Cinemax

Cinemax

Cinemax, mainstream kanal, nudi američke i svetske naslove, Cinemax originalne serije i nove američke serije, kao i dinamične drame i komedije, sa fokusom na akcijski, avanturistički, krimi, horor, fantastični i naučno-fantastični sadržaj. Svaki dan u nedelji posvećen je određenom tipu sadržaja. Nedeljom su na rasporedu glavne filmske premijere. Subota donosi Cinemax originalnu produkciju i nove serije. Petak je posvećen selekciji kultnih ostvarenja i horor filmova dok se sreda fokusira na drame i trilere.

Serbia

TV-gids - dinsdag, 14-05-24Nu

01:20
Американски колеж
Група затворени деца се приклучуваат на програмата за грижа за стари лица и откриваат владин заговор кој ги загрозува и младите и старите.Откако гувернерот издава наредба за апсење на децата на имигрантите без документи, ним им се нуди можност за отфрлање на обвиненијата ако волонтерски се грижат за старите лица. Но страшен заговор ги загрозува сите во оваа извртена трилер-комедија.
mk
03:05
Ова место
Љубовна приказна за две млади жени - едната е половина Иранка и половина Мохавка, а другата е Тамилка - кои живеат во Торонто.Што значи да припаѓаш на некое место, племе, семејство? Две жени - едната Тамилка, другата половина Мохавка, половина Иранка - бараат одговори на овие прашања и колку повеќе се среќаваат, го истражуваат градот Торонто, толку повеќе тие се вљубуваат. Малаи и нејзиниот постар брат се справуваат со алкохоличарското минато на нивниот тешко болен татко, дури и кога тој се обидува повторно да се поврзе со нив. Самиот Торонто е град со најголем диверзитет на светот, давајќи живописна сцена за приказните на овие жени.
mk
04:35
Под усвитеното сонце
Макс се бори да создаде дива градина во срцето на Марсеј. По долгогодишно одбивање, тој влегува на конкурсот за архитектура со својот проект.Макс не сонува да прави зелени ѕидови за хотели со пет ѕвезди. Принципиелниот дизајнер на градини, посветен, но втеран во аголот, се бори да создаде дива градина, без ограда, во срцето на центарот на Марсеј: зелена област отворена за сите. По долгогодишно одбивање, неговиот проект стигнува до последната фаза на конкурсот за архитектура. За Макс ова е последна шанса да им понуди кислород на луѓето кои се душат во градскиот пекол, под усвитеното сонце.
mk
06:01
Оливер и базенот
Оливер е 13-годишен син единец кој пристигнува дома од крематориумот и по цел ден седи до базенот, држејќи ја пепелта на татко му.Оливер е 13-годишен син единец кој пристигнува дома од крематориумот и по цел ден седи до базенот, држејќи ја пепелта на татко му. Таму Оливер учи да простува и ја враќа својата волја за потрага по среќа.
mk
07:40
Жена за мене
Андреа ќе се жени со Лаура. Сомнежите му го менуваат животот на Андреа кој секој ден се буди во различна реалност во која Лаура не му е партнерка.Што ако можете да ги отстраните сите сомнежи пред да ја донесете најважната одлука во животот? Што ако можете да живеете следејќи ги вашите најдлабоки желби? Тоа ќе му се случи на Андреа, 30-годишен маж во пресрет на неговата венчавка со Лаура.
mk
09:25
Хана и нејзините сестри
Три сестри се соочуваат со љубовта и со семејните врски. Миа Фароу и Мајкл Кејн се во главни улоги како маж и жена. Барбара Херши игра сестра на Миа, која има афера со Кејн.Менхетенскиот мозаик на Вуди Ален, "ХАНА И НЕЈЗИНИТЕ СЕСТРИ" ги разгледува животот, љубовта и неверството во еден тесно сплетен клан артисти. Хана (Миа Фароу) регуларно се среќава со нејзините сестри Холи (Дијана Вист) и Ли (Барбара Херши) за да зборуваат за настаните во тековната недела. Тоа што не си го кажуваат, ги развива сите заднински заплети во филмот. Хана е омажена за сметководителот и финансиски планер Елиот (Мајкл Кејн), кој с? уште е вљубен во Ли, која пак живее со егоцентричниот артист од Сохо, Фредерик (Макс вон Сидов). Во меѓувреме, Холи, невротична актерка и вечен губитник во љубовта, оди со ТВ-продуцентот Мики (Вуди Ален), кој порано бил оженет со Хана и во поголемиот дел од филмот е убеден дека ќе умре. Филмот започнува и завршува за време на традиционалната семејна вечера на Денот на благодарноста, снимен во вистинскиот дом на Миа Фароу во Њујорк.
