TV-gids - dinsdag, 14-05-24Nu

00:06
Патриот
Воен херој сака да живее спокојно во Јужна Каролина во 1776 година кога нова војна ја зафаќа земјата, но гневот и болката го враќаат на бојното поле.Јужна Каролина, 1776 година. Бенџамин Мартин, херој во битката против Французите и Индијанците, сака да живее во мир со своето семејство додека нова војна ја зафаќа земјата. Кога еден од неговите синови е убиен, гневот и болката го враќаат на бојното поле.
mk
HBO
02:50
Луѓе во црно 2
Томи Ли Џонс и Вил Смит се враќаат во улогите на агентите за вонземјани, Кеј и Џеј.По четири години откако агентите за вонземјани Џеј и Кеј (Томи Ли Џонс и Вил Смит) спречија интергалактичка катастрофа, Кеј се врати во удобноста на цивилниот живот, додека Џеј ја презеде улогата на својот поранешен партнер како најефикасен вработен на неофицијалната владина агенција што ги регулира сите вонземјани на Земјата. Додека истражува едно рутинско злосторство извршено од еден кон друг вонземјанин, Џеј открива завера осмислена од Сирлин (Лара Флин Војл), злобно чудовиште преправено како манекенка за секси здолништа, заедно со нејзиниот двоглав, малоумен придружник Скрад / Чарли (Џони Ноксвил). Кога Сирлин ја окупира целата зграда на луѓето во црно, Џеј бара помош од пензионираниот Кеј, чија стручност ја претставува последната голема надеж во универзумот за избегнување на катастрофата.
mk
HBO
04:20
Малолетници
Џордан и Патрик одлучуваат онлајн да бараат донации за да купат нов плејстејшн. Но како што пристигнуваат парите, се загрозува нивното пријателство?На Џордан и Патрик (14) им е здодевно до смрт во нивното француско село. Кога нивниот плејстејшн 4 ќе се расипе, тие одлучуваат да одглумат дека се болни и да собираат донации онлајн за да купат нов. Но како што пристигнуваат парите, лагата излегува на виделина, загрозувајќи го нивното пријателство?
mk
HBO
06:00
Мајсторот за кабелска
Џим Кери го игра Чип, мајстор за кабелска, кој пораснал со телевизиски серии. Кога го запознава ергенот Стивен (Метју Бродерик), тој гледа шанса да си најде пријател.Се работи за еден воспоставен градски ритуал. Дај му 50 долари на мајсторот за кабелска и ќе ги добиеш сите филмски канали бесплатно. Но, кога Стивен Ковакс (Метју Бродерик) се преселува во нов стан, тој открива дека неговиот мајстор за кабелска (Џим Кери) не е како сите други. Тој не ги сака 50-те долари на Стивен, туку само сака да му стане пријател и нема да прифати да биде одбиен. Стивен тукушто ќе дознае дека нема такво нешто како бесплатна кабелска. Неговиот несакан пријател уште повеќе му навлегува во животот и ја манипулира девојката на Стивен, па дури и се поканува самиот во куќата на родителите на Стивен, а на крајот успева да го прати Стивен во затвор. Мајсторот за кабелска ќе направи с? за да го одржи нивното пријателство. А Стивен открива дека ќе мора да направи многу за да му стави крај на тоа.
mk
HBO
07:35
Секогаш љубов
Елизабет не сака премногу да работи со Бен, консултант во ресторан кој е повикан да го задржи отворен ресторанот на нејзиниот покоен бивш сопруг.Елизабет не сака премногу да работи со Бен, консултант во ресторан кој е повикан да го задржи отворен ресторанот на нејзиниот покоен бивш сопруг. Но наскоро таа ќе открие дека промените можат да бидат добри и дека секогаш може одново да се најде љубовта.
mk
HBO
09:00
Филмот на лутите птици
Во еден островски рај населен со среќни пилиња што не летаат, Ред, Чак и Бомба отсекогаш биле отпадници.Во оваа урнебесна анимирана авантуристичка комедија, снимена врз основа на популарната игра на мобилен телефон, ќе откриете зошто пилињата се толку налутени. Во островскиот рај населен со среќни пилиња што не летаат, пилето Ред, кое има голем проблем со лутината, заедно со брзото пиле Чак и нервозниот Бомба отсекогаш биле отпадници. Но, кога островот е посетен од таинствените зелени прасиња, овие чудни отпадници ќе мораат да откријат што планираат прасињата.
