ТВ водич - четвртак, 23.05.2024.

00:05
Вондер вуман
Кога еден пилот се урива и раскажува за конфликтот во надворешниот свет, Амазонката Дијана го напушта својот дом, убедена дека може да ја спречи заканата.Гал Гадо ("Бетмен против Супермен: зора на правдата") се враќа како главен лик во епската акциона авантура заснована на суперхероите на Ди-Си. Пред да стане Вондер вуман, таа била Дијана, принцеза на Амазон, обучена да биде непобедлива воинка. Дијана израснала на рајскиот остров Темискира и го напушта својот дом кога таму се урива еден американски пилот (Крис Пајн) и раскажува за конфликтот кој беснее таму. Убедена дека може да ја спречи заканата и дека може да се бори заедно со мажите во војната за крај на сите војни, Дијана ќе ги открие својата моќ и судбина.
mk
HBO
02:31
Недофатлив
Еден човек бара одмазда за смртта на родителот приклучувајќи се на Братството, тајно друштво на професионални убијци на кое му припаѓал татко му.Весли води монотон живот додека не ја запознае Фокс, која му кажува дека татко му е мртов. Фокс го убедува да се одмазди за смртта на својот родител со тоа што ќе му се приклучи на Братството, тајно друштво на професионални убијци на коешто му припаѓал татко му.
mk
HBO
04:26
Дијада
Дида сонува за нов живот со мајка ? во Њујорк, но се сочува со хаос кога страшно откритие ќе ? ги наруши плановите за евтин билет до Њујорк.Животот на бунтовничката Дида е обележан со несигурни услови, насилство и огромни проблеми на училиште. Но таа има сон: нов живот со мајка ?, која живее во САД. Евтиниот билет за Њујорк станува нејзина опсесија и Дида се бори со сите сили за секој цент. Но едно сурово откритие го фрла животот на Дида во хаос, а болката ја наведува на незамислив чин.
mk
HBO
06:00
(Не)славниот Јусеф Салем
Јусеф се соочува со вистинската цена на успехот кога добива престижна книжевна награда и од губитник станува најпродаван автор во Париз.Јусеф Салем е неуспешен писател и неуморен заводник. Наспроти сите шанси, неговата нова книга, лажна автобиографска приказна за неговото дисфункционално семејство, сексуалните авантури и социјални алкохолни тенденции, добива престижна книжевна награда. Преку ноќ, тој од вечен губитник станува најпродаваниот автор за кој најмногу се зборува во Париз, што го доведува во незгодна позиција да мора да ја крие книгата од своите родители. Борејќи се меѓу остварувањето на својот сон и тежината на судот на неговото семејство и заедницата, Јусеф ќе мора за првпат да се соочи со вистинската цена на успехот.
mk
HBO
07:41
Два билета за Марс
Сонот на Алекс да лета на Марс наскоро ќе се оствари, но тогаш тој среќава девојка која му го освојува срцето и сака да го задржи на Земјата.Алекс, кој копнее да патува во вселената, конечно ја добива својата можност благодарение на приватно финансираната програма за колонија на Марс. За време на ригорозна подготовка, тој ја запознава Дејзи (Шип) нова девојка во градот, и парот се поврзува. Кога почнуваат да се поставуваат прашања за легитимноста на програмата и иднината на цветната фарма на неговите родители, Алекс се прашува дали е полесно да се соочи со своето минато или да одлета кон ѕвездите.
