Cinemax

Cinemax

Cinemax, mainstream kanal, nudi američke i svetske naslove, Cinemax originalne serije i nove američke serije, kao i dinamične drame i komedije, sa fokusom na akcijski, avanturistički, krimi, horor, fantastični i naučno-fantastični sadržaj. Svaki dan u nedelji posvećen je određenom tipu sadržaja. Nedeljom su na rasporedu glavne filmske premijere. Subota donosi Cinemax originalnu produkciju i nove serije. Petak je posvećen selekciji kultnih ostvarenja i horor filmova dok se sreda fokusira na drame i trilere.

Serbia

TV-gids - woensdag, 22-05-24

01:17
Хесабел
Во денешна Венецуела, група млади од висока класа живеат безгрижно помеѓу дрогата и групните секс игри с? додека еден ден Ели не е брутално убиена.Во денешна Венецуела каде што владее политички и социјален хаос, група млади од високата класа, Лоло, Кака, Ели и Ален, живеат безгрижно помеѓу дрогата, групните секс игри и она што тие веруваат дека е љубов, с? додека еден ден Ели не е брутално убиена. Шеснаесет години подоцна, во утописка, но препознатлива иднина, додека Ален доживува прекрасна романса со Сантијаго, новинар кој стана успешен писател кој се сеќава на случајот, сеќавањата се враќаат само за да откријат дека наводниот убиец на Ели не е оној во кого сите се сомневале. Злото с? уште продолжува.
mk
03:02
Причестување
Вознемирена од агресивното однесување на синот, Елејн оди кај отуѓеното семејство на татко му во Луксембург, каде што демне уште помрачна тајна.Елејн живее како самохрана мајка во Брисел. Нејзиниот син Мартин, кој никогаш не го запознал својот татко, покажува чудно однесување и станува с? понеконтролиран. Кога момчето каснува еден од своите соученици, цицајќи му крв, Елејн очајна бара одговори, го носи во Луксембург да се види со баба му и дедо му по татко. Таму, непостојаната состојба на Мартин веднаш се подобрува. Но, кога ќе ја открие вистинската природа на семејството и ќе сфати дека тој станува еден од нив, Елејн треба да избере помеѓу прифаќање и борба за иднината на нејзиниот син.
mk
04:30
Сите зборуваат за времето
Клара (39) успева: Го насочи патот од провинциската заостанатост на Источна Германија во академската сцена во Берлин.Клара успева: таа е побегната од нејзината родна провинција во Источна Германија, сега живее боемски живот во Берлин, предавајќи филозофија додека го завршува докторатот. Помеѓу аферата со еден од нејзините студенти и напнатото пријателство со нејзината менторка Маргот, едвај има време да ја види 15-годишната ќерка, која претежно живее со нејзиниот бивш маж. Но кога Клара ја посетува мајка ? за викенд, таа се соочува со нејзиниот идеал за неограничен, самоопределен живот. Колку е висока цената што мора да ја плати за тоа?
mk
06:01
Низ клучалката
Откако шефот го отпушта, Демијан бега и се крие во гардеробер натоварен во комбе. Кога шкафот доаѓа кај купувачите, тој одлучува да остане во него...Демијан штотуку доби отказ откако работел во истата компанија 20 години. По една лута и бурна реакција, тој бега од својот шеф и се крие на прво место што ќе го најде: гардеробер натоварен во комбе. Но, гардероберот, со Демијан внатре, потоа им се доставува на Лусија и Феде, пар на негова возраст кои живеат со нивната ќерка, тинејџерката Марија. Истата ноќ, ненадеен импулс го наведува Демијан да остане со семејството и да стане мистериозно присуство, набљудувајќи и движејќи се наоколу во сенките.
