Guía de TV - jueves, 09/05/24Ahora

00:10
Невидливиот човек
Откритието на еден брилијантен научник го прави невидлив, но го претвора во семоќен, опасен мегаломан.Откритието на еден брилијантен научник го прави невидлив, но го претвора во семоќен, опасен мегаломан.
mk
HBO
02:01
Соба за паника
Мег Алтман и нејзината мала ќерка Сара се преселуваат во њујоршки стан опремен со соба за паника, несвесни за тоа колку брзо ќе им затреба.Новоразведената Мег Алтман и нејзината мала ќерка Сара се преселуваат во њујоршки стан опремен со соба за паника; скриена просторија изградена како светилиште во случај на несакани "посетители", несвесни за тоа колку брзо ќе им затреба.
mk
HBO
03:52
Облог на векот
Засновано на вистинската приказна за четворица аутсајдери кои го виделе тоа што големите банки, медиуми и владата одбиле да го направат, глобалниот колапс на економијата.Засновано на вистинската приказна за четворица аутсајдери кои го виделе тоа што големите банки, медиуми и владата одбиле да го направат, глобалниот колапс на економијата.
mk
HBO
06:01
СИ ЏЕЈ 7
Животите на еден сиромашен татко работник и на син му се менуваат кога еден фасцинантен и чуден миленик влегува во нивниот свет.Ти е сиромашен градежен работник кој многу се мачи за да се осигури дека неговиот млад син Дики ќе остане запишан во ексклузивно приватно школо. Но иако Ти прави се што е можно за да му ги даде на син му можностите што тој никогаш ги немал, Дики се уште се чувствува како отпадник од школото поради неговите изветвени алишта и поради тоа што ги нема најновите играчки. Еден ден , Ти открива мистериозна сфера и му ја носи директно на Дики. Иако отпрвин "СИ ЏЕЈ 7" изгледа како нешто чудно и необјасниво, се покажува дека е нешто многу повеќе откако младото момче започнува да си игра со него. Тоа не е вообичаена акциска играчка, туку живо "милениче" со невообичаени моќи. Дики го носи СИ ЏЕЈ 7 во школо со цел да го покаже и да има малку забава. Но СИ ЏЕЈ 7 си има свои идеи за тоа што е забава, и не поминува долго време пред ситуацијата во школото да стане безнадежно изгубена.
mk
HBO
07:31
Мојата љубовна афера со бракот
Уште од рана возраст, песните и бајките ја убедиле Зелма дека љубовта ќе ? ги реши сите проблеми.Уште од рана возраст, песните и бајките ја убедиле Зелма дека љубовта ќе ? ги реши сите проблеми с? додека таа ги почитува општествените очекувања за тоа како треба да постапува една девојка. Приказна за прифаќањето на внатрешниот женски бунт.
mk
HBO
09:17
Холивуд: снимање
Секоја недела, "Холивуд: На снимање" оди зад сцените на три големи филма кои се во продукција, прикажувајќи снимки од снимањето и интервјуа со актери и режисери."Холивуд: На снимање" оди зад сцените и на филмскиот сет за да ви прикаже ексклузивни снимки за најновите филмови. Секоја епизода прикажува 3 нови "блокбастери" кои треба наскоро да излезат, за да ви ги даде сите информации за тоа како се прават тие филмови и кој ги прави!
mk
HBO
09:42
Божиќна искра
Скорешната вдовица Моли сметајќи дека нема пак да најде љубов, ја посетува својата ќерка за Божиќ, не знаејќи каква празнична магија ? се подготвува.Скорешната вдовица Моли ја изгубила желбата за живот и се откажала повторно да најде љубов. Но кога ќе одлучи да ја посети својата ќерка за Божиќ, таа нема поим каква празнична магија ? се подготвува. Како поранешна наставничка по драма, Моли неволно ја презема работата да го води градскиот божиќен натпревар за убавина и набрзо се вљубува во водителот Хенк, најподобниот ерген во градот. Додека Моли и нескротливиот Хенк се вљубуваат, таа повторно го открива својот внатрешен слободен дух и наоѓа нова смисла во животот.
