TV gidas - Antradienis, 2024-05-21Dabar

00:00
Американска пита 2
Безобразни авантури на група пријатели, кои повторно се среќаваат по нивната прва година на факултет.Дружината се враќа! Сите актери од оригиналниот филм ги репризираат своите улоги на стари пријатели кои повторно се среќаваат за да организираат огромна летна забава. По нивната прва година на факултет, разделените пријатели Кевин, Џим, Оз, Финч и Стифлер изнајмуваат куќа на плажа за да го прослават своето пријателство и за да направат тоа да биде најдоброто лето во историјата. Но, како и секогаш, остварувањето на нивните соништа зависи од девојките: Вики, Мишел, Надја, Хедер и Џесика. Во едно раскалашено лето, полно со забави, незгоди и патување во камп, дружината открива дека времињата и луѓето се менуваат, но пријателството трае цел живот.
mk
HBO
01:46
Црни минути
Група млади полицајци се соочуваат со најмрачните моменти од животите обидувајќи се да фатат сериски убиец во корумпиран град во Мексиканскиот Залив.Во доцните 1970-ти, група млади полицајци предводени од поранешниот музичар кој станал детектив, Висенте Ренџел, ќе се соочат со најмрачните моменти од своите животи додека се обидуваат да фатат сериски убиец на млади девојки во корумпиран нафтен град во Мексиканскиот Залив.
mk
HBO
03:16
Напад врз Белата куќа
Додека е на турнеја во Белата куќа со својата млада ќерка, еден полицаец (Шанинг Татум) стапува во акција за да ги заштити своето дете и претседателот (Џејми Фокс) од една вооружена група паравоени.Вашингтонскиот полицаец Џон Кејл (Шанинг Татум) не ја добива својата работа од соништата во тајната служба за заштита на претседателот Џејмс Соер (Џејми Фокс). Не сакајќи да ја разочара својата ќерка со веста, тој ја носи на турнеја низ Белата куќа, но комплексот е заземен од тешко вооружена паравоена група. Сега кога Владата на нацијата паѓа во хаос, а времето истекува, Кејл е тој што мора да ги спаси претседателот, својата ќерка и земјата.
mk
HBO
05:30
Холивуд: Hа снимање
Секоја недела, "Холивуд: На снимање" оди зад сцените на три големи филма кои се во продукција, прикажувајќи снимки од снимањето и интервјуа со актери и режисери."Холивуд: На снимање" оди зад сцените и на филмскиот сет за да ви прикаже ексклузивни снимки за најновите филмови. Секоја епизода прикажува 3 нови "блокбастери" кои треба наскоро да излезат, за да ви ги даде сите информации за тоа како се прават тие филмови и кој ги прави!
mk
HBO
06:00
Војната на утрешнината
Ден, одлучен да го спаси светот за својата ќерка, се здружува со научник и со отуѓениот татко во мисија да ја промени судбината на планетата.Група временски патници од 2051 г. доаѓаат со итна порака: човештвото ја губи глобалната војна со смртоносна вонземска раса. Војниците и цивилите од сегашноста мора да бидат транспортирани во иднината и да ? се приклучат на борбата. Ден Форестер, одлучен да го спаси светот за својата млада ќерка, се здружува со еден брилијантен научник и со својот отуѓен татко во очајна мисија да ја промени судбината на планетата.
mk
HBO
08:20
Празна страница
Кога Елоиз се буди, нема сеќавања од своето минато. Нејзините пријатели, работа, семејство, нејзиниот живот: таа навистина е мистерија за себе.Кога Елоиз се буди, нема сеќавања од своето минато. Нејзините пријатели, нејзината работа, нејзиното семејство, нејзиниот живот: таа навистина е мистерија за себе. Спојувајќи неколку делчиња, Елоиз успева да го најде својот стан и нејзината работа.
mk
HBO
10:00
Теоријата на с?