mk
07:50
Љубовта според Далва
12-годишната Далва живее сама со татко ? кого го сака бескрајно. Но неговата љубов не е само татковска, како што полицијата открива една вечер.12-годишната Далва живее сама со својот татко. Една вечер, полицијата упаѓа во нивниот дом и ја носи на згрижување. Додека Далва се спријателува со нејзината нова цимерка Самија и социјалниот работник Џејден, таа постепено сфаќа дека љубовта што ја делела со татко ? не била она што таа мислела. Со нивна помош, Далва ќе научи повторно да стане дете. Во овој потресен дебитантски филм, Емануел Нико ги истражува последиците од злоупотребата со длабока сензибилност и бескомпромисна привлечност, во надежно патување до закрепнување.
mk
09:26
Еден маж
По разводот, Рие е среќна со својот втор сопруг Даисуке. Но кога Даисуке загинува во несреќа, таа открива дека тој не бил оној што мислела дека е.По разводот, Рие ја наоѓа среќата со својот втор сопруг Даисуке и создава ново семејство. Но кога Даисуке загинува во трагична несреќа, таа открива дека нејзиниот нов сопруг не бил човекот што мислела дека е. Рие ја повикува адвокатката Кидо да ? помогне да ја открие вистината за идентитетот на човекот што го сакала. Потрага која ќе отвори поголеми прашања за природата на самиот идентитет и за тоа што ја прави личноста вистинска.
mk
11:30
Скриеното дете
Приказна за Чиро 10-годишно, дете кое живее во сиромашна населба во Неапол и кое е сведок на егзекуција и кое е барано од криминалците и семејството.Габриеле Санторо живее во работничка населба во Неапол и е професор по пијано. Едно утро, додека се бричи, доставувачот ѕвони на вратата, тој ја отвора вратата и, пред да го пречека, трча да го измие лицето. Во тој момент десетгодишно момче се прикрадува во неговиот стан и се крие внатре. "Ил маестро" - како што го нарекуваат во соседството - ќе увиди дури доцна навечер. Ќе го препознае натрапникот Чиро, дете кое живее со родителите во истата зграда. На прашањето зошто избегал, Чиро не зборува. И покрај тоа, Габриеле одлучува да го скрие во својот дом, впуштајќи се во единствен и упорен предизвик со непријателите на Чиро.
mk
13:20
65
Адам Драјвер во овој акционен научна фантастичен филм го игра Милс, пилот астронаут кој се урива на непозната планета.Адам Драјвер во овој акционен научно-фантастичен филм го игра Милс, пилот астронаут кој се урива на непозната планета. Со само една шанса за спас, Милс мора да се пробие низ неистражена земја преполна со огромни и смртоносни суштества.
mk
14:51
Палми и далноводи
Лето е и на 17-годишната Леа ? е здодевно: таа се сонча во градината и се дружи со пријателите. Во оваа празнина, влегува 34-годишниот Том: шармантен, згоден и навидум вистински заинтересиран за неа.Лето е и на 17-годишната Леа ? е здодевно: таа се сонча во градината и се дружи со пријателите. Во оваа празнина, влегува 34-годишниот Том: шармантен, згоден и навидум вистински заинтересиран за неа. Но неговите намери не се онакви какви што изгледаат.
mk
16:41
Љубовта според Далва
12-годишната Далва живее сама со татко ? кого го сака бескрајно. Но неговата љубов не е само татковска, како што полицијата открива една вечер.12-годишната Далва живее сама со својот татко. Една вечер, полицијата упаѓа во нивниот дом и ја носи на згрижување. Додека Далва се спријателува со нејзината нова цимерка Самија и социјалниот работник Џејден, таа постепено сфаќа дека љубовта што ја делела со татко ? не била она што таа мислела. Со нивна помош, Далва ќе научи повторно да стане дете. Во овој потресен дебитантски филм, Емануел Нико ги истражува последиците од злоупотребата со длабока сензибилност и бескомпромисна привлечност, во надежно патување до закрепнување.