mk
11:11
Помеѓу нас
Приказна за изборот помеѓу саканите и моралот кога нема друга опција. Двата главни лика во филмот се принудени да го направат овој избор.Филмот ги покренува темите за семејното насилство и недостатоците на судскиот систем. Приказна за изборот што треба да се направи помеѓу саканите и моралот кога нема друга опција. Двата главни лика на филмот - Саша и Ања се принудени да го направат овој избор: Саша во однос на сопствениот сопруг и Ања - во однос на нејзиниот син. Драмата на ситуацијата се засилува кога ќе се најдат вмешани во криминал.
mk
13:00
Волкот и кучето
Ана е родена на остров управуван од религија и традиции. Спријателувајќи се со Луис и Клое, Ана тргнува на патување исполнето со нови желби.Ана е родена во Сао Мигел, остров среде Атлантскиот Океан управуван од религија и традиции. Растејќи како средно дете на тричлено семејство со мајка ? и баба ?, Ана сфаќа дека на девојчињата и на момчињата им се даваат различни задачи дома. Преку нејзиното пријателство со Луис, нејзиниот најдобар пријател квир, кој ги сака фустаните колку и панталоните, Ана го доведува во прашање светот што ? е ветен. Кога нејзината пријателка Клое пристигнува од Канада носејќи ги со себе блескавите денови на младоста, Ана тргнува на патување кое ќе ја однесе зад хоризонтот.
5%
mk
14:50
Возвишено
Во крајбрежно гратче, тинејџерот Мануел ги минува деновите дружејќи се со девојката и свирејќи во рок бенд со најдобриот другар, Фелипе.Мануел (16) живее во мало крајбрежно гратче. Тој свири бас во бенд со неговите најдобри пријатели. Еден од нив е и Фелипе, со кого дели силно пријателство од најмала возраст. Мануел излегува со Азул, врска која интензивно ја истражуваат. Но кога ќе дојде време да првпат да водат љубов, Мануел чувствува нешто сосема ново што го тера да го види Фелипе со други очи. Рутинските ситуации на тоа пријателство го менуваат значењето. Мануел се обидува да открие дали импулсот е заемен. Предизвикот не е да го стави пријателството на ризик. Нешто што неизбежно завршува со ставање на тест.
mk
16:30
Жена за мене
Андреа ќе се жени со Лаура. Сомнежите му го менуваат животот на Андреа кој секој ден се буди во различна реалност во која Лаура не му е партнерка.Што ако можете да ги отстраните сите сомнежи пред да ја донесете најважната одлука во животот? Што ако можете да живеете следејќи ги вашите најдлабоки желби? Тоа ќе му се случи на Андреа, 30-годишен маж во пресрет на неговата венчавка со Лаура.
mk
18:12
Некаде во Квинс
Кога средношколецот Стикс добива изненадувачка и животна можност да игра кошарка на колеџ, татко му Лео прави големи напори тоа да се оствари.Лео Русо живее едноставен живот во Квинс, Њујорк со неговата сопруга Анџела, нивниот срамежлив, но талентиран син "Стикс" и тесно поврзаната мрежа на Лео од италијанско-американски роднини и пријатели од соседството. Доволно среќен што работи во семејниот градежен бизнис заедно со татко му и помладиот брат, Лео живее секоја недела за кошаркарските натпревари на Стикс, не пропуштајќи ја шансата да го бодри своето единствено дете додека владее на теренот како спортист-ѕвезда. Кога матурантот добива изненадувачка и животна можност да игра кошарка на колеџ, Лео ја користи шансата да обезбеди план за својата иднина, на страна од семејниот градежен бизнис. Но кога ненадејните љубовни проблеми се закануваат да го попречат Стикс, Лео прави големи напори за да го задржи син му на овој нов пат.