"Теоријата на с?" е приказна за најбрилијантниот и најславен физичар на нашето време, Стивен Хокинг, како и за Џејн Вајлд, студентката по уметност во која се вљубил додека студирал на "Кембриџ" во.Во оваа неверојатна приказна во која играат Еди Редмејн и Фелисити Џонс, се работи за еден од најголемите живи умови на денешницата, познатиот астрофизичар Стивен Хокинг, кој се вљубува во колешката од "Кембриџ", Џејн Вајлд. Хокинг порано бил здрав и активен млад човек кој добил дијагноза за страшна болест на 21-годишна возраст. Џејн неуморно се бори заедно со него, а Стивен се занимава со неговиот најамбициозен научен потфат, проучувајќи го она што ужасно малку му останува ? времето. Заедно тие ? пркосат на реалноста, правејќи нови откритија во медицината и науката, постигнувајќи повеќе отколку што можеле да сонуваат. Филмот е заснован на мемоарот "Патување до бесконечноста: Мојот живот со Стивен" од Џејн Хокинг и во режија на добитникот на "Оскар", Џејмс Марш ("Човек на жица").
mk
HBO
12:05
Минатата недела вечерва со.
Џон Оливер, еден од најсмешните водители што се појавил на телевизиската сцена последниве години, пристигнува на ХБО со сосема ново шоу, кое нуди перспектива за разни општествени, политички и.Џон Оливер, еден од најсмешните водители што се појавил на телевизиската сцена последниве години, пристигнува на ХБО со сосема ново шоу, кое нуди перспектива за разни општествени, политички и егзистенцијални проблеми во Америка и светот.
mk
HBO
12:50
Маж на годината
Робин Вилијамс игра водител на сатирични вести кој одлучува да се кандидира за претседател и притоа се снаоѓа изненадувачки добро.Робин Вилијамс игра водител на сатирични вести кој одлучува да се кандидира за претседател и притоа се снаоѓа изненадувачки добро. Но кога ќе стане претседател поради компјутерска грешка при гласањето, тој мора да одлучи дали да ја каже вистината или да остане во Белата куќа?
mk
HBO
14:45
Таксисти
Во една ноќ, двајца таксисти наидуваат на низа патници кои на еден или друг начин влијаат врз нивните животи.Во една ноќ, двајца таксисти наидуваат на низа патници кои на еден или друг начин влијаат врз нивните животи.
mk
HBO
16:20
Украдена долина
Лупе, мексикански Навахо механичар се здружува со одметната каубојка за да ? помогне да ја спаси нејзината мајка на умирање.Филмот се врти околу Лупе (Коварубиас), мексикански Навахо механичар, кој се здружува со одметната каубојка (Хеткоут) за да ? помогне да ја спаси нејзината мајка на умирање. На пат, тие поминуваат низ пустина, ги надитруваат криминалците и налетуваат на корумпиран земјопоседник.
51%
mk
HBO
18:05
Случајот Голдман
Филмот го прикажува судењето на векот, кое ја подели целата земја и го зголеми јазот меѓу конзервативната десница и левичарските интелектуалци.Во 1975 година се одржува судењето на Пјер Голдман, жестока и контроверзна фигура на револуционерниот левичарски активизам. Виновен за бројни обвиненија, сепак самиот се прогласува за невин во обвинението за двојно убиство. Дваесет години пред случајот О.Џ. Симпсон, судењето на Голдман ги одразува политичките, идеолошките и расните тензии што ги одбележаа 1970-тите во Франција и Европа. Тогаш се сметаше за судење на векот, ја подели целата земја и го зголеми јазот меѓу конзервативната десница и левичарските интелектуалци.
mk
HBO
20:00
Баксуз: Животот и умирањата.
