HBO 2

HBO 2

Serbia

Guida TV - lunedì, 13/05/2024

00:28
Бришач: Воскреснување
Американски маршал кој работи во програма за заштита на сведоци и сопругата на шефот на меѓународен криминален синдикат се принудени да соработуваат.Американски маршал кој работи во строго класифицирана програма за заштита на сведоци и сопругата на шефот на меѓународен криминален синдикат мора да соработуваат - и да си веруваат еден на друг - за да се спасат и да спречат да се развие уште поголем криминален заговор.
mk
02:08
Снеч
Бескрупулозни боксерски промотори, насилни организатори на обложување, руски гангстер, некомпетентни ограбувачи аматери и наводно еврејски златари, се обидуваат да најдат еден украден дијамант во.Крадецот на дијаманти Френки Четири Прсти (Бенисио Дел Торо) патувајќи кон Њујорк, пристигнува во Лондон за да му испорача еден џиновски дијамант на својот шеф Ави (Денис Фарин). Но откако им испорачува повеќе помали дијаманти на една група од лондонски криминалци, дијамантот паѓа во погрешни раце. Во меѓувреме, двајца боксерски промотори го откриваат ирскиот ромски боксер Мики О'Нил (Бред Пит) со кого се надеваат дека ќе се збогатат ако "падне" при борбата, како што му е кажано. Кога Ави пристигнува во Лондон барајќи го својот дијамант, настанува хаос кога различни групи се придружуваат во потрагата. Во целиот тој хаос ќе видиме лоши темпераменти, кучиња, дијаманти, монтажни куќи, боксери и разновидни оружја.
mk
03:51
Фантомска нишка
Рејнолдс Вудкок е познат кројач чиј педантен живот е нарушен од една млада жена со силна волја, Алма, која станува негова муза и љубовница.Рејнолдс Вудкок е познат кројач чиј педантен живот е нарушен од една млада жена со силна волја, Алма, која станува негова муза и љубовница.
mk
06:01
Египетскиот принц
Епска авантура на двајца браќа - едниот владетел на моќна империја, а другиот избран водач на својот народ. Нивната последна конфронтација засекогаш ќе го промени светот.Епска авантура на двајца браќа - едниот владетел на моќна империја, а другиот избран водач на својот народ. Нивната последна конфронтација засекогаш ќе го промени светот.
mk
07:41
Мама миа!
Мерил Стрип води ѕвездена актерска екипа во оваа музичка прослава за мајките, ќерките и татковците и за вистинската љубов.Добитничката на награда од Академијата, Мерил Стрип, предводи ѕвездена актерска екипа во оваа филмска адаптација на омилениот мјузикл со вечните песни и мелодии на иконската супер група, АББА. Стрип прикажува една силна и независна сопственичка на хотел на еден идиличен грчки остров, подготвувајќи се да ја приреди свадбата на ќерка си. Помеѓу гостите нема да бидат само нејзините најстари и најдраги пријатели, туку и тројцата мажи од нејзиното минато, кои нејзината ќерка тајно ги поканила бидејќи се сомнева дека еден од нив можеби е нејзиниот татко! "Мајко мила!" е филм за мајките и ќерките, за старите пријатели и за новонајдените роднини. Во другите улоги се Пирс Броснан, Колин Фирт, Кристин Барански, Џули Волтерс и Аманда Сејфрид.
mk
09:27
Мама Миа! Одиме повторно
Придружете ? се на прославата и откријте како започна с?! Десет години по "Мама Миа!", оригиналната постава се враќа во ова продолжение на мјузиклот.Придружете ? се на прославата, пејте и танцувајте и откријте како започна с?! Десет години откако филмот "Мама Миа!" беше премиерно прикажан, поканети сте назад на магичниот грчки остров Калокери во ова музичко продолжение засновано на песните на АББА. Софи сега е бремена, и исто како и мајка ? Дона, ќе мора да преземе ризици. Оригиналната актерска екипа на филмот се враќа, со нови додатоци вклучувајќи ги Лили Џејмс како младата Дона, Енди Гарсија и Шер.