mk
HBO
09:15
Неверојатниот Спајдермен
Еден од најпопуларните ликови се враќа... Питер Паркер наоѓа доказ кој може да му помогне да сфати зошто неговите родители исчезнале кога бил млад.Еден од најпознатите ликови на светот се враќа на големото платно со новото поглавје од филмовите за Спајдермен, "Чудесниот Спајдермен". Филмот раскажува различна страна од приказната за одметнатиот средношколец Питер Паркер, кој бил оставен од своите родители како момче. Тие го оставиле да биде израснат од неговиот вујко Бен и од неговата тетка Меј. Како и повеќето тинејџери, Питер се обидува да сфати кој е и како станал личноста која е денес. Питер исто така се справува и со својата прва средношколска симпатија Гвен Стејси, па заедно тие се снаоѓаат со љубовта, обврската и тајните. Кога Питер открива една мистериозна актовка што му припаѓала на татко му, тој се обидува да разбере зошто исчезнале неговите родители.
mk
HBO
11:31
Чудесниот Спајдермен 2
За Питер Паркер нема ништо подобро од висењето од облакодери и дружењето со Гвен. Но, да се биде Човек-пајак си има своја цена.Отсекогаш знаевме дека најбитната борба на Човекот-пајак е онаа со самиот себе, борбата помеѓу обичните обврски на Питер Паркер и необичните одговорности на Човекот-пајак. Но, во "Неверојатниот Човек-пајак 2", Питер Паркер дознава дека му претстои многу поголем конфликт. Одлично е да се биде Човек-пајак. За Питер Паркер, нема подобро чувство од висењето од облакодери, прифаќањето на улогата на херој и дружењето со Гвен. Но, да се биде Човек-пајак си има цена. Само Човекот-пајак може да ги заштити њујорчани од негативците кои му се закануваат на градот. Со појавата на Електро, Питер мора да се соочи со непријател кој е многу помоќен од него. А кога се враќа неговиот стар пријател Хери Озборн, Питер сфаќа дека сите негови непријатели имаат една заедничка работа, "Озкорп".
mk
HBO
13:52
Вондер вуман
Кога еден пилот се урива и раскажува за конфликтот во надворешниот свет, Амазонката Дијана го напушта својот дом, убедена дека може да ја спречи заканата.Гал Гадо ("Бетмен против Супермен: зора на правдата") се враќа како главен лик во епската акциона авантура заснована на суперхероите на Ди-Си. Пред да стане Вондер вуман, таа била Дијана, принцеза на Амазон, обучена да биде непобедлива воинка. Дијана израснала на рајскиот остров Темискира и го напушта својот дом кога таму се урива еден американски пилот (Крис Пајн) и раскажува за конфликтот кој беснее таму. Убедена дека може да ја спречи заканата и дека може да се бори заедно со мажите во војната за крај на сите војни, Дијана ќе ги открие својата моќ и судбина.
mk
HBO
16:12
Мама миа!
Мерил Стрип води ѕвездена актерска екипа во оваа музичка прослава за мајките, ќерките и татковците и за вистинската љубов.Добитничката на награда од Академијата, Мерил Стрип, предводи ѕвездена актерска екипа во оваа филмска адаптација на омилениот мјузикл со вечните песни и мелодии на иконската супер група, АББА. Стрип прикажува една силна и независна сопственичка на хотел на еден идиличен грчки остров, подготвувајќи се да ја приреди свадбата на ќерка си. Помеѓу гостите нема да бидат само нејзините најстари и најдраги пријатели, туку и тројцата мажи од нејзиното минато, кои нејзината ќерка тајно ги поканила бидејќи се сомнева дека еден од нив можеби е нејзиниот татко! "Мајко мила!" е филм за мајките и ќерките, за старите пријатели и за новонајдените роднини. Во другите улоги се Пирс Броснан, Колин Фирт, Кристин Барански, Џули Волтерс и Аманда Сејфрид.
mk
HBO
18:01
Јастог
Љубовна приказна која се одвива во дистопичната блиска иднина каде што луѓето без партнер ги носат во еден морничав хотел. Таму мораат да си најдат партнер за 45 дена."Јастог" е љубовна приказна со малку црн хумор каде што наоѓањето љубов е прашање на живот и смрт. Љубовната приказна се одвива во блиската иднина каде што луѓето без партнер, во согласност со градските закони, се апсат и се носат во Хотелот. Таму мораат да си најдат партнер во рок од 45 дена. Ако не успеат, ги претвораат во животно што самите ќе си го изберат и ги пуштаат во шумата. Еден очаен маж бега од хотелот во шумата, каде што живее бунтовната група наречена "Самци" и се вљубува, иако тоа ги прекршува правилата.