23%
mk
HBO
10:40
Малолетници
Џордан и Патрик одлучуваат онлајн да бараат донации за да купат нов плејстејшн. Но како што пристигнуваат парите, се загрозува нивното пријателство?На Џордан и Патрик (14) им е здодевно до смрт во нивното француско село. Кога нивниот плејстејшн 4 ќе се расипе, тие одлучуваат да одглумат дека се болни и да собираат донации онлајн за да купат нов. Но како што пристигнуваат парите, лагата излегува на виделина, загрозувајќи го нивното пријателство?
mk
HBO
12:20
Минатата недела вечерва со.
Џон Оливер, еден од најсмешните водители што се појавил на телевизиската сцена последниве години, пристигнува на ХБО со сосема ново шоу, кое нуди перспектива за разни општествени, политички и.Џон Оливер, еден од најсмешните водители што се појавил на телевизиската сцена последниве години, пристигнува на ХБО со сосема ново шоу, кое нуди перспектива за разни општествени, политички и егзистенцијални проблеми во Америка и светот.
mk
HBO
13:05
Бојата на пурпурот
"Warner Bros. Pictures" ве кани да го доживеете извонредното сестринство на три жени кои делат една нераскинлива врска во "Бојата на пурпурот"."Warner Bros. Pictures" ве кани да го доживеете извонредното сестринство на три жени кои делат една нераскинлива врска во "Бојата на пурпурот". Овој храбар нов поглед на саканиот класик е режиран од Блиц Базавул и продуциран од Опра Винфри, Стивен Спилберг, Скот Сандерс и Квинси Џонс.
mk
HBO
15:25
2012
Еден академски истражувач води група луѓе во борба да ги спречат апокалиптичните настани што биле предвидени од календарот на Маите.Никогаш немало датум толку важен за толку култури, толку религии, научници и влади. Од режисерот Роланд Емерих - познат по неговите летни блокбастери "Ден на независноста", "Годзила" и "По утрешниот ден" - 2012 е епска авантура за глобална катаклизма што доведува до крај на светот како што го знаеме и херојската борба на преживеаните.
mk
HBO
18:05
Мајстор градинар
Приказната за еден градинар, чиј навидум мирен живот е нарушен поради необичното барање од неговата работодавачка."Мајстор градинар" ја раскажува приказната за еден градинар (Џоел Еџертон), чиј навидум мирен живот е нарушен поради необичното барање од неговата работодавачка (Сигурни Вивер). За да го заштити она што му е драго, Нарвел Рот ќе биде принуден да се врати на старите насилни начини - и да се соочи со минато обележано со години крв и бес.
mk
HBO
20:00
Баксуз: Животот и умирањата.
Стјуарт Алтман е обвинет од обвинителот Левин за избегнување да сведочи. Во невообичаен чекор за обвинет за убиство, Дурст одлучува да сведочи.Долгогодишниот адвокат и пријател од доверба на Дурст, Стјуарт Алтман, е обвинет од обвинителот Левин за избегнување да сведочи, но неговата сопруга Емили станува вознемирена и открива повеќе. Во невообичаен чекор за обвинет во случај на убиство, Дурст одлучува да излезе да сведочи.
mk
HBO
20:50
Куќата на змејот
Висериус Таргариен е домаќин на турнир со кој го прославува раѓањето на неговото второ дете. Ранира го пречекува нејзиниот чичко Дејмон при неговото враќање во Црвената тврдина.Висериус Таргариен е домаќин на турнир со кој го прославува раѓањето на неговото второ дете. Ранира го пречекува нејзиниот чичко Дејмон при неговото враќање во Црвената тврдина.