mk
11:20
Средина
Френки панично ја претресува куќата за подарокот за дипломирање за Аксел, кој го има купено и сокриено пред повеќе месеци.Френки панично ја претресува куќата за подарокот за дипломирање за Аксел, кој го има купено и сокриено пред повеќе месеци.
mk
11:42
Средина
Френки, Мајк и Брик сфаќаат дека имаат повеќе среќа откако извидниците по грешка ќе ја напишат адресата на семејството Донахју пред нивната куќа.Френки, Мајк и Брик сфаќаат дека имаат повеќе среќа откако извидниците по грешка ќе ја напишат адресата на семејството Донахју пред нивната куќа.
mk
12:06
Торта од моркови:.
И покрај неодобрувањето на нејзиниот свршеник, пекарката и детективка-аматер Хана Свенсен решава да истражи скелет најден во зграда во изградба.Скелет пронајден во зграда во изградба во Лејк Едем го открива вистинскиот идентитет на еден омилен жител. И покрај неодобрувањето на нејзиниот свршеник, пекарката и детективка-аматер Хана Свенсен решава да истражи можно убиство и бара помош од мајка ? за да ја открие вистината.
mk
13:31
Автомобили од соништата на.
Роберт го трансформира својот зачуван Ел Камино од 1985 година во нешто неверојатно.Роберт го трансформира својот зачуван Ел Камино од 1985 година во нешто неверојатно.
mk
14:21
Источен Њујорк
7-4 се соочува со огромен притисок да го реши убиството на помошникот окружен-обвинител.Откако помошникот окружен обвинител е најден мртов по појавувањето на суд, Хејвуд и Суарез се соочуваат со огромен притисок да го решат случајот. Исто така, Килијан се обраќа до сомнителен извор за помош за личен проблем.
mk
15:06
Подобро не може да биде
На Мелвин (Џек Николсон), ексцентричен и нетолерантен опсесивно-компулсивен писател, животот му се превртува кога единствената келнерка што може да го поднесе, Керол (Хелен Хант), ја напушта.Тројниот добитник на "Оскар", Џек Николсон, го игра Мелвин Удал, дисфункционален, дрзок писател кој страда од опсесивно-компулсивно растројство. Дневната рутина на Мелвин е целосно нарушена кога единствената келнерка во неговото омилено кафуле што може да го поднесе, Керол Конели (Хелен Хант), мора да отсуствува поради хроничната астма на син ?. Првично воден од компулсивноста да ? се врати на својата дневна рутина, Мелвин се понудува да ? помогне. Но, благодарноста на Керол ја води подлабоко во хаотичниот живот на овој чуден мизантроп. Кога неговиот сосед, актерот Сајмон (Грег Кинеар) и неговото малечко куче Вердел влегуваат во животот на Мелвин, Мелвин, Керол и Сајмон почнуваат да откриваат работи што никогаш не очекувале дека ќе ги научат за себе и за другите.
mk
17:21
Игби
Бунтовниот тинејџер Игби е во војна со наследените привилегии во кои бил роден.Игби Слокумб е бунтовно и саркастично 17-годишно момче кое е во војна со наследените привилегии во кои бил роден. Тој има татко шизофреничар и себична мајка, како и алчен поголем брат, па Игби си помислува дека сигурно мора да има подобар живот некаде таму и оди да го бара. Откако го бркаат од уште едно училиште, Игби е испратен на воена академија во омразениот Среден Запад. Со помош на кредитната картичка на мајка си, тој се дава во бегство. Неговото комично патување на крајот го носи во Њујорк, каде што се крие кај својот кум. Таму среќава разни ликови, вклучително и девојката на неговиот кум, која е кореограф, како и Суки Саперстајн, која постојано се досадува. Во потрагата по слобода од своето репресивно и нефункционално семејство, борбата на Игби е воедно и комична и трагична поради обидот да се спаси себеси од пропаѓање.