Боб сведочи за својата верзија за настаните, но при вкрстеното испрашување сфаќа дека обвинителот Левин е подобро подготвен отколку што очекувал."Баксуз II" новото продолжение од шест епизоди на револуционерната документарна серија "Баксуз: Животот и смртта на Роберт Дурст", наградена со Еми, од познатиот режисер Ендру Јарецки, кој дебитираше на HBO во 2015 година. Во вториот дел, филмографите продолжуваат со истрагата во следните осум години, откривајќи скриен материјал, повиците на Дурст во затвор и интервјуа со сведоци кои досега не истапиле.
mk
HBO
20:55
Куќата на змејот
Дејмон и Корлис "Си Снејк" водат битка со Крабфидер. Кралството го слави вториот именден на Ејгон. Ренира се соочува со можноста за брак.Дејмон и Корлис "Си Снејк" водат битка со Крабфидер. Кралството го слави вториот именден на Ејгон. Ренира се соочува со можноста за брак.
mk
HBO
21:55
Куќата на змејот
Откако Ренира ја прекинува својата тура низ Вестерос, Дејмон ја запознава принцезата со Улицата на свилата откако се стемнува.Откако Ренира ја прекинува својата тура низ Вестерос, Дејмон ја запознава принцезата со Улицата на свилата откако се стемнува.
mk
HBO
23:00
Генерациски романтични средби
Меги, разведена мајка, се впушта во светот на романтични состаноци со помош на Мајкл, самохран татко на еден од пријателите на нејзиниот син.Меги, разведена мајка, се впушта во светот на романтични состаноци со помош на Мајкл, самохран татко на еден од пријателите на нејзиниот син, додека нејзината ќерка тинејџерка и мајка, исто така, се впуштаат во свои романси.
mk
HBO

TV gidas - Trečiadienis, 2024-05-22

00:30
Американска свадба
Стифлер и групата се соочуваат со непријатности, диви ергенски забави и нови искушенија кога се поканети на свадбата на Џим и Мишел.Стифлер и остатокот од групата се соочуваат со непријатности, диви ергенски забави и нови искушенија додека се обидуваат да ја направат успешна свадбата на Џим и Мишел. Дали групата ќе може да ги надмине пречките и да стигне до олтарот?
mk
HBO
02:10
Метеж во затворскиот блок 99
Бивш боксер завршува зад решетки по неуспешен пренос на дрога и е принуден да врши брутални насилства за да го преживее бојното поле во затворот.Без работа и со проблематичен брак, поранешниот боксер (Винс Вон) почнува да работи како курир за дрога за да ја обезбеди својата сопруга (Џенифер Карпентер). Неговата среќа се подобрува, с? додека преносот на дрога не тргне наопаку и жестока престрелка не го доведе зад решетки, каде што е принуден да врши с? побрутални насилства за да го преживее бојното поле во затворот и да ги заштити оние што ги сака. Сценарист и режија на "Метеж во затворскиот блок 99" е С. Крег Залер, познатиот сценарист/режисер зад "Коскениот томахавк".
mk
HBO
04:25
Роботи
Чарлс е женкар додека Елејн е повеќе по парите. Двојката учи за хуманоста кога се здружуваат и ги следат своите роботи двојници.Во блиска иднина, роботите се пренасочени да вршат обични и физички работи, но се исклучени од тоа да изгледаат како луѓето од страв да не ги заменат. Чарлс е женкар кој тајно го користи роботот реплика за да има романтични средби со жени додека тој игра видеоигри и? ги жнее плодовите. Еден ден ја запознава Елејн на лизгалиште и се вљубува. Тој го користи својот робот Ц2 за да ја привлече. Но тој не знае дека Елејн има свој робот реплика Е2 и го користи за да привлече богати мажи и да ? ги жнее плодовите. За жал на двајцата измамници, нивите роботи се запознаваат, се вљубуваат и бегаат кон мексиканската граница за да живеат на слобода. Елејн и Чарлс мора да се здружат и да ги сопрат пред нивните тајни да излезат на виделина.
mk
HBO
06:00
Љубов во кафулето
Додека животот на Џејн излегува од контрола, таа наоѓа нова надеж и нова љубов во локалното кафуле.Џејн Петерсон, директорка за маркетинг во голем град, ги губи работата и момчето во ист ден. Налутена, таа ветува дека ќе го напушти градот засекогаш. Сепак, пред да го стори тоа, наидува на згоден и шармантен шанкер во локалното кафуле. Додека таа повторно го открива градот со него, изглед како нешто да зоврива!
