чини дека многу други во градот мислат дека можеби имаат причини да се плашат од Ривс. Целта на Калдер е да го донесе Ривс жив, неповреден. Калдер ќе мора да му се спротивстави на моќниот Роџерс од една страна и на насилството од толпата од друга страна, во неговата потрага по правда.
mk
05:40
Амок
Откако една чудна несреќа му ја одзема девојката, неговиот убав изглед и неговиот мирен карактер, Клајд мора да се соочи со неговиот внатрешен Гном.Откако една чудна несреќа му ја одзема девојката, неговиот убав изглед и неговиот мирен карактер, Клајд мора да се соочи со неговиот внатрешен Гном.
mk
06:01
Ќерката на гневот
11-годишната Марија е одвоена од мајка ?. Го запознава Тадео, досетлив пријател кој е одлучен да ? помогне да се обедини со мајка ?.Никарагва, денес. 11-годишната Марија живее со мајка ? Лилибет покрај депонија. Нивната иднина зависи од продажбата на легло чистокрвни кученца на локален силеџија. Кога договорот ќе пропадне, Лилибет мора да оди во градот и да ја остави Марија сама.
mk
07:35
Слепа врба, заспана жена
Изгубена мачка и џиновска зборлива жаба му помагаат на банкарски службеник, на жена му жена и на еден сметководител да го спасат Токио од земјотрес.Токио, неколку дена по земјотресот и цунамито во 2011 година. Кјоко го напушта сопругот откако пет дена ги гледа снимките од земјотресот на ТВ. Преку сеќавања, соништа и фантазии, Кјоко, Комура и Катагири се обидуваат да го откријат вистинското јас.
mk
09:25
Екстремна жештина
Во свет загрозен од соларен фрагмент кој се движи кон Земјата, едно осумнаесетгодишно момче заглавува на пат кон дома во непознат град.Во свет загрозен од соларен фрагмент кој се движи кон Земјата, едно осумнаесетгодишно момче заглавува на пат кон дома во непознат град. Низа бизарни авантури го принудуваат да се соочи со своите најголеми стравови - да се помири со реалноста на дислоцираниот свет, со себе и со својот татко.
mk
10:41
Роза
Сместена во текот на една недела, "Роза" следи група туристи кои патуваат со автобус од северниот провинциски дел на Данска за Париз.Сместена во текот на една недела, "Роза" е приказна за две сестри Ингер и Елен, и како нивната врска е предизвикана на многу очекуваното патување со автобус за Париз. Кога Ингер ? кажува на групата дека се бори со менталното здравје, сестрите се соочуваат со сожалување од некои и со целосна дискриминација од други. По пристигнувањето во Париз, наскоро станува јасно дека Ингер има скриена агенда во врска со личност од нејзиното минато, што на крајот ја вклучува целата група во нејзината потрага за одговори. "Роза" е филм за меѓусебната љубов и грижа, и покрај нашите разлики, исто колку што е и филм за тоа да не се суди според изгледот.
mk
12:25
Сестри
Анастасија (13) и Дијана (9) се сестри кои живеат во сиропиталиште во Латвија.Анастасија (13) и Дијана (9) се две сестри кои живеат во сиропиталиште во Латвија. Кога ќе дознаат дека едно американско семејство е подготвено да ги посвои, Дијана едвај чека да се пресели во САД, додека Анастасија е помалку возбудена од идејата да го напушти својот дом. Кога нивната отуѓена биолошка мајка Ала се враќа во нивните животи, Анастасија прави с? за да воспостави врска со неа, но изгледа дека Ала има други планови. Анастасија мора да донесе клучна одлука - да ја остави својата биолошка мајка и да се пресели да живее во Америка или да остане дома со надеж дека ќе живее со нејзината вистинска мајка.
mk
14:12
Антисквот
Инес, 38-годишната самохрана мајка, започнува да работи во старт-ап кој нуди ниска кирија во замена за окупирање и грижа за празните деловни згради.Париз, денес. На 38-годишната Инес ? се заканува иселување од станот што го дели со нејзиниот син тинејџер. Очајно ? треба новата работа којашто Антисквот е подготвен да ? ја понуди по двомесечна проба. Овој старт-ап нуди економична алтернатива на приватните компании за обезбедување за корпоративните сопственици: станови со ниска кирија за работниците во замена за окупирање и грижа за празните деловни згради. Започнувајќи како управителка на зграда, Инес открива дека жителите се лишени од нивните основни права. Таа е внесена во систем кој ја раскинува меѓу нејзините лични морални вредности и неопходноста да му обезбеди финансиска стабилност на нејзиниот син.