mk
18:10
Анадолски леопард
Во најстарата зоолошка градина во Турција, осамен управител и запоставена службеничка создаваат необична врска: ја кријат смртта на најстариот жител, анадолскиот леопард и го лажираат неговото.Во најстарата зоолошка градина во Турција, осамениот управител и запоставена службеничка создаваат необична врска: додека ја кријат смртта на најстариот жител на зоолошката градина анадолскиот леопард, со цел да го запрат процесот на приватизација и да го лажираат неговото бегство, тие започнуваат апсурдна шарада која излегува надвор од контрола. Во сивиот и тивок главен град на Турција, духот на леопардот опстојува.
mk
20:00
Приспивна песна
Амаја, која штотуку станува мајка, решава да се врати во куќата на родителите на баскиското крајбрежје додека нејзиниот партнер привремено е отсутен.Амаја штотуку станува мајка, а предизвикот е уште позначаен отколку што мислела. Кога нејзиниот партнер мора да замине неколку недели поради работа, таа решава да помине време со своите родители во едно прекрасно крајбрежно село во Баскија надевајќи се дека ќе ја сподели одговорноста околу грижата за нејзиното бебе. Сепак, таа заборава дека дури и кога некој ќе стане родител, не престанува да биде ќерка.
mk
21:42
Море на времето
Лукас и Јохана живеат во 80-тите, лудо вљубени, во свет полн со соништа и идеали. Потоа се раздвоени од катастрофална несреќа, за време на нивното патување со брод по Атлантикот.Лукас и Јохана живеат во 80-тите, лудо вљубени, во свет полн со соништа и идеали. Потоа се раздвоени од катастрофална несреќа, за време на нивното патување со брод по Атлантикот. Триесет и пет години подоцна, во нивните поодминати години, тие двајца повторно се среќаваат и нивната длабоко вкоренета љубов с? уште е многу силна. Ќе се осмели ли Јохана да му верува на Лукас и да му дозволи да навлезе во нејзината длабока тајна од минатото?
mk
23:36
Салонот на Худа
Рим, млада мајка мажена за љубоморен маж, оди во фризерскиот салон на Худа во Витлеем.Рим, млада мајка која е мажена за љубоморен маж, оди во салонот на Худа во Витлеем за фризура и прислушување. Но оваа обична посета станува проблематична кога Худа, откако ја става Рим во срамна ситуација, ја уценува да работи за тајната служба на окупаторот и со тоа да го предаде својот народ. Додека Рим бега од салонот, истата вечер, Худа е уапсена од Хасан и другите членови на отпорот. Тие наоѓаат безимени слики од сите жени што ги регрутирала Худа, вклучително и на Рим. Худа знае дека ќе биде погубена во моментот кога ќе ги каже имињата. Таа се труди да си купи што повеќе време...
mk

TV-gids - donderdag, 23-05-24

01:05
Неонска пролет
Откако семејството ? се распаѓа, 20-годишната Лаине ја открива сцената на забавата во Рига, каде што се вљубува и губи контакт со реалноста.Со силни светла и техно музика, "Неонска пролет" прикажува два месеци од животот на Лаине, студентка од предградијата на средната класа во Летонија. Лаине ја открива специфичната сцена на забавата во Рига, каде што се вљубува во Гунда.
mk
02:50
Катедрала
Неконвенционална автобиографија, "Катедрала" ја претставува сложената таписерија на семејните односи исполнети со конфликти што ќе го обликуваат животот и идната филмска кариера на Џеси, дете кое.Неконвенционална автобиографија "Катедрала" ја претставува сложената таписерија на семејните односи исполнети со конфликти што ќе го обликуваат животот и идната филмска кариера на Џеси, дете кое расте во Њујорк од 1980-тите до средината на 2000-тите. Филмот ни го прикажува животот на Џеси и неговото семејство во различни фази како поглавја од роман. Рики Д'Амброуз е еден од оние филмографи чиј стил може да се опише како уникатен, кој освен многу специфични вињети, користи фотографии, вести и ТВ реклами за да го пренесе светот како што Џеси го доживува. Во исто време, филмот во основа е биографија на неговиот проблематичен татко, но и на неговата мајка, очуви, вујковци, тетки, баби и дедовци и прадедовци - извртената "катедрала" којашто го изгради младиот човек што ќе стане Џеси.
