Cinemax
Datum: 14-05-24
Cinemax
Serbia
http://www.cinemax.rs/

dinsdag, 09:25

Хана и нејзините сестри

Хана и нејзините сестри

Три сестри се соочуваат со љубовта и со семејните врски. Миа Фароу и Мајкл Кејн се во главни улоги како маж и жена. Барбара Херши игра сестра на Миа, која има афера со Кејн.Менхетенскиот мозаик на Вуди Ален, "ХАНА И НЕЈЗИНИТЕ СЕСТРИ" ги разгледува животот, љубовта и неверството во еден тесно сплетен клан артисти. Хана (Миа Фароу) регуларно се среќава со нејзините сестри Холи (Дијана Вист) и Ли (Барбара Херши) за да зборуваат за настаните во тековната недела. Тоа што не си го кажуваат, ги развива сите заднински заплети во филмот. Хана е омажена за сметководителот и финансиски планер Елиот (Мајкл Кејн), кој с? уште е вљубен во Ли, која пак живее со егоцентричниот артист од Сохо, Фредерик (Макс вон Сидов). Во меѓувреме, Холи, невротична актерка и вечен губитник во љубовта, оди со ТВ-продуцентот Мики (Вуди Ален), кој порано бил оженет со Хана и во поголемиот дел од филмот е убеден дека ќе умре. Филмот започнува и завршува за време на традиционалната семејна вечера на Денот на благодарноста, снимен во вистинскиот дом на Миа Фароу во Њујорк.