mk
20:00
Извештај
Кога Даниел Џ. Џоунс кој е дел од персоналот на сенатот, предводи една истрага за програмата за притвор и распит по 11 септември, тој открива шокантни тајни.Кога Даниел Џ. Џоунс кој е дел од персоналот на сенатот, предводи една истрага за програмата за притвор и распит по 11 септември, тој открива шокантни тајни.
mk
21:57
Последниот пациент
Кога добро познатиот психолог Сузана го дочекува последниот клиент тој ден, Марк, таа очекува средба како и секоја друга.Кога искусниот и добро познат психолог Сузана го дочекува последниот клиент тој ден, Марк, таа очекува средба како и секоја друга. Но кога излегува дека Марк е озлогласен сериски убиец, Сузана сфаќа дека следниот час ќе ? го промени животот засекогаш. Марк ? поставува ултиматум: доколку не го излечи, таа ќе биде неговата следна жртва. За секое зрно песок што минува низ песочниот часовник, јамката се стега и започнува интензивна трка на живот и смрт.
mk
23:35
Сенека: За создавањето на.
Поглед во односот помеѓу Сенека и Нерон, озлогласениот император кому тој му бил ментор од детството и кој го обвинил дека му заговара убиство.Рим во 65 н.е., филозофот Сенека, кој е учител, ментор и советник на императорот Нерон од детството, значително е вклучен во неговиот подем. Но Нерон е заморен од Сенека и користи лажен напад врз него за да го обвини Сенека дека е соучесник. Додека прави декадентна забава во својата куќа, Сенека ја добива својата изненадувачка смртна казна од императорот Нерон, испорачана од гласник. Тој мора да е мртов до утрото. Тој ја прифаќа својата судбина и, како Сократ, сака да замине од животот откако ќе им ја пренесе последната лекција од својата животна филозофија на своите следбеници. Оваа последна вечер станува негов последен тест: Кој е тој навистина? Опортунист, лицемер и соработник или, според неговата слика за себе, морално цврст, мудар човек кој ја гледа смртта во лице без никаков страв?
mk

TV-gids - woensdag, 15-05-24

01:25
Прекрасна изолација
Малку е познато за катастрофата од која избегале Ана и Хана. На еден пуст остров тие наоѓаат напуштена куќа каде што Ана се грижи за Хана.Не се знае многу за катастрофата од којашто избегале љубовниците Ана и Хана, ниту за напорот што го вложиле за да стигнат до изолираниот остров. Откако се наоѓаат во една напуштена куќа во дините, Ана се враќа на својата рутина за грижење за Хана. Растојанието е истовремено и неопходност, и мачење за нив, а кревката состојба на Хана ги потсетува двете жени дека нивното време заедно привршува. Еден ден, Хана гледа некој на плажата. Жените ја препознаваат својата горчлива судбина. Натрапникот е смртта која ги следела до островот.
mk
02:45
Белото куче
САД, 1968. Авторот Ромен Гери и жена му, актерката и граѓанска активистка Жан Себерг земаат куче скитник тренирано да напаѓа црни демонстранти.САД, 1968. Мартин Лутер Кинг е убиен и земјата гори од расно насилство. Авторот Ромен Гери, кој живее со актерката и активист за граѓански права Жан Себерг во Лос Анџелес, зема куче скитник. Кучето е послушно кон сите освен кон црнците.
mk
04:20
А Е И О У _ Брза азбука на.