mk
15:46
Триото од Белвил
Кога внук ? е киднапиран од француската мафија додека се натпреварува на Тур де Франс, Мадам Соуза и нејзиното сакано кученце Бруно се здружуваат со сестрите Белвил - остарената пејачка и танчерска.Во овој анимиран филм номиниран за Оскар, надреалното уметничко дело е комбинирано со чуден хумор за да ја раскаже приказната за постарата Французинка мадам Соуза, додека се вклучува во меѓународни интриги кога нејзиниот внук Шампион, професионален велосипедист, е киднапиран и однесен во странство. Придружена од нејзиното верно куче Бруно, мадам Соуза тргнува на патување за да го најде Шампион и наидува на неверојатни сојузници во форма на три сестри кои се ветеранки на водвиљ сцената. Следејќи ги киднаперите на Шампион, четирите стари жени ја користат својата досетливост за да дојдат до успех.
mk
17:06
Слепа врба, заспана жена
Изгубена мачка и џиновска зборлива жаба му помагаат на банкарски службеник, на жена му жена и на еден сметководител да го спасат Токио од земјотрес.Токио, неколку дена по земјотресот и цунамито во 2011 година. Кјоко го напушта сопругот откако пет дена ги гледа снимките од земјотресот на ТВ. Преку сеќавања, соништа и фантазии, Кјоко, Комура и Катагири се обидуваат да го откријат вистинското јас.
mk
18:52
Светиот дух
Хулио е мртов. Страшни вести за ОВНИ-Леванте, здружението на љубители на НЛО што тој го раководел. Смртта особено тешко го погодува еден нејзин член, Хозе Мануел.Додека тековната истрага за мистериозното исчезнување на малото девојче ја тресе локалната заедница, Хозе Мануел ја продолжува својата секојдневна рутина. Тој работи во неговиот скромен тапас бар, се грижи за мајка му и присуствува на неделните состаноци на здружението за НЛО, ОВНИ-Леванте, каде што разменува информации за вонземски пораки и киднапирања од вонземјани со останатите нејзини посветени членови. Кога нивниот водач неочекувано умира, Хозе Мануел е единствената личност која ја знае космичката тајна што може да ја промени иднината на човештвото. Сместен на колоритна и сјајна позадина, "Светиот дух" е морничава и чудна приказна која нурнува директно во длабочините на човечката природа.
mk
20:30
Татковци и мајки
Комедија за брачен пар кој мора да се бори за место во родителската група во новиот клас на нивната ќерка. Хиерархија, ривалство, скриени агенди..."Татковци и мајки" е современа комедија за брачната двојка Пив и Улрик, кои мора да се борат за место во родителската група во новиот клас на нивната ќерка. Хиерархија, ривалство, скриени агенди. Тие го доживуваат родителството во претеран степен, а покрај сето тоа, сега одат на овогодинешното познато и многу популарно кампување. Пив и Улрик мора да ги надминат пречките и да се обидат да станат дел од родителската група. Прашањето е - до каде сте подготвени да одите за вашето дете?
mk
22:11
Како во рај
Еден ден, на фарма во доцните 1800-ти, започнува интензивно чекање кога мајката почнува компикувано да се пораѓа.На крајот на 19. век, Лисе расте како најстара ќерка на дански земјопоседник со големо потомство. Мајката на Лисе наскоро ќе се породи во домаќинство каде што Библијата го диктира животот, а суеверието е посилно од довербата во науката. Сепак, постоењето на Лисе, исто така, внимателно го покажува духот на новото време: мајката на Лисе се борела за таа да биде првата девојка што ќе оди на училиште. Меѓутоа, кога бременоста на мајка ? се покажува опасна по живот, Лисе сфаќа колку навистина се кревки нејзините планови за иднината. Во оваа драма за растење инспирирана од романот на Мари Брегендал од 1912 година, публиката набљудува драматичен и емотивен настан од перспектива на Лисе.
mk