mk
HBO
20:02
Персиска верзија
Славеничка приказна за една млада жена од Бруклин која се справува со својот културен идентитет и нејзиното живописно семејство.Во оваа славеничка приказна за една млада жена во Бруклин, Лејла се стреми да најде рамнотежа и да ги прифати нејзините спротивставени култури, истовремено предизвикувајќи ги етикетите коишто врз неа ги проектира општеството. Кога нејзиното бучно семејство повторно се соединува во Њујорк за трансплантација на срце на татко ?, Лејла го одржува својот "вистински" живот одвоен од семејниот живот. Но кога нејзината тајна е откриена, се откриваат и далечните паралели меѓу нејзиниот живот и животот на мајка ? Ширин.
mk
HBO
21:53
Немонтиран Кан
Високо адреналинско и возбудливо искуство за она што Канскиот фестивал го претставуваше низ годините и што би можел да понуди во иднина.Славните ексцеси, триумфи и неуспеси на Кан се приказна која бара да се раскаже. "Немонтиран Кан" ужива во гламурот, црвените теписи, филмовите, лудилото, акробациите, зделките, забавите и личностите кои гледаат како шоу-бизнисот се вградува две недели секоја година на француската ривиера. Филмот нуди возбудливо искуство за она што фестивалот го претставуваше низ годините и што би можел да понуди во иднина. Со увид од уметничкиот директор на фестивалот, Тиери Фремо; Редовните посетители на Кан, Тилда Свинтон, Жулиет Бинош и Леа Сејду; фрежисерите како Оливер Стоун, Лин Ремзи, Мајк Ли, Квентин Тарантино, Шон Бејкер, Кен Лоуч и Вим Вендерс; и актерските и техничките екипи вклучувајќи продуценти, новинари, фотографи, директори, модни дизајнери, организатори на забави и менаџери на хотели.
mk
HBO
23:16
Рехабилитација во Синанон:.
Кога неговата сопруга ќе почине, Чак станува поголем тиранин и бара од сите членови кои се во брак да си најдат нови партнери.Како што неговото однесување станува с? повоинствено и навредливо, Чак го трансформира училиштето на Синанон во воен камп за деликвенти каде што изобилува физичкото казнување. Потоа, кога неговата сопруга ќе умре, Чак брзо се преженува и издава нова директива дека членовите мора да се разведат и да најдат нови партнери - дополнително комплицирајќи ги животите на неговите најпосветени следбеници.
mk
HBO

ТВ водич - петак, 24.05.2024.

00:21
Сместување
Млада брачна двојка која е заглавена во изолиран мотел, открива скриени видео камери во нивната соба. Наскоро сфаќаат дека доколку не избегаат, тие ќе бидат следните жртви на експлицитен филм.Млада брачна двојка која е заглавена во изолиран мотел, открива скриени видео камери во нивната соба. Наскоро сфаќаат дека доколку не избегаат, тие ќе бидат следните жртви на експлицитен филм.
mk
HBO
01:48
Падот на блек хок
Во 1993 година, елитна група американски ренџери и Делта војници се испратени во Сомалија на критична мисија да фатат еден насилен сомалиски воен лидер.Во 1993 година, елитна група американски ренџери и Делта војници се испратени во Сомалија на критична мисија да фатат еден насилен сомалиски воен лидер. Кога мисијата тргнува на лошо, тие буквално се борат за своите животи.