mk
HBO
21:55
Куќата на змејот
Ранира поминува во Малиот совет. Висерис е натеран брзо да го обезбеди наследството преку брак. Дејмон ги објавува своите намери.Ранира поминува во Малиот совет. Висерис е натеран брзо да го обезбеди наследството преку брак. Дејмон ги објавува своите намери.
mk
HBO
22:55
Пороците на Токио
Џејк се мачи да застане на нозе по пропаднатата рација, додека Саманта станува с? поочајна да ја најде Полина. Сато го чувствува притисокот на повисоката позиција во Чихари-Кај.Откако неговата дојава доведува до пропадната рација, Џејк ја чувствува тежината на одбивањето на Катагири - но дава с? од себе за да ? помогне на Еми во истражување на убиство. Додека Саманта станува френетична поради исчезнувањето на Полина, Сато се зближува со неговото отуѓено семејство - и го чувствува притисокот на повисоката позиција во Чихари-Кај.
mk
HBO

TV-gids - woensdag, 15-05-24

00:35
Смртоносна изолација
Еден идеален одмор во карантин се претвора во ужас кога еден неочекуван посетител предизвикува борба за гол живот.Кога светот влегува во изолација поради влошената здравствена криза, Паркер и нејзината најдобра пријателка Мири одлучуваат да се изолираат во семејната викендичка покрај езеро, далеку од цивилизацијата. Тоа што почнува како идеален одмор во карантин се претвора во ужас кога еден неочекуван посетител ги тера да се борат за гол живот.
mk
HBO
02:00
Мажи
По мистериозната смрт на својот сопруг, Харпер заминува и се крие во затскриена вила, каде што се обидува да се справи со минатото што ја прогонува.По мистериозната смрт на својот сопруг, Харпер заминува и се крие во затскриена вила, каде што се обидува да се справи со минатото што ја прогонува. Сепак, некој или нешто од околните шуми не ? дозволува да најде спокој. Низа вознемирувачки настани будат стравови и мрачни спомени, а престојот во навидум идиличната вила се претвора во најлошиот кошмар на Харпер.
mk
HBO
03:40
Состојба на умот
Д-р Стоун третира тројца различни пациенти со параноична шизофренија кои веруваат дека се Исус Христос. Ги поврзува тројцата.Д-р Алан Стоун го нашол Исус трипати. Стоун е психијатар што е задолжен да третира тројца различни пациенти со параноична шизофренија кои веруваат дека се Исус Христос. Стоун ги поврзува тројцата, ги соочува со нивните спротивставени тврдења и ги наведува да создадат уникатна група за поддршка. Додека овие мажи се борат со негирањето на нивните уверувања од страна на Стоун, тие се с? поблиску до тоа да се видат себеси во ново светло. Во филмот игра неверојатна актерска екипа што доби повеќе награди и е во продукција на тимот зад филмовите "Црниот лебед" и "Лав". Филмот се заснова на фасцинантната вистинита психолошка студија раскажана во книгата "Трите Христоси на Ипсиланти".
mk
HBO
05:30
Холивуд: Hа снимање
Секоја недела, "Холивуд: На снимање" оди зад сцените на три големи филма кои се во продукција, прикажувајќи снимки од снимањето и интервјуа со актери и режисери."Холивуд: На снимање" оди зад сцените и на филмскиот сет за да ви прикаже ексклузивни снимки за најновите филмови. Секоја епизода прикажува 3 нови "блокбастери" кои треба наскоро да излезат, за да ви ги даде сите информации за тоа како се прават тие филмови и кој ги прави!
mk
HBO
06:00
Господин Пибоди и Шерман
Најпаметното куче на светот, г. Пибоди и син му Шерман ја користат својата временска машина за да одат на урнебесни авантури.Најпаметното куче на светот, г. Пибоди и син му Шерман ја користат својата временска машина за да одат на урнебесни авантури. Но, Шерман и неговата пријателка Пени со машината случајно предизвикуваат хаос во светската историја...