mk
04:20
Приказната на дрвосечачот
Пепе е дрвосечач во идилично финско гратче. Во текот на неколку дена, низа трагични настани постепено му го уништуваат тивкиот и среќен живот.Пепе е дрвосечач во идилично гратче во северна Финска. Во текот на неколку дена, низа настани постепено му го уништуваат тивкиот и среќен живот што некогаш го имал. Но се чини дека Пепе е сосема помирен со сето тоа.
mk
06:01
Палми и далноводи
Лето е и на 17-годишната Леа ? е здодевно: таа се сонча во градината и се дружи со пријателите. Во оваа празнина, влегува 34-годишниот Том: шармантен, згоден и навидум вистински заинтересиран за неа.Лето е и на 17-годишната Леа ? е здодевно: таа се сонча во градината и се дружи со пријателите. Во оваа празнина, влегува 34-годишниот Том: шармантен, згоден и навидум вистински заинтересиран за неа. Но неговите намери не се онакви какви што изгледаат.
mk
07:50
Медуза делукс
Смртта на еден натпреварувач на фризерски натпревар го посејува семето на раздорот во заедницата чија пасија за косата се граничи со опсесија.Талентирани, амбициозни и препредени фризери се собираат на натпревар во Англија, но наоѓаат еден од нивните убиен пред да започне оценувањето. Движејќи се низ неонски осветлените сали и соблекувални зад сцената, натпреварувачите ги разоткриваат наталожените незадоволства и тајни додека го бараат убиецот меѓу нив, во оваа ѓаволски смешна приказна од режисерот дебитант Томас Хардиман.
mk
09:30
Анадолски леопард
Во најстарата зоолошка градина во Турција, осамен управител и запоставена службеничка создаваат необична врска: ја кријат смртта на најстариот жител, анадолскиот леопард и го лажираат неговото.Во најстарата зоолошка градина во Турција, осамениот управител и запоставена службеничка создаваат необична врска: додека ја кријат смртта на најстариот жител на зоолошката градина анадолскиот леопард, со цел да го запрат процесот на приватизација и да го лажираат неговото бегство, тие започнуваат апсурдна шарада која излегува надвор од контрола. Во сивиот и тивок главен град на Турција, духот на леопардот опстојува.
mk
11:20
Плута
Елена и Иван се на пат да започнат ново поглавје во своите животи. Тие се селат од Барселона во рурална Каталонија за да преземат плантажа на плута.Елена и Иван се на пат да започнат ново поглавје во своите животи. Тие го напуштаат огромниот град Барселона и се преселуваат во рурална Каталонија за да преземат плантажа на плута. Нивниот бизнис со плута не е само да им обезбеди нова егзистенција, туку и за да се води фер и одржливо. Со сите нивни идеали, Елена и Иван се соочуваат со суровата реалност: градот, земјата, желбата, реалноста и родовите улоги се судираат. И двајцата наскоро се навлегуваат во криза која не само што ќе го тестира нивниот заеднички проект, туку и целата нивна врска.
mk
13:15
Приспивна песна
Амаја, која штотуку станува мајка, решава да се врати во куќата на родителите на баскиското крајбрежје додека нејзиниот партнер привремено е отсутен.Амаја штотуку станува мајка, а предизвикот е уште позначаен отколку што мислела. Кога нејзиниот партнер мора да замине неколку недели поради работа, таа решава да помине време со своите родители во едно прекрасно крајбрежно село во Баскија надевајќи се дека ќе ја сподели одговорноста околу грижата за нејзиното бебе. Сепак, таа заборава дека дури и кога некој ќе стане родител, не престанува да биде ќерка.