mk
HBO
04:12
Екс макина
26-годишниот програмер Кејлеб е одбран да учествува во еден чуден и фасцинантен експеримент во кој мора да комуницира со првата вистинска вештачка интелигенција на светот, сместена во телото на една.Кејлеб Смит (Домал Глисон) е 26-годишен програмер во најголемата компанија за интернет на светот. Тој победува на натпревар и добива викенд во еден приватен имот на планина, во друштво со брилијантниот и таинствен директор Нејтан Бејтман (Оскар Ајзак). Но, кога Кејлеб пристигнува во далечната локација, тој открива дека ќе мора да учествува во чуден и фасцинантен експеримент во кој ќе комуницира со првата вистинска вештачка интелигенција на светот, сместена во телото на убавата роботка Ава (Алиша Викандер).
mk
HBO
06:00
Каубој Бибоп: Филм
Спајк и тимот ловци на награди од вселенскиот брод Бибоп бараат терористи кои разнеле резервоар со хемикалии, надевајќи се на голема награда.Во вселенскиот брод, на Бибоп, Спајк и на неговиот тим ловци на награди им е здодевно. Но вестите менуваат с?: на автопат до Марс, непосредно пред Ноќта на вештерките, негативците разнесуваат резервоар за хемикалии. Понудена е значителна награда за фаќање на терористите. Заснована е на популарната јапонска телевизиска серија "Каубој Бибоп", а е во режија на Шиничиро Ватанабе, еден од најголемите таленти во јапонската кинематографија.
mk
HBO
07:56
Дрвја и други поврзаности
Овој документарец од режисерката Ирена Тејлор н? носи на поетично патување кое следи шест различни ликa и нивните врски со дрвјата.Овој оригинален документарец на HBO режиран од добитничката на ,,Оскар" Ирена Тејлор, н? носи на поетично патување за врските помеѓу човештвото и природата преку приказните на шест ликa и нивните врски со дрвјата.
mk
HBO
09:51
Вознемирен
Приказна за тинејџерка со смртоносна болест, која се вљубува во момче што сака да оди на погреби и за нивната средба со духот на еден јапонски камиказе-пилот од Втората светска војна.Анабел Котон е прекрасна и шармантна пациентка што има рак, но и голема љубов кон животот и природниот свет. Инок Бри е млад маж што се има откажано од животот, откако една несреќа ги зема животите на неговите родители. Кога и двајцата добиваат шанса да се запознаат на еден погреб, тие наоѓаат неочекуван заеднички интерес во своето уникатно гледање на светот. За Инок тоа го вклучува неговиот најдобар пријател Хироши, кој е дух на камиказе-пилот на борбен авион. За Анабел тоа вклучува восхит кон Чарлс Дарвин и интересирање за тоа како живеат другите суштества. Откако дознава за неизбежната смрт на Анабел, Инок се нуди да ? помогне своите последни денови да ги мине со иронија и со предизвикување на судбината и традицијата, па дури и на самата смрт. Како што расте нивната уникатна љубов така расте и реалноста во светот, за кој чувствуваат дека им се затвора. На смел, детски и уникатно редок начин, двајцата се соочуваат со животните предизвици. Борејќи се против болката, бесот и загубата с
mk
HBO
11:26
Холивуд: Hа снимање
Секоја недела, "Холивуд: На снимање" оди зад сцените на три големи филма кои се во продукција, прикажувајќи снимки од снимањето и интервјуа со актери и режисери."Холивуд: На снимање" оди зад сцените и на филмскиот сет за да ви прикаже ексклузивни снимки за најновите филмови. Секоја епизода прикажува 3 нови "блокбастери" кои треба наскоро да излезат, за да ви ги даде сите информации за тоа како се прават тие филмови и кој ги прави!