mk
HBO
07:30
СИ ЏЕЈ 7
Животите на еден сиромашен татко работник и на син му се менуваат кога еден фасцинантен и чуден миленик влегува во нивниот свет.Ти е сиромашен градежен работник кој многу се мачи за да се осигури дека неговиот млад син Дики ќе остане запишан во ексклузивно приватно школо. Но иако Ти прави се што е можно за да му ги даде на син му можностите што тој никогаш ги немал, Дики се уште се чувствува како отпадник од школото поради неговите изветвени алишта и поради тоа што ги нема најновите играчки. Еден ден , Ти открива мистериозна сфера и му ја носи директно на Дики. Иако отпрвин "СИ ЏЕЈ 7" изгледа како нешто чудно и необјасниво, се покажува дека е нешто многу повеќе откако младото момче започнува да си игра со него. Тоа не е вообичаена акциска играчка, туку живо "милениче" со невообичаени моќи. Дики го носи СИ ЏЕЈ 7 во школо со цел да го покаже и да има малку забава. Но СИ ЏЕЈ 7 си има свои идеи за тоа што е забава, и не поминува долго време пред ситуацијата во школото да стане безнадежно изгубена.
mk
HBO
09:00
Хари Потер и редот на фениксот
Лордот Волдеморт се вратил, но малкумина сакаат да веруваат во тоа.Помина цело лето од средбата на Хари со Мрачниот господар и Хари се враќа и дознава дека заедницата на волшебниците е во неверување околу враќањето на Волдеморт. Министерот за магија верува дека директорот Дамблдор лаже, а назначен е новиот наставник за одбрана од мрачни магии. Кога курсот одобрен од министерството што го води професорот Долорес Амбриџ е неуспешен, тоа ги остава младите волшебници неподготвени да се заштитат себеси од мрачните сили што им се закануваат ним и на целата волшебничка заедница. Хермион и Рон бараат од Хари да дејствува. Среќавајќи се потајно со една мала група студенти кои се нарекуваат себеси "Војската на Дамблдор", Хари ги учи како да се бранат себеси од мрачните магии, работејќи со таен волшебнички ред кој се нарекува себеси "Редот на фениксот" за да ги подготват храбрите млади волшебници за битката што им претстои.
mk
HBO
11:15
Хари Потер и полукрвниот принц
Хари Потер се враќа во Хогвортс за својата шеста година, за да се соочи со с? поголемата опасност, што можеби ќе му биде тешко да ја совлата со својата моќ како волшебник...Додека Смртојадите, охрабрени од враќањето на Лорд Валдеморт пустошат во светот на нормалните и светот на волшебниците, Хари се сомнева дека постои нова опасност во ѕидините на Хогвортс. Дамблдор, брзајќи да го подготви Хари за претстојната последната битка, го води на опасна задача да го најде клучот за одбраните на Валдеморт. Во меѓувреме, учениците се под напад од поинаков противник, додека во нив беснеат тинејџерските хормони: пријателството на Хари си Џини Визли преминува во нешто подлабоко; Лавандер Браун ги искажува своите чувства кон Рон: Хермиона врие од љубомора... А една кутија со чоколатца, зачинети со љубовен напиток, завршува во погрешни раце. Номиниран за награда на Академијата за Најголемо достигнување во кинематографијата.
mk
HBO
13:45
Господин Пибоди и Шерман
Најпаметното куче на светот, г. Пибоди и син му Шерман ја користат својата временска машина за да одат на урнебесни авантури.Најпаметното куче на светот, г. Пибоди и син му Шерман ја користат својата временска машина за да одат на урнебесни авантури. Но, Шерман и неговата пријателка Пени со машината случајно предизвикуваат хаос во светската историја...