mk
HBO
11:10
Гран Туризмо
Приказна за исполнување на желбата на еден тинејџер играч на Гран Туризмо чии играчки вештини го водат до тоа да стане вистински професионален возач.Нил Бломкамп (Област 9) ја режира оваа неверојатна вистинска приказна за Јан Марденборо, играч на видеоигри од работничката класа чии вештини на тркачкиот симулатор Гран Туризмо го наведуваат да стане вистински професионален возач на тркачки автомобили. Заедно со тим од необични аутсајдери, неуспешниот поранешен возач на тркачки автомобили Џек Салтер (Дејвид Харбор) и идеалистичкиот директор на мотоспортот Дени Мур (Орландо Блум), ризикуваат с? за да учествуваат во најелитниот спорт на светот.
mk
HBO
13:22
2012
Еден академски истражувач води група луѓе во борба да ги спречат апокалиптичните настани што биле предвидени од календарот на Маите.Никогаш немало датум толку важен за толку култури, толку религии, научници и влади. Од режисерот Роланд Емерих - познат по неговите летни блокбастери "Ден на независноста", "Годзила" и "По утрешниот ден" - 2012 е епска авантура за глобална катаклизма што доведува до крај на светот како што го знаеме и херојската борба на преживеаните.
mk
HBO
15:56
Кралот на Стејтен Ајленд
Џад Апатоу ја режира оваа комедија за еден адолесцент кој по смртта на татко му постојано избегнува каква било одговорност.Џад Апатоу ("40-годишна девица") ја режира комедијата со Пит Дејвидсон во улогата на Скот, џаболебар кој с? уште живее со мајка си. Уште од смртта на татко му кој бил пожарникар, Скот ги троши своите денови во пушење трева и во сонот да стане уметник за тетоважи. Но, кога мајка му почнува да излегува со еден друг пожарникар, определени настани го присилуваат да се соочи со својата болка и да ги преземе првите чекори во животот.
mk
HBO
18:12
Состојба на умот
Д-р Стоун третира тројца различни пациенти со параноична шизофренија кои веруваат дека се Исус Христос. Ги поврзува тројцата.Д-р Алан Стоун го нашол Исус трипати. Стоун е психијатар што е задолжен да третира тројца различни пациенти со параноична шизофренија кои веруваат дека се Исус Христос. Стоун ги поврзува тројцата, ги соочува со нивните спротивставени тврдења и ги наведува да создадат уникатна група за поддршка. Додека овие мажи се борат со негирањето на нивните уверувања од страна на Стоун, тие се с? поблиску до тоа да се видат себеси во ново светло. Во филмот игра неверојатна актерска екипа што доби повеќе награди и е во продукција на тимот зад филмовите "Црниот лебед" и "Лав". Филмот се заснова на фасцинантната вистинита психолошка студија раскажана во книгата "Трите Христоси на Ипсиланти".
mk
HBO
20:01
Таксисти
Во една ноќ, двајца таксисти наидуваат на низа патници кои на еден или друг начин влијаат врз нивните животи.Во една ноќ, двајца таксисти наидуваат на низа патници кои на еден или друг начин влијаат врз нивните животи.
mk
HBO
21:36
Бомбашкиот напад во Америка:.