mk
HBO
11:56
Персиска верзија
Славеничка приказна за една млада жена од Бруклин која се справува со својот културен идентитет и нејзиното живописно семејство.Во оваа славеничка приказна за една млада жена во Бруклин, Лејла се стреми да најде рамнотежа и да ги прифати нејзините спротивставени култури, истовремено предизвикувајќи ги етикетите коишто врз неа ги проектира општеството. Кога нејзиното бучно семејство повторно се соединува во Њујорк за трансплантација на срце на татко ?, Лејла го одржува својот "вистински" живот одвоен од семејниот живот. Но кога нејзината тајна е откриена, се откриваат и далечните паралели меѓу нејзиниот живот и животот на мајка ? Ширин.
mk
HBO
13:47
Малиот директор: Семеен бизнис
Браќата Темплтон пораснаа и се разделија. Но новиот Мал директор ќе се обиде повторно да ги собере заедно со смел план.Поминаа 30 години и браќата Темплтон пораснаа и се разделија. Но новиот Мал директор ќе ги собере повторно за да помогне да се открие злобна завера. Дали Тим и Тед ќе се поврзат повторно за доброто на мисијата?
mk
HBO
15:38
Гран Туризмо
Приказна за исполнување на желбата на еден тинејџер играч на Гран Туризмо чии играчки вештини го водат до тоа да стане вистински професионален возач.Нил Бломкамп (Област 9) ја режира оваа неверојатна вистинска приказна за Јан Марденборо, играч на видеоигри од работничката класа чии вештини на тркачкиот симулатор Гран Туризмо го наведуваат да стане вистински професионален возач на тркачки автомобили. Заедно со тим од необични аутсајдери, неуспешниот поранешен возач на тркачки автомобили Џек Салтер (Дејвид Харбор) и идеалистичкиот директор на мотоспортот Дени Мур (Орландо Блум), ризикуваат с? за да учествуваат во најелитниот спорт на светот.
mk
HBO
17:52
Холивуд: Hа снимање
Секоја недела, "Холивуд: На снимање" оди зад сцените на три големи филма кои се во продукција, прикажувајќи снимки од снимањето и интервјуа со актери и режисери."Холивуд: На снимање" оди зад сцените и на филмскиот сет за да ви прикаже ексклузивни снимки за најновите филмови. Секоја епизода прикажува 3 нови "блокбастери" кои треба наскоро да излезат, за да ви ги даде сите информации за тоа како се прават тие филмови и кој ги прави!
mk
HBO
18:22
Рај за лудаци
Сатирична комедија за несреќниот публицист Лени, кој доаѓа до својата среќа кога му помага на еден маж да стане голема филмска ѕвезда.Сатирична комедија за несреќниот публицист Лени, кој доаѓа до својата среќа кога открива дека маж неодамна ослободен од ментална институција изгледа исто како еден актер кој одбива да ја напушти својата приколка. Со помош на моќен продуцент, Лени му помага на човекот да стане голема ѕвезда, па дури и да се ожени за неговата прекрасна колешка. Нивните авантури ги вкрстуваат со пијани колеги, непочитувани акциони херои, непредвидливи режисери, супер-агент и многу моќни магнати. Славата и богатството не се токму она што го барале, па и двајцата мораат се борат да ги вратат работите кои се најважни.
mk
HBO
20:01
Приказна за еден дух
Кејси Афлек и Руни Мара играат во оваа трогателна љубовна приказна за еден дух кој ја следи својата нажалена жена во нивната стара куќа.Кејси Афлек го глуми Ц, духот на чувствителен композитор кој одлучува да остане во оваа димензија за да ја следи својата ужалена сопруга М (Руни Мара). Како што минува времето, Ц размислува за сопственото наследство додека депресијата на М се претвора во прифаќање и надеж.
mk
HBO
21:31
Американска Пита 4:.
Малку повеќе од една деценија подоцна, соучениците опседнати со секс се обединуваат повторно заедно за нивната годишнина од матура.Малку повеќе од една деценија подоцна, соучениците опседнати со секс се повторно заедно за нивната годишнина од матура, и во еден долгоочекуван викенд откриваат што се сменило а што не, но и дека времето и далечината не можат да ги раскинат врските на пријателството.
mk
HBO