mk
19:00
Викај ме со твоето име
Во Италија од 1980-тите, се раѓа романса меѓу Елио, 17-годишно младо момче кое ги поминува деновите во семејната вила, и Оливер, 24-годишен американски студент кој има задача да му помага на таткото.Лето во 1983-тата во Северна Италија и Елио, внимателно 17-годишно момче, деновите ги поминува во семејната вила од 17-тиот век, препишувајќи и свирејќи класична музика, со читање и со флертување со неговата пријателка Марција. Додека софистицираната и интелектуална дарба на Елио посочува дека е веќе возрасен, има уште многу нешта што остануваат недопрени и несозреани за него, особено љубовта. Еден ден, Оливер, шармантен, 24-годишен американски студент кој работи на својот докторат, пристигнува како летен практикант со задача да му помага на таткото на Елио, еминентен професор кој е специјалист за грчко-римската култура. Сред сончевиот пејзаж, Елио и Оливер ја откриваат убавината на будењето на страста во текот на едно лето што ќе ги промени нивните животи засекогаш.
mk
21:15
Бунт
"Бунт" го прикажува движењето за правата на хомосексуалците во 1970-тите во Австралија и посветените луѓе кои го прифатија славењето на различноста.Инспириран од вистински настани што се случиле во Австралија во 1978 година, овој филм следи група активисти во Сиднеј кои се залагаат за декриминализирање на хомосексуалноста преку организирање и учество на првиот Сиднејски геј и лезбијски Марди Грас, надминувајќи го противењето на полицијата за да поттикне движење.
mk
23:05
Подмолно: Црвената врата
Ламбертови мораат да одат длабоко зад црвената врата кога демоните потиснати повеќе од цела деценија се враќаат за да ги прогонуваат.Патрик Вилсон е режисер и актер во последното поглавје на франшизата. Десет години откако Џош (Вилсон) и Далтон (Тај Симпкинс) биле хипнотизирани за да го заборават своето ѕвездено патување, таткото и синот мораат повторно да одат зад црвената врата каде што демоните кои порано биле потиснати се враќаат за да го прогонуваат семејството.
mk

Guida TV - martedì, 14/05/2024

00:55
Калуѓерка
Еден свештеник со мрачно минато и една калуѓерка се испратени од страна на Ватикан да ја истражат смртта на една млада калуѓерка во Романија.Кога една млада калуѓерка се самоубива во Романија, еден свештеник со мрачно минато (Демјан Бичир) и една нова калуѓерка (Тајса Фармига) се испратени од страна на Ватикан да извршат истрага. Тие заедно откриваат една мрачна тајна и ги ризикуваат своите животи, вербата, како и сопствените души кога се соочуваат со мрачната сила на една демонска калуѓерка, а манастирот се претвора во сцена на ужасна битка помеѓу живите и проколнатите.
mk
02:35
Како овци меѓу волци
Сестра и брат се вклучени во истиот грабеж на спротивните страни на барикадата: таа како полицаец, тој како криминалец.Сестра и брат кои не се виделе со години се вклучени во истиот грабеж на спротивните страни на барикадата: таа како полицаец, тој како криминалец. Старите рани повторно се појавуваат, а парот ќе мора да направи некои избори кои сериозно ќе ги загрозат нивните цели.
mk
04:17
Вистината за мене
Кејт месечари низ животот кога случајната сексуална средба со харизматичен странец ќе ја разбуди. Сето тоа прераснува во неверојатен љубовен занес.Кејт месечари низ животот кога случајната сексуална средба со харизматичен странец ќе ја разбуди. Сето тоа прераснува во неверојатен љубовен занес.
mk
06:00
Авантурите на готвачот Џек
Откако греши со рецептот, готвачот Џек мора да си ја врати репутацијата. Но мора да научи да работи во тим заедно со готвачот почетник, Леонард.Откако направил погрешен рецепт и видел дека неговата репутација драстично паѓа, Џек, готвач кој ги истражува четирите страни на светот во потрага по состојки за неговите јадења, се обидува да се врати на врвот во кулинарски натпревар. Но за тоа мора да научи да работи во тим кога ќе му се придружи готвачот почетник, Леонард.