Ана има 60 г. и нејзиниот актерски зенит е зад неа. Таа неволно прифаќа да му биде јазичен тренер на 17-годишниот Адријан кој има проблеми со говорот.Актерка е ограбена пред трендовски бар во Западен Берлин. Налетувајќи на неа, млад човек ја зема нејзината чанта и бега во ноќта. По кратко време, тие повторно се среќаваат. Ана и Адријан. Овој пат таа му е наставничка и треба да му ги подобри говорните вештини. Адријан е сирак и се смета за "тежок случај". Ана е актерка, но не работи некое време. И двајцата скршнале од својот пат и не се вклопуваат многу. Часовите за говор се одржуваат во станот на Ана. Нејзиниот стан е на Мишел, нејзиниот најдраг пријател, кој ја поседува целата куќа. Наскоро, лекциите се претвораат во вечери, прошетки и заеднички цигари. И на крајот Ана и Адријан одлучуваат да го преземат светот. Охрабрени од меѓусебната привлечност, тие го напуштаат градот. Сакаат да одат во Франција, на море.
mk
06:01
Возвишено
Во крајбрежно гратче, тинејџерот Мануел ги минува деновите дружејќи се со девојката и свирејќи во рок бенд со најдобриот другар, Фелипе.Мануел (16) живее во мало крајбрежно гратче. Тој свири бас во бенд со неговите најдобри пријатели. Еден од нив е и Фелипе, со кого дели силно пријателство од најмала возраст. Мануел излегува со Азул, врска која интензивно ја истражуваат. Но кога ќе дојде време да првпат да водат љубов, Мануел чувствува нешто сосема ново што го тера да го види Фелипе со други очи. Рутинските ситуации на тоа пријателство го менуваат значењето. Мануел се обидува да открие дали импулсот е заемен. Предизвикот не е да го стави пријателството на ризик. Нешто што неизбежно завршува со ставање на тест.
mk
07:40
Неверојатната Елиса
Елиса е 12-годишно девојче кое се бори со траумата по смртта на мајка ? во сообраќајна несреќа и се обидува да го убеди татко ? дека има супермоќи.Елиса е дванаесетгодишно девојче кое, по случајната смрт на мајка ?, се обидува да го убеди татко ? дека се здобила со истите супермоќи како хероината од нејзиниот омилен стрип и дека може да ги искористи за да му се одмазди на оној што е одговорен за фаталната несреќа. Во исто време, познатиот сликар Хектор е при крајот со подготовките за својата последна изложба додека се грижи и за својата сопруга Урсула, која е во инвалидска количка по сообраќајна несреќа. Додека се одвиваат овие две приказни, една млада девојка, која е облечена потполно исто како главниот лик во стрипот што Елиса секогаш го чита, се движи низ истите овие простори. Конечно, сите овие ликови ќе сфатат, без да знаат, дека нивните животи се обединети со невидлива линија...
mk
09:21
Некаде во Квинс
Кога средношколецот Стикс добива изненадувачка и животна можност да игра кошарка на колеџ, татко му Лео прави големи напори тоа да се оствари.Лео Русо живее едноставен живот во Квинс, Њујорк со неговата сопруга Анџела, нивниот срамежлив, но талентиран син "Стикс" и тесно поврзаната мрежа на Лео од италијанско-американски роднини и пријатели од соседството. Доволно среќен што работи во семејниот градежен бизнис заедно со татко му и помладиот брат, Лео живее секоја недела за кошаркарските натпревари на Стикс, не пропуштајќи ја шансата да го бодри своето единствено дете додека владее на теренот како спортист-ѕвезда. Кога матурантот добива изненадувачка и животна можност да игра кошарка на колеџ, Лео ја користи шансата да обезбеди план за својата иднина, на страна од семејниот градежен бизнис. Но кога ненадејните љубовни проблеми се закануваат да го попречат Стикс, Лео прави големи напори за да го задржи син му на овој нов пат.
mk
11:06
Извештај
Кога Даниел Џ. Џоунс кој е дел од персоналот на сенатот, предводи една истрага за програмата за притвор и распит по 11 септември, тој открива шокантни тајни.Кога Даниел Џ. Џоунс кој е дел од персоналот на сенатот, предводи една истрага за програмата за притвор и распит по 11 септември, тој открива шокантни тајни.