mk
HBO
07:30
Хотел Синестра
За време на зимскиот одмор во швајцарскиот хотел Синестра, 11-годишната Ава се наоѓа себеси како посакува нејзините заштитнички родители да ги снема.За време на зимскиот одмор во швајцарскиот хотел Синестра, 11-годишната Ава се наоѓа себеси како посакува нејзините премногу заштитнички родители само да ги снема. Следното утро на појадок, сите возрасни одеднаш исчезнуваат. И така започнува забавата: децата можат да прават што сакаат! Предводени од неверојатно детинесто момче Јонас, тие малку се занесуваат и се појавува опасна ситуација што предизвикува целиот хотел да биде обвиен во мрак. Ава и нејзините нови пријатели тргнуваат во потрага да ги најдат своите родители среде голема снежна бура за да можат заедно да го прослават Божиќ.
mk
HBO
09:00
Хари Потер и даровите на.
Хари, Рон и Хермиона ги бараат делчињата од душата на Волдеморт кои тој ги одделил од своето битие и ги скрил на тајни локации.Во првиот дел од седмата и последна авантура, Хари, Рон и Хермиона тргнуваат на опасна мисија за да ја најдат и уништат тајната за бесмртноста и уништувањето на Волдеморт - Хоркрукс. Тројцата пријатели кои сега се сами, без помош од своите професори и без заштитата од Дамблдор, мораат да се потпрат еден на друг повеќе од кога било. Но, меѓу нив постојат мрачни сили кои се закануваат да ги разделат. Во меѓувреме, светот на волшебниците станува опасно место за сите непријатели на Мрачниот Господар. Војната од која долго време се стравуваше започна и "Смртојадите" на Волдеморт презедоа контрола врз Министерството за магија, па дури и врз "Хогвортс", тероризирајќи ги и апсејќи ги сите кои може да им се спротивстават. Но, она што уште го бараат е она што е највредно за Волдеморт: Хари Потер. "Избраниот" станува цел на ловот додека "Смртојадите" го бараат Хари и имаат наредби да го донесат кај Волдеморт... жив. Единствената надеж на Хари е да го најде Хоркрукс пред Волдемортда. Но, додека бара траги, тој открива една стара и речиси заборавена приказна - легендата за "Даровите на смртта". И доколку легендата излезе дека е вистинита, таа може да му ја даде на Волдеморт големата моќ која тој ја бара. Хари не е свесен дека неговата иднина веќе е определена од неговото минато кога на тој судбоносен ден, тој станува "Момчето кое преживеа". Хари Потер повеќе не е само момче и тој с? повеќе се доближува до задачата за која се подготвуваше од првиот ден на "Хогвортс", последната битка со Волдеморт.
mk
HBO
11:25
Хари Потер и даровите на.
Хари, Рон и Хермиона се подготвуваат за финална битка со Волдеморт, кој е решен да го уништи Хари.Филмскиот настан на генерацијата завршува во вториот дел од последното поглавје на монументалниот серијал "Хари Потер". Во последниот предизвик меѓу ѕидовите на училиштето за вештерство и волшебништво "Хогвортс", Хари Потер и неговите пријатели Рон и Хермиона се соочуваат со нивниот најголем непријател и ја прават најголемата жртва на епското патување што го започна бестселер-авторката Џ.К. Роулинг пред повеќе од една деценија. Во епското финале, борбата меѓу силите на доброто и злото во светот на волшебниците ескалира во целосна војна. Влоговите никогаш не биле повисоки и никој не е безбеден. Можеби Хари Потер ќе биде повикан да ја направи најголемата жртва додека се приближува кон последната пресметка со Лорд Волдеморт. С? завршува тука.