Истражување на подемот на антивладините чувства и домашниот тероризам низ објективот на бомбашкиот напад во Оклахома Сити во 1995 година.Во 1995 година, Американецот Тимоти Меквеј активираше камион-бомба пред федералната зграда Алфред П. Мара, при што загинаа 168 луѓе, вклучувајќи и 19 деца. Режиран од Марк Левин, добитник на Еми (Стоктон во мојот ум на HBO), "Бомбашкиот напад во Америка: Патот до 19 април" го истражува напливот на домашно политичко насилство низ објективот на бомбашкиот напад во Оклахома Сити, трагајќи по корените на антивладините чувства и неговите одеци денес. Заедно со емоционалните предупредувања на оние кои претрпеа трагични загуби во најсмртоносниот домашен напад во историјата на САД, филмот го поврзува Меквеј со идеологијата на поголемото екстремистичко движење, додека се запрашува за лекциите научени од минатите акти на домашен тероризам и служи како суштински повик за будење.
mk
HBO
23:20
Рехабилитација во Синанон:.
Бившиот алкохоличар Чак Дедерик основа контроверзна програма за рехабилитација од дрога која наскоро прераснува во широко социјално движење.Закрепнатиот алкохоличар Чак Дедерик отвора програма за рехабилитација од дрога, која добива следбеници преку нејзиниот пристап на конфронтирачки разговор-терапија. Бидејќи програмата привлекува луѓе кои не се зависници и славни следбеници, Синанон прераснува во социјално движење кое брзо се шири низ целата земја.
mk
HBO

Guía de TV - viernes, 10/05/24

00:22
Црни минути
Група млади полицајци се соочуваат со најмрачните моменти од животите обидувајќи се да фатат сериски убиец во корумпиран град во Мексиканскиот Залив.Во доцните 1970-ти, група млади полицајци предводени од поранешниот музичар кој станал детектив, Висенте Ренџел, ќе се соочат со најмрачните моменти од своите животи додека се обидуваат да фатат сериски убиец на млади девојки во корумпиран нафтен град во Мексиканскиот Залив.
mk
HBO
01:51
Биди маж
Свонси, Велс, 1994. Пет обични мажи се соочуваат со предизвикот да го вратат својот сексуален живот кога ќе се впуштат во едно од првите медицински испитувања во светот за лекот што ќе стане вијагра.Свонси, Велс, 1994. Пет обични мажи се соочуваат со предизвикот да го вратат својот сексуален живот кога ќе се впуштат во едно од првите медицински испитувања во светот за лекот што ќе стане вијагра.
mk
HBO
03:21
Кул момчиња
Двајца меѓусебно зависни средношколци сакаат да фатат девојки пред да дипломираат и да заминат на различни факултети, но по катастрофалната ноќ, надминувањето на нивната вознемиреност од разделување.Двајца меѓусебно зависни средношколци сакаат да фатат девојки пред да дипломираат и да заминат на различни факултети, но по катастрофалната ноќ, надминувањето на нивната вознемиреност од разделување станува поголем предизвик од запознавањето девојки.
mk
HBO
05:12
Убиството на Грејс Милејн
Аналитичар за говор на тело, лингвистички експерт и форензички психолог темелно го разгледуваат главниот осомничен за убиството на Грејс Милејн.Кога телото на Британката Грејс Милејн беше откриено во плиток гроб, Џеси Кемпсон беше главниот осомничен. Користејќи полициски снимки од интервјуата, аналитичар за говор на тело, лингвистички експерт и форензички психолог темелно ги разгледуваат неговите зборови и активности.
mk
HBO
06:01
Теоријата на с?
"Теоријата на с?" е приказна за најбрилијантниот и најславен физичар на нашето време, Стивен Хокинг, како и за Џејн Вајлд, студентката по уметност во која се вљубил додека студирал на "Кембриџ" во.Во оваа неверојатна приказна во која играат Еди Редмејн и Фелисити Џонс, се работи за еден од најголемите живи умови на денешницата, познатиот астрофизичар Стивен Хокинг, кој се вљубува во колешката од "Кембриџ", Џејн Вајлд. Хокинг порано бил здрав и активен млад човек кој добил дијагноза за страшна болест на 21-годишна возраст. Џејн неуморно се бори заедно со него, а Стивен се занимава со неговиот најамбициозен научен потфат, проучувајќи го она што ужасно малку му останува ? времето. Заедно тие ? пркосат на реалноста, правејќи нови откритија во медицината и науката, постигнувајќи повеќе отколку што можеле да сонуваат. Филмот е заснован на мемоарот "Патување до бесконечноста: Мојот живот со Стивен" од Џејн Хокинг и во режија на добитникот на "Оскар", Џејмс Марш ("Човек на жица").