mk
13:02
Пурпурната роза на Каиро
Филмски идол буквално излегува од екранот директно во прегратките на осамена келнерка од времето на депресијата во оваа комична фантазија.Миа Фароу глуми осамена келнерка од времето на депресијата заробена во несреќен брак. Таа бега од својот едноличен живот со постојано одење во кино. Еден ден, нејзиниот филмски срцекршач се симнува од екранот и влегува во нејзиниот живот - буквално!
mk
14:25
Кравата која пееше во иднината
Сесилија патува на фармата на татко ? кој имал срцев удар.Кога илјадници риби умираат во загадена река во јужниот дел на Чиле, Магдалена, одамна почината жена, се појавува меѓу нивните безживотни тела. Магдалена го среќава својот сопруг вдовец, доведувајќи го во состојба на шок и предизвикувајќи враќање на нивната ќерка Сесилија. Присуството на Магдалена и нејзиниот ефект врз околината предизвикува љубопитност и страв кај нејзиното семејство. Како што минатото доаѓа во фокус, мајката и ќерката добиваат можност да ја променат иднината.
mk
16:05
Неверојатната Елиса
Елиса е 12-годишно девојче кое се бори со траумата по смртта на мајка ? во сообраќајна несреќа и се обидува да го убеди татко ? дека има супермоќи.Елиса е дванаесетгодишно девојче кое, по случајната смрт на мајка ?, се обидува да го убеди татко ? дека се здобила со истите супермоќи како хероината од нејзиниот омилен стрип и дека може да ги искористи за да му се одмазди на оној што е одговорен за фаталната несреќа. Во исто време, познатиот сликар Хектор е при крајот со подготовките за својата последна изложба додека се грижи и за својата сопруга Урсула, која е во инвалидска количка по сообраќајна несреќа. Додека се одвиваат овие две приказни, една млада девојка, која е облечена потполно исто како главниот лик во стрипот што Елиса секогаш го чита, се движи низ истите овие простори. Конечно, сите овие ликови ќе сфатат, без да знаат, дека нивните животи се обединети со невидлива линија...
mk
17:50
Денови на суша
Емре, млад обвинител кој е назначен во мал град, е вовлечен во локалната политика во текот на својата прва истрага за убиство.Емре, млад и посветен обвинител, е новоименуван во мал град погоден од криза со вода и политички скандали. По првичниот пречек, тој доживува зголемен број напнати интеракции и е неволно вовлечен во локалната политика.
mk
20:00
Скенери
Кога еден човек со неверојатни - и деструктивни - телепатски способности е фатен од агенти од мистериозна непријателска корпорација, тој дознава дека некои од "скенерите" сакаат светска доминација,.Дерил Ревок е непријателски "скенер" на неспоредлива моќ со ненаситна жед за контрола. Водачот на подземната асоцијација Ревок, води војна против "нормалните" за да дојде до доминација во светот - неговата телекинеза е пасивно-агресивно оружје од најопасен и смртоносен вид. Самопрогласениот "емпатичар" Камерон Вејл е на работ на лудило, мачејќи се да се справи со моќите што го дефинираат неговото постоење. Поради неговата блискост со темата, Вејл е регрутиран од др. Пол Рут и има задача да го најде Ревок пред да биде направена поголема штета. Со неверојатната способност да ги чита мислите и да влезе во човечкиот нервен систем, Ревок се обидува да се докаже себеси како застрашувачки експонент - буквално разнесувајќи им го умот на луѓето во тој процес.
mk
21:42
Легло
Вознемирена жена добива радикална форма на психотерапија во оддалечен, мистериозен институт.Френк Карвет е уплашен од менталното здравје на неговата бивша сопруга, плашејќи се од ефектите од нејзиното влијание врз нивната шестгодишна ќерка и на крајот, стравува за сопствениот живот. Учителката на неговата ќерка Рут е нападната од две немирни деца во градинката, што го принудува Карвет да ги разоткрие врските помеѓу серијата убиства, неговиот однос со бившата сопруга, радикалниот психотерапевтски култ и мистериозниот доктор Раскин. Како што заканата од застрашувачките, опасни суштества слични на деца се приближува до дома, Карвет мора да ја открие нивната вистинска природа пред тој и неговата ќерка да станат нивни жртви.
mk