mk
15:00
Цврст оклоп, мек оклоп
Вљубениот фармер на остриги Азедин мисли успеал.Дваесетгодишниот фармер за остриги Азедин мисли дека има совршен начин да ја запроси својата девојка Џес: свежа острига со веренички прстен на врвот! Но Џес гладува по долгиот работен ден и не гледа пред таа да ја стави остригата в уста. Таа успева да не се задави, но му кажува на Аз дека сака да ја паузира нивната врска. Аз е чувствителен и не ја прифаќа лесно веста. Тој е опкружен со жени: мајка му, баба му и постарата сестра, кои се обидуваат да помогнат додека нежно ја исмеваат неговата болка. Неговата блиска група пријатели, исто така, се обидува да го орасположи, но тоа не успева додека Лила, која се враќа во градот по неколку години во Париз, и самата закрепнувајќи од раскинување, не го убеди Аз дека може да ја освои својата девојка заслепувајќи ја со танцова изведба.
mk
16:40
Медуза делукс
Смртта на еден натпреварувач на фризерски натпревар го посејува семето на раздорот во заедницата чија пасија за косата се граничи со опсесија.Талентирани, амбициозни и препредени фризери се собираат на натпревар во Англија, но наоѓаат еден од нивните убиен пред да започне оценувањето. Движејќи се низ неонски осветлените сали и соблекувални зад сцената, натпреварувачите ги разоткриваат наталожените незадоволства и тајни додека го бараат убиецот меѓу нив, во оваа ѓаволски смешна приказна од режисерот дебитант Томас Хардиман.
mk
18:20
Несвесно
Две тинејџерки се фотографираат и се опиваат, млади луѓе експериментираат со сексот, млад учител сака да реши случај со малтретирање...Речиси е лето во Шведска и се случуваат мали непромислености и палавости. Лефе сака да се пофали пред своите пријатели и да прави шеги, особено кога пие. Во меѓувреме, една праведна учителка од одделенска настава не знае каде да ја повлече линијата: таа инсистира дека на нејзините колеги воспитувачи им треба мала поука. Потоа, тука се и две млади тинејџерки кои сакаат да позираат за секси фотографии и да се забавуваат, но една вечер во парк, едната од нив е пронајдена од непознат човек мртва пијана. Хумористичен поглед на лекциите што треба да се научат, предавањата што треба да се одржат и границите што не треба да се преминат.
mk
20:01
Акушерки
По 5 години учење на професијата бабица, "најубавата работа на светот", Луис и Софија конечно почнуваат да работат.По 5 години учење на професијата бабица, "најубавата работа на светот", Луис и Софија конечно почнуваат да работат и ги преземаат огромните одговорности во свет каде што со неверојатно темпо се справуваат со раѓањата, мајчинството, а понекогаш и со смртта. Дали нивната професија ќе може да одолее на таквата бура?
mk
21:46
Хана и нејзините сестри
Три сестри се соочуваат со љубовта и со семејните врски. Миа Фароу и Мајкл Кејн се во главни улоги како маж и жена. Барбара Херши игра сестра на Миа, која има афера со Кејн.Менхетенскиот мозаик на Вуди Ален, "ХАНА И НЕЈЗИНИТЕ СЕСТРИ" ги разгледува животот, љубовта и неверството во еден тесно сплетен клан артисти. Хана (Миа Фароу) регуларно се среќава со нејзините сестри Холи (Дијана Вист) и Ли (Барбара Херши) за да зборуваат за настаните во тековната недела. Тоа што не си го кажуваат, ги развива сите заднински заплети во филмот. Хана е омажена за сметководителот и финансиски планер Елиот (Мајкл Кејн), кој с? уште е вљубен во Ли, која пак живее со егоцентричниот артист од Сохо, Фредерик (Макс вон Сидов). Во меѓувреме, Холи, невротична актерка и вечен губитник во љубовта, оди со ТВ-продуцентот Мики (Вуди Ален), кој порано бил оженет со Хана и во поголемиот дел од филмот е убеден дека ќе умре. Филмот започнува и завршува за време на традиционалната семејна вечера на Денот на благодарноста, снимен во вистинскиот дом на Миа Фароу во Њујорк.
mk