mk
07:20
Алоха
Прославен воен изведувач се враќа на местото на неговите најголеми триумфи во кариерата и повторно се поврзува со дамнешна љубов, додека неочекувано се вљубува во офицерка на воздухопловните сили.Прославен воен изведувач се враќа на местото на неговите најголеми триумфи во кариерата и повторно се поврзува со дамнешна љубов, додека неочекувано се вљубува во офицерка на воздухопловните сили што му е доделена.
mk
09:05
Селест и Џеси засекогаш
Оваа романтична драма се фокусира на двојка која останува блиска и по нивниот развод.Селест и Џеси се сретнале во средно училиште, млади стапиле во брак и сега нивните патишта се разделуваат. Селест има триесет години и е сопственичка на компанија за консалтинг во медиумите, а Џеси повторно е невработен и не му се брза да прави нешто посебно во неговиот живот. Селест е убедена дека разводот од Џеси е вистинскиот чекор бидејќи таа напредува а тој не оди никаде, па ако тоа го сторат сега а не подоцна, тие сепак би можеле да останат добри пријатели. Џеси пасивно ја прифаќа оваа преобразба кон пријателски однос, иако с? уште е вљубен во неа. Кога настапува реалноста на нивната разделба, Селест полека сфаќа дека таа доминирала во нивната врска и дека нејзината одлука, која порано ? изгледала зрела и прогресивна, сега ? изгледа импулсивна и себична. Но, се чини, тоа е сепак вистинско време за постапката кон Џеси. Додека се снаоѓаат низ турбулентните промени во нивните животи и срца, двајцата откриваат дека зако навистина сакаш некого, можеби треба да го пуштиш да си замине.
mk
10:35
Средина
Откако конечно ќе дипломира, Аксел им кажува на Френки и Мајк дека планира да патува низ Европа летото заедно со Кени.Откако конечно ќе дипломира, Аксел им кажува на Френки и Мајк дека планира да патува низ Европа летото заедно со Кени.
mk
11:00
Филмот на лутите птици 2
Кога се појавува закана што ги доведува во опасност островите на птиците и прасињата, нелетачките лути птици се здружуваат со неколку зелени прасиња за да формираат лабилно примирје и да состават.Нелетачките лути птици и пресметливите зелени прасиња ги носат своите несогласувања на ново ниво во "Филмот на лутите птици 2!" Кога се појавува закана што ги доведува во опасност островите на птиците и прасињата, Ред, Чак, Бомб и Големиот Орел ја вклучуваат Силвер, сестрата на Чак, и се здружуваат со прасињата Леонард, неговата помошничка Кортни и Гери за да формираат нестабилно примирје и да состават супертим за да си ги спасат домовите.
mk
12:40
Господар на прстените
Срамежлив млад хобит по име Фродо Багинс, придружуван од волшебник, виленик, џуџе, двајца мажи и тројца лојални хобити, започнува патешествие за да го уништи моќниот Единствен прстен и да ја спаси.Во првиот дел од епското ремек-дело на Џ.Р.Р. Толкин, "Господар на прстените", срамежливиот млад хобит по име Фродо Багинс наследува едноставен златен прстен. Тој знае дека прстенот има моќи, но и не дека тој самиот ја чува тајната за опстанокот - или поробувањето на целиот свет. Сега Фродо, придружуван од волшебник, виленик, џуџе, двајца мажи и тројца лојални хобити, мора да стане најголемиот херој што го знае светот за да ги спаси земјата и луѓето што ги сака.
mk
15:35
Чарли и фабриката за чоколади
Кога ексцентричниот Вили Вонка им ветува доживотно снабдување со слатки и обиколка на неговата фабрика за чоколади на пет среќни деца, сиромавиот Чарли Бакет го бара непроценливиот златен билет што.Кога ексцентричниот Вили Вонка им ветува доживотно снабдување со слатки и обиколка на неговата фабрика за чоколади на пет среќни деца, сиромавиот Чарли Бакет го бара непроценливиот златен билет што ќе го направи победник.
mk
17:30
Удри по тапанот
Во пролетта 1970 година, едно мало село во Вале доживува