mk
HBO
15:20
Два билета за Марс
Сонот на Алекс да лета на Марс наскоро ќе се оствари, но тогаш тој среќава девојка која му го освојува срцето и сака да го задржи на Земјата.Алекс, кој копнее да патува во вселената, конечно ја добива својата можност благодарение на приватно финансираната програма за колонија на Марс. За време на ригорозна подготовка, тој ја запознава Дејзи (Шип) нова девојка во градот, и парот се поврзува. Кога почнуваат да се поставуваат прашања за легитимноста на програмата и иднината на цветната фарма на неговите родители, Алекс се прашува дали е полесно да се соочи со своето минато или да одлета кон ѕвездите.
mk
HBO
16:55
Биди маж
Свонси, Велс, 1994. Пет обични мажи се соочуваат со предизвикот да го вратат својот сексуален живот кога ќе се впуштат во едно од првите медицински испитувања во светот за лекот што ќе стане вијагра.Свонси, Велс, 1994. Пет обични мажи се соочуваат со предизвикот да го вратат својот сексуален живот кога ќе се впуштат во едно од првите медицински испитувања во светот за лекот што ќе стане вијагра.
mk
HBO
18:25
Вознемирен
Приказна за тинејџерка со смртоносна болест, која се вљубува во момче што сака да оди на погреби и за нивната средба со духот на еден јапонски камиказе-пилот од Втората светска војна.Анабел Котон е прекрасна и шармантна пациентка што има рак, но и голема љубов кон животот и природниот свет. Инок Бри е млад маж што се има откажано од животот, откако една несреќа ги зема животите на неговите родители. Кога и двајцата добиваат шанса да се запознаат на еден погреб, тие наоѓаат неочекуван заеднички интерес во своето уникатно гледање на светот. За Инок тоа го вклучува неговиот најдобар пријател Хироши, кој е дух на камиказе-пилот на борбен авион. За Анабел тоа вклучува восхит кон Чарлс Дарвин и интересирање за тоа како живеат другите суштества. Откако дознава за неизбежната смрт на Анабел, Инок се нуди да ? помогне своите последни денови да ги мине со иронија и со предизвикување на судбината и традицијата, па дури и на самата смрт. Како што расте нивната уникатна љубов така расте и реалноста во светот, за кој чувствуваат дека им се затвора. На смел, детски и уникатно редок начин, двајцата се соочуваат со животните предизвици. Борејќи се против болката, бесот и загубата с
mk
HBO
20:00
Тринаесет животи
Според вистинската животна приказна за спасувачката мисија на момците од пештерата Там Луанг во Тајланд откако беа заробени од големи дождови.Засновано на вистинската животна приказна што го потресе светот, "Тринаесет животи" е возбудливо сведоштво за спасувањето на младинскиот фудбалски тим од пештерата Там Луанг во Тајланд, откако момчињата останаа заробени од силен дожд и поплави. Со помош на највештите нуркачи на светот, она што следи е мачна спасувачка мисија која ја покажува храброста на највисоко ниво и ја потврдува моќта на човечкиот дух.
mk
HBO
22:25
Симпатизер
По долгиот престој во болница, Капетанот открива дека Генералот започнал да регрутира за нова воена операција.Со Парк Чан-Вук и Роберт Дауни Јуниор како извршни продуценти, и заснован на истоимениот роман на Виет Тан Нгуен, добитник на Пулицерова награда, "Симпатизер" го следи полу-францускиот, полу-виетнамски комунистички шпион познат едноставно како Капетан (Хоа Шуанде). Откако го посведочува падот на Сајгон, Капетанот започнува од почеток во Лос Анџелес со своите сонародници бегалци. Капетанот мора да ги балансира своите должности за неговиот шеф од јужновиетнамската армија и неговиот раководител од ЦИА, додека продолжува да работи тајни операции за победничката комунистичка партија во Виетнам. Оваа серија од седум дела истражува како еден човек, фатен меѓу повеќе светови, смета на својот идентитет и лојалност како сочувствителен двоен агент.
mk
HBO