mk
HBO
13:35
Бубамара
"Бубамара" ја раскажува приказната за Кристин "Бубамара" Мекферсон, тинејџерка со силна волја од погрешната страна на патеката.По сценарио и режија на Грета Гервиг и со извонредни изведби на Сорси Ронан и Лори Меткалф, "Бубамара" ја раскажува приказната за Кристин "Бубамара" Мекферсон (Ронан), тинејџерка со силна волја од погрешната страна на патеката, која се судира со нејзината борбена, но сепак сакана мајка (Меткалф) додека сонува да го напушти својот здодевен роден град за да оди на колеџ во Њујорк. Сместена во Сакраменто, Калифорнија во 2002 година, оваа смешна и трогателна приказна за станување возрасен ја следи Бубамара додека ги доживува подемите и падовите на новата зрелост, сето тоа додека се справува со нејзината бурна врска со мајка ?.
mk
HBO
15:10
Повторно љубов
Една жена праќа романтични пораки на стариот телефон на нејзиното починато момче и не знаејќи создава врска со новиот сопственик на бројот.Пријанка Чопра, Сем Хјуган и Селин Дион играат во оваа романтична комедија каде што една жена се обидува да ја надмине смртта на нејзиното момче праќајќи пораки на неговиот стар телефон, при што не знаејќи создава врска со новиот сопственик на бројот.
mk
HBO
16:55
Дијада
Дида сонува за нов живот со мајка ? во Њујорк, но се сочува со хаос кога страшно откритие ќе ? ги наруши плановите за евтин билет до Њујорк.Животот на бунтовничката Дида е обележан со несигурни услови, насилство и огромни проблеми на училиште. Но таа има сон: нов живот со мајка ?, која живее во САД. Евтиниот билет за Њујорк станува нејзина опсесија и Дида се бори со сите сили за секој цент. Но едно сурово откритие го фрла животот на Дида во хаос, а болката ја наведува на незамислив чин.
mk
HBO
18:25
7500
Копилотот Тобајас Елис се мачи да ги спаси животите на патниците и екипажот откако група терористи упаѓа во кабината на летот од Берлин до Париз.Смирениот американски копилот Тобајас Елис се мачи да ги спаси животите на патниците и екипажот откако група терористи, вклучувајќи го 18-годишниот Ведат, упаѓа во кабината на неговиот Ербас А319 за време на летот од Берлин до Париз. Вратата на кабината станува бојно поле и Тобајас станува арбитер на животот и смртта, создавајќи изненадувачка врска со еден од грабнувачите.
mk
HBO
20:00
Самарјанин
Младо момче оди да открие дали митскиот херој кој го чуваше неговото соседство - и кој исчезна 20 години порано по трагичен настан - е с? уште жив.Со Силвестер Сталоне во главната улога, "Самарјанин" следи едно младо момче (Џејвон "Вона" Волтон) за да открие дали митскиот херој (Сталоне) кој го чуваше неговото соседство - и кој исчезна 20 години порано по трагичен настан - с? уште е жив. Заснован на графичкиот роман на Браги Ф. Шат, а во режија на Џулиус Ејвери, овој жесток трилер е имагинативно ново сфаќање на жанрот на акционен херој.
mk
HBO
21:40
Симпатизер
Убеден дека планот на Генералот е осуден на неуспех, Капетанот бара начини да ја разоткрие воената операција и да го спаси Бон.Убеден дека планот на Генералот е осуден на неуспех, Капетанот ја поставува својата мисија да го следи финансирањето на Генералот и му се додворува на конгресменот. Неговиот очај расте додека бара начини да ја разоткрие воената операција и да ја постигне својата крајна цел: да го спаси Бон.
mk
HBO
22:40
Гневот на Беки
Две години откако се спасува од насилен напад врз нејзиното семејство, Беки мора да му се спротивстави на лидерот на фашистичка организација.Две години откако се спасува од насилен напад врз нејзиното семејство, Беки се обидува да го обнови својот живот под грижа на постара и мила жена по име Елена. Но кога група позната како "Благородните мажи" упаѓа во нивниот дом, ги напаѓа и го зема нејзиното сакано куче Диего, Беки мора да се врати на старите начини да се заштити себеси и своите најблиски.
mk
HBO