HBO
Дата: 09.05.2024
HBO
Serbia
https://hbogo.rs/

Четверг, 06:01

СИ ЏЕЈ 7

СИ ЏЕЈ 7

Животите на еден сиромашен татко работник и на син му се менуваат кога еден фасцинантен и чуден миленик влегува во нивниот свет.Ти е сиромашен градежен работник кој многу се мачи за да се осигури дека неговиот млад син Дики ќе остане запишан во ексклузивно приватно школо. Но иако Ти прави се што е можно за да му ги даде на син му можностите што тој никогаш ги немал, Дики се уште се чувствува како отпадник од школото поради неговите изветвени алишта и поради тоа што ги нема најновите играчки. Еден ден , Ти открива мистериозна сфера и му ја носи директно на Дики. Иако отпрвин "СИ ЏЕЈ 7" изгледа како нешто чудно и необјасниво, се покажува дека е нешто многу повеќе откако младото момче започнува да си игра со него. Тоа не е вообичаена акциска играчка, туку живо "милениче" со невообичаени моќи. Дики го носи СИ ЏЕЈ 7 во школо со цел да го покаже и да има малку забава. Но СИ ЏЕЈ 7 си има свои идеи за тоа што е забава, и не поминува долго време пред ситуацијата во школото да стане безнадежно изгубена.