mk
HBO
08:03
Холивуд: Hа снимање
Секоја недела, "Холивуд: На снимање" оди зад сцените на три големи филма кои се во продукција, прикажувајќи снимки од снимањето и интервјуа со актери и режисери."Холивуд: На снимање" оди зад сцените и на филмскиот сет за да ви прикаже ексклузивни снимки за најновите филмови. Секоја епизода прикажува 3 нови "блокбастери" кои треба наскоро да излезат, за да ви ги даде сите информации за тоа како се прават тие филмови и кој ги прави!
mk
HBO
08:31
(Не)славниот Јусеф Салем
Јусеф се соочува со вистинската цена на успехот кога добива престижна книжевна награда и од губитник станува најпродаван автор во Париз.Јусеф Салем е неуспешен писател и неуморен заводник. Наспроти сите шанси, неговата нова книга, лажна автобиографска приказна за неговото дисфункционално семејство, сексуалните авантури и социјални алкохолни тенденции, добива престижна книжевна награда. Преку ноќ, тој од вечен губитник станува најпродаваниот автор за кој најмногу се зборува во Париз, што го доведува во незгодна позиција да мора да ја крие книгата од своите родители. Борејќи се меѓу остварувањето на својот сон и тежината на судот на неговото семејство и заедницата, Јусеф ќе мора за првпат да се соочи со вистинската цена на успехот.
mk
HBO
10:06
Лига на правдата и РУБИ:.
Лигата на правдата се соочува со нов ужас - адолесценцијата!Лигата на правдата се соочува со нов ужас - адолесценцијата! Кога Супермен и бандата ќе се најдат како тинејџери во непознатиот свет на Вејл, тие мора да се здружат со некои познати лица од аниме феноменот РУБИ на "Рустер Тит" за да откријат каде се... и како да се вратат дома.
mk
HBO
11:27
Слатка љубов
Дру го наоѓа своето срце заглавено помеѓу желбите на неговото семејство и шансата за љубов.Откако наследува големо земјиште, градското момче Дру посетува мал град со планови да започне развој на домови во низа, но тој брзо се вљубува во Кејт, сопственичка на мала продавница за пити чиј бизнис ќе биде директно погоден од изградбата. Дру го наоѓа своето срце заглавено помеѓу желбите на неговото семејство и шансата за љубов.
mk
HBO
12:51
Секогаш љубов
Елизабет не сака премногу да работи со Бен, консултант во ресторан кој е повикан да го задржи отворен ресторанот на нејзиниот покоен бивш сопруг.Елизабет не сака премногу да работи со Бен, консултант во ресторан кој е повикан да го задржи отворен ресторанот на нејзиниот покоен бивш сопруг. Но наскоро таа ќе открие дека промените можат да бидат добри и дека секогаш може одново да се најде љубовта.
mk
HBO
14:16
Авантурите на готвачот Џек
Откако греши со рецептот, готвачот Џек мора да си ја врати репутацијата. Но мора да научи да работи во тим заедно со готвачот почетник, Леонард.Откако направил погрешен рецепт и видел дека неговата репутација драстично паѓа, Џек, готвач кој ги истражува четирите страни на светот во потрага по состојки за неговите јадења, се обидува да се врати на врвот во кулинарски натпревар. Но за тоа мора да научи да работи во тим кога ќе му се придружи готвачот почетник, Леонард.
mk
HBO
15:37
Чудесниот Спајдермен 2
За Питер Паркер нема ништо подобро од висењето од облакодери и дружењето со Гвен. Но, да се биде Човек-пајак си има своја цена.Отсекогаш знаевме дека најбитната борба на Човекот-пајак е онаа со самиот себе, борбата помеѓу обичните обврски на Питер Паркер и необичните одговорности на Човекот-пајак. Но, во "Неверојатниот Човек-пајак 2", Питер Паркер дознава дека му претстои многу поголем конфликт. Одлично е да се биде Човек-пајак. За Питер Паркер, нема подобро чувство од висењето од облакодери, прифаќањето на улогата на херој и дружењето со Гвен. Но, да се биде Човек-пајак си има цена. Само Човекот-пајак може да ги заштити њујорчани од негативците кои му се закануваат на градот. Со појавата на Електро, Питер мора да се соочи со непријател кој е многу помоќен од него. А кога се враќа неговиот стар пријател Хери Озборн, Питер сфаќа дека сите негови непријатели имаат една заедничка работа, "Озкорп".
mk
HBO
17:57
Холивуд: Hа снимање
Секоја недела, "Холивуд: На снимање" оди зад сцените на три големи филма кои се во продукција, прикажувајќи снимки од снимањето и интервјуа со актери и режисери."Холивуд: На снимање" оди зад сцените и на филмскиот сет за да ви прикаже ексклузивни снимки за најновите филмови. Секоја епизода прикажува 3 нови "блокбастери" кои треба наскоро да излезат, за да ви ги даде сите информации за тоа како се прават тие филмови и кој ги прави!
mk
HBO
18:27
Роботи
Чарлс е женкар додека Елејн е повеќе по парите. Двојката учи за хуманоста кога се здружуваат и ги следат своите роботи двојници.Во блиска иднина, роботите се пренасочени да вршат обични и физички работи, но се исклучени од тоа да изгледаат како луѓето од страв да не ги заменат. Чарлс е женкар кој тајно го користи роботот реплика за да има романтични средби со жени додека тој игра видеоигри и? ги жнее плодовите. Еден ден ја запознава Елејн на лизгалиште и се вљубува. Тој го користи својот робот Ц2 за да ја привлече. Но тој не знае дека Елејн има свој робот реплика Е2 и го користи за да привлече богати мажи и да ? ги жнее плодовите. За жал на двајцата измамници, нивите роботи се запознаваат, се вљубуваат и бегаат кон мексиканската граница за да живеат на слобода. Елејн и Чарлс мора да се здружат и да ги сопрат пред нивните тајни да излезат на виделина.
mk
HBO
20:01
Украдена долина
Лупе, мексикански Навахо механичар се здружува со одметната каубојка за да ? помогне да ја спаси нејзината мајка на умирање.Филмот се врти околу Лупе (Коварубиас), мексикански Навахо механичар, кој се здружува со одметната каубојка (Хеткоут) за да ? помогне да ја спаси нејзината мајка на умирање. На пат, тие поминуваат низ пустина, ги надитруваат криминалците и налетуваат на корумпиран земјопоседник.
mk
HBO
21:45
Американска пита 2
Безобразни авантури на група пријатели, кои повторно се среќаваат по нивната прва година на факултет.Дружината се враќа! Сите актери од оригиналниот филм ги репризираат своите улоги на стари пријатели кои повторно се среќаваат за да организираат огромна летна забава. По нивната прва година на факултет, разделените пријатели Кевин, Џим, Оз, Финч и Стифлер изнајмуваат куќа на плажа за да го прослават своето пријателство и за да направат тоа да биде најдоброто лето во историјата. Но, како и секогаш, остварувањето на нивните соништа зависи од девојките: Вики, Мишел, Надја, Хедер и Џесика. Во едно раскалашено лето, полно со забави, незгоди и патување во камп, дружината открива дека времињата и луѓето се менуваат, но пријателството трае цел живот.
mk
HBO