ТВ водич - субота, 18.05.2024.

01:01
Салт
Агентот на ЦИА, Евелин Солт (Анџелина Џоли) станува цел на агенцијата кога е обвинета дека е руски шпион.Евелин Солт (Анџелина Џоли) е агент на ЦИА, кој се има заколнато дека ќе ја извршува својата должност и дека ќе биде верен на татковината. Кога е обвинета од еден пребеган агент, дека е руски шпион, Солт мора да бега за да го исчисти своето име и на крајот да ја докаже својата верност. Користејќи ги сите свои вештини и години на искуство како таен оперативец, таа мора да избегне да биде фатена и да го заштити своето семејство или најмоќните сили на светот ќе избришат каква било трага на нејзиното постоење. Бидејќи нејзините надредени се убедени дека таа сака да изврши атентат на претседателот, таа мора да се бори со времето за да го дознае идентитетот на вистинскиот предавник.
mk
HBO
02:41
Вечното сонце на.
Џоел, човек чие срце е скршено поради тоа што неговата девојка Клементајн оди на процедура да го избрише од сеќавањата, одлучува да го стори истото.Џоел (Џим Кери) е скршен кога дознава дека неговата девојка Клементајн (Кејт Винслет) ја избришала нивната бурна врска од своите сеќавања. Обземен од очај, тој контактира со изумителот на процесот, д-р Хауард Мјерзвијак (Том Вилкинсон), за да го добие истиот третман. Но кога сеќавањата на Клементајн почнуваат да избледуваат, Џоел одеднаш сфаќа колку многу ја сака. Чарли Кауфман за своето (многу) оригинално сценарио ја доби наградата "Оскар". Филмот е фасцинантно и визуелно маѓепсувачко ремек-дело, а во оваа надреална романса исто така играат Кирстен Данст, Илајџа Вуд и Марк Рафало.
mk
HBO
04:27
Роботи
Чарлс е женкар додека Елејн е повеќе по парите. Двојката учи за хуманоста кога се здружуваат и ги следат своите роботи двојници.Во блиска иднина, роботите се пренасочени да вршат обични и физички работи, но се исклучени од тоа да изгледаат како луѓето од страв да не ги заменат. Чарлс е женкар кој тајно го користи роботот реплика за да има романтични средби со жени додека тој игра видеоигри и? ги жнее плодовите. Еден ден ја запознава Елејн на лизгалиште и се вљубува. Тој го користи својот робот Ц2 за да ја привлече. Но тој не знае дека Елејн има свој робот реплика Е2 и го користи за да привлече богати мажи и да ? ги жнее плодовите. За жал на двајцата измамници, нивите роботи се запознаваат, се вљубуваат и бегаат кон мексиканската граница за да живеат на слобода. Елејн и Чарлс мора да се здружат и да ги сопрат пред нивните тајни да излезат на виделина.
mk
HBO
06:01
Лига на правдата и РУБИ:.
Лигата на правдата се соочува со нов ужас - адолесценцијата!Лигата на правдата се соочува со нов ужас - адолесценцијата! Кога Супермен и бандата ќе се најдат како тинејџери во непознатиот свет на Вејл, тие мора да се здружат со некои познати лица од аниме феноменот РУБИ на "Рустер Тит" за да откријат каде се... и како да се вратат дома.
mk
HBO
07:22
Островот на черепите
Еден разновиден тим од научници, војници и авантуристи истражува еден неистражен остров во Пацификот. Тимот е несвесен дека навлегува во светот на митскиот Конг.Продуцентите на "Годзила" се навраќаат на еден од најмоќните митови за чудовишни суштества во историјата. Оваа оригинална авантура ја раскажува приказната за еден разновиден тим од научници, војници и авантуристи кои истражуваат еден таинствен пацифички остров што е опасен исто колку што е и убав. Отсечен од цивилизацијата, тимот влегува во светот на моќниот Конг, што ја предизвикува најголемата битка помеѓу човекот и природата. Кога нивната мисија се претвора во борба за преживување, тие мора да бегаат од овој рај каде што нема место за луѓето. Ѕвездената актерска екипа ги вклучува: Том Хидлстон, Самјел Л. Џексон, Бри Ларсон, Џон Гудман и Џон С. Рајли.
mk
HBO
09:20
Торта од моркови:.
И покрај неодобрувањето на нејзиниот свршеник, пекарката и детективка-аматер Хана Свенсен решава да истражи скелет најден во зграда во изградба.Скелет пронајден во зграда во изградба во Лејк Едем го открива вистинскиот идентитет на еден омилен жител. И покрај неодобрувањето на нејзиниот свршеник, пекарката и детективка-аматер Хана Свенсен решава да истражи можно убиство и бара помош од мајка ? за да ја открие вистината.
mk
HBO
10:46
Тринаесет животи
Според вистинската животна приказна за спасувачката мисија на момците од пештерата Там Луанг во Тајланд откако беа заробени од големи дождови.Засновано на вистинската животна приказна што го потресе светот, "Тринаесет животи" е возбудливо сведоштво за спасувањето на младинскиот фудбалски тим од пештерата Там Луанг во Тајланд, откако момчињата останаа заробени од силен дожд и поплави. Со помош на највештите нуркачи на светот, она што следи е мачна спасувачка мисија која ја покажува храброста на највисоко ниво и ја потврдува моќта на човечкиот дух.
mk
HBO
13:11
Божиќна искра
Скорешната вдовица Моли сметајќи дека нема пак да најде љубов, ја посетува својата ќерка за Божиќ, не знаејќи каква празнична магија ? се подготвува.Скорешната вдовица Моли ја изгубила желбата за живот и се откажала повторно да најде љубов. Но кога ќе одлучи да ја посети својата ќерка за Божиќ, таа нема поим каква празнична магија ? се подготвува. Како поранешна наставничка по драма, Моли неволно ја презема работата да го води градскиот божиќен натпревар за убавина и набрзо се вљубува во водителот Хенк, најподобниот ерген во градот. Додека Моли и нескротливиот Хенк се вљубуваат, таа повторно го открива својот внатрешен слободен дух и наоѓа нова смисла во животот.
mk
HBO
14:41
Тест
Врвниот шпански продуцент "Атресмедија" и режисерот на комедии Дани де ла Орден одново се здружуваат за да го испорачаат "Тест", интелигентна комедија за пари, љубов и амбиции.Врвниот шпански продуцент "Атресмедија" и режисерот на комедии Дани де ла Орден одново се здружуваат за да го испорачаат "Тест", интелигентна комедија за пари, љубов и амбиции. Следејќи ги чекорите на "Совршени странци" и "Што има во името", оваа важна повторна пријателска средба покренува незгодно прашање: дали повеќе би сакале да изберете 100 000 евра денес или да чекате десет години за 1 милион? Карлос Сантос (Чад и голедала), Мирен Ибаргурен (Задржи ги децата!), Алберто Сан Хуан (Сентиментален) и Бланка Суарез (Телефонски операторки, Кожата во која живеам) ќе мора да дознаат!
mk
HBO
16:27
Состојба на умот
Д-р Стоун третира тројца различни пациенти со параноична шизофренија кои веруваат дека се Исус Христос. Ги поврзува тројцата.Д-р Алан Стоун го нашол Исус трипати. Стоун е психијатар што е задолжен да третира тројца различни пациенти со параноична шизофренија кои веруваат дека се Исус Христос. Стоун ги поврзува тројцата, ги соочува со нивните спротивставени тврдења и ги наведува да создадат уникатна група за поддршка. Додека овие мажи се борат со негирањето на нивните уверувања од страна на Стоун, тие се с? поблиску до тоа да се видат себеси во ново светло. Во филмот игра неверојатна актерска екипа што доби повеќе награди и е во продукција на тимот зад филмовите "Црниот лебед" и "Лав". Филмот се заснова на фасцинантната вистинита психолошка студија раскажана во книгата "Трите Христоси на Ипсиланти".
mk
HBO
18:16
Повторно љубов
Една жена праќа романтични пораки на стариот телефон на нејзиното починато момче и не знаејќи создава врска со новиот сопственик на бројот.Пријанка Чопра, Сем Хјуган и Селин Дион играат во оваа романтична комедија каде што една жена се обидува да ја надмине смртта на нејзиното момче праќајќи пораки на неговиот стар телефон, при што не знаејќи создава врска со новиот сопственик на бројот.
mk
HBO
20:01
Бубамара
"Бубамара" ја раскажува приказната за Кристин "Бубамара" Мекферсон, тинејџерка со силна волја од погрешната страна на патеката.По сценарио и режија на Грета Гервиг и со извонредни изведби на Сорси Ронан и Лори Меткалф, "Бубамара" ја раскажува приказната за Кристин "Бубамара" Мекферсон (Ронан), тинејџерка со силна волја од погрешната страна на патеката, која се судира со нејзината борбена, но сепак сакана мајка (Меткалф) додека сонува да го напушти својот здодевен роден град за да оди на колеџ во Њујорк. Сместена во Сакраменто, Калифорнија во 2002 година, оваа смешна и трогателна приказна за станување возрасен ја следи Бубамара додека ги доживува подемите и падовите на новата зрелост, сето тоа додека се справува со нејзината бурна врска со мајка ?.
mk
HBO
21:36
Тринаесет животи
Според вистинската животна приказна за спасувачката мисија на момците од пештерата Там Луанг во Тајланд откако беа заробени од големи дождови.Засновано на вистинската животна приказна што го потресе светот, "Тринаесет животи" е возбудливо сведоштво за спасувањето на младинскиот фудбалски тим од пештерата Там Луанг во Тајланд, откако момчињата останаа заробени од силен дожд и поплави. Со помош на највештите нуркачи на светот, она што следи е мачна спасувачка мисија која ја покажува храброста на највисоко ниво и ја потврдува моќта на човечкиот дух.
mk
HBO

ТВ водич - недеља, 19.05.2024.

00:02
Источни ветувања
Мрачна приказна за рускиот организиран криминал во Лондон.Овој застрашувачки трилер од легендарниот режисер Дејвид Кроненберг, во кој играат Виго Мортенсен и Наоми Вотс, претставува мрачна приказна за рускиот организиран криминал во Лондон. Вотс ја игра Ана, невина акушерка, која не сакајќи се вплеткува во опасната мрежа на подземната трговија со бело робје откако го бара идентитетот на младата мајка која умира при породувањето. Мортенсен го игра проблематичниот Николај, безмилосен лик поврзан со познато криминално семејство кој можеби не е она како што изгледа. Кроненберг е мајстор на својот занает кога создава мрачен и опасен свет каде што правилата за преживување и човечките животи се обична валута.
mk
HBO
01:45
Мајстор градинар
Приказната за еден градинар, чиј навидум мирен живот е нарушен поради необичното барање од неговата работодавачка."Мајстор градинар" ја раскажува приказната за еден градинар (Џоел Еџертон), чиј навидум мирен живот е нарушен поради необичното барање од неговата работодавачка (Сигурни Вивер). За да го заштити она што му е драго, Нарвел Рот ќе биде принуден да се врати на старите насилни начини - и да се соочи со минато обележано со години крв и бес.
mk
HBO
03:36
Падот на блек хок
Во 1993 година, елитна група американски ренџери и Делта војници се испратени во Сомалија на критична мисија да фатат еден насилен сомалиски воен лидер.Во 1993 година, елитна група американски ренџери и Делта војници се испратени во Сомалија на критична мисија да фатат еден насилен сомалиски воен лидер. Кога мисијата тргнува на лошо, тие буквално се борат за своите животи.
mk
HBO
06:01
Повторно љубов
Една жена праќа романтични пораки на стариот телефон на нејзиното починато момче и не знаејќи создава врска со новиот сопственик на бројот.Пријанка Чопра, Сем Хјуган и Селин Дион играат во оваа романтична комедија каде што една жена се обидува да ја надмине смртта на нејзиното момче праќајќи пораки на неговиот стар телефон, при што не знаејќи создава врска со новиот сопственик на бројот.
mk
HBO
07:46
Гран Туризмо
Приказна за исполнување на желбата на еден тинејџер играч на Гран Туризмо чии играчки вештини го водат до тоа да стане вистински професионален возач.Нил Бломкамп (Област 9) ја режира оваа неверојатна вистинска приказна за Јан Марденборо, играч на видеоигри од работничката класа чии вештини на тркачкиот симулатор Гран Туризмо го наведуваат да стане вистински професионален возач на тркачки автомобили. Заедно со тим од необични аутсајдери, неуспешниот поранешен возач на тркачки автомобили Џек Салтер (Дејвид Харбор) и идеалистичкиот директор на мотоспортот Дени Мур (Орландо Блум), ризикуваат с? за да учествуваат во најелитниот спорт на светот.
mk
HBO
10:01
Бетмен и Супермен: Битка на.
Единаесетгодишниот Џонатан Кент и детето-чудо кое станува убиец Демиjaн Вејн се здружуваат да го спасат светот.Тој е млад и решителен да го спаси светот од претстојната пропаст! Тоа е товарот со кој 11-годишниот Џонатан Кент и помошникот Демијан Вејн се соочуваат во овој нов анимиран филм на DC. На роденденот, Џонатан Кент дознава дека татко му е Супермен.
mk
HBO
11:21
Витезите на зодијакот
Сеја жртвува с? за да го заземе заслуженото место меѓу Витезите на зодијакот.Заснован на меѓународната аниме сензација, "Витезите на зодијакот" за првпат ја донесува сагата за светецот Сеја на големото платно во живо. Сеја (Макенју), тврдоглав уличен тинејџер, го поминува своето време борејќи се за пари додека ја бара својата киднапирана сестра. Кога една од неговите борби случајно ќе му ги поттикне мистичните моќи за кои никогаш не знаел дека ги има, Сеја се втурнува во светот на завојувани светци, древен магиски тренинг и реинкарнирана божица на која ? треба неговата заштита. Ако сака да преживее, ќе треба да ја прифати својата судбина и да жртвува с? за да го заземе заслуженото место меѓу Витезите на зодијакот.
mk
HBO
13:12
Аквамен
Овој филм ја открива приказната за потеклото на получовекот Артур Кари и ни ја прикажува неговата авантура како наследник на подводното кралство Атлантида кога мора да спречи војна помеѓу световите.Од "Warner Bros. Pictures" и од режисерот Џејмс Ван доаѓа акционата авантура што се одвива во огромниот, визуелно прекрасен подводен свет на седумте мориња. Главната улога во филмот ја има Џејсон Момоа. Филмот ја прикажува приказната за потеклото на получовекот Артур Кари и го води на голема авантура, која ќе го принуди да се соочи самиот со себе, каде што ќе открие дали е достоен на своето кралско потекло.
mk
HBO
15:32
Сината бубачка
Штотуку дипломираниот Џејми Рејес се враќа дома полн со надежи за својата иднина, но го наоѓа својот дом доста поразличен отколку кога заминал.Од "Warner Bros. Pictures" доаѓа долгометражниот филм "Сината бубачка", кој го одбележува првото појавување на суперхеројот на "DC" на големиот екран. Филмот режиран од Анхел Мануел Сото, во главната улога ни го носи Чоло Маридуења и неговото алтер его Хаиме Рејес. Тукушто дипломираниот Хаиме Рејес се враќа дома полн со надежи за својата иднина, само за да открие дека неговиот дом не е онаков каков што го оставил. Додека се обидува да си ја најде својата цел во светот, судбината се вмешува кога Хаиме ненадејно станува сопственик на древен реликт со вонземско потекло: Скарабеј. Кога Скаребејот го избира Хаиме за свој симбиотски домаќин, тој добива чудесно оружје со неверојатни и неочекувани моќи, засекогаш менувајќи му ја судбината кога тој станува суперхерој наречен Сината Бубачка.
mk
HBO
17:41
Кралот на Стејтен Ајленд
Џад Апатоу ја режира оваа комедија за еден адолесцент кој по смртта на татко му постојано избегнува каква било одговорност.Џад Апатоу ("40-годишна девица") ја режира комедијата со Пит Дејвидсон во улогата на Скот, џаболебар кој с? уште живее со мајка си. Уште од смртта на татко му кој бил пожарникар, Скот ги троши своите денови во пушење трева и во сонот да стане уметник за тетоважи. Но, кога мајка му почнува да излегува со еден друг пожарникар, определени настани го присилуваат да се соочи со својата болка и да ги преземе првите чекори во животот.
mk
HBO
20:01
Самарјанин
Младо момче оди да открие дали митскиот херој кој го чуваше неговото соседство - и кој исчезна 20 години порано по трагичен настан - е с? уште жив.Со Силвестер Сталоне во главната улога, "Самарјанин" следи едно младо момче (Џејвон "Вона" Волтон) за да открие дали митскиот херој (Сталоне) кој го чуваше неговото соседство - и кој исчезна 20 години порано по трагичен настан - с? уште е жив. Заснован на графичкиот роман на Браги Ф. Шат, а во режија на Џулиус Ејвери, овој жесток трилер е имагинативно ново сфаќање на жанрот на акционен херој.
mk
HBO
21:41
Израмнувач 2
Дензел Вашингтон се враќа како Роберт Меккол, пензиониран маринец на САД и поранешен шпион на Агенцијата за одбранбено разузнавање.Дензел Вашингтон се враќа како Роберт Меккол, пензиониран маринец на САД и поранешен шпион на Агенцијата за одбранбено разузнавање. Ако имате проблем и немате каде да се завртите, Роберт Меккол ќе помогне - тој е Израмнувачот. Меккол им помага на натепаните, експлоатираните и потиснатите со спроведување на неумолива правда. Но, кога опасното минатото на Меккол допира близу дома, тој мора да ги употреби сите вештини за да го израмни резултатот. Овој пат тој мора да се соочи со тешко тренирани атентатори кои нема да запрат пред да го уништат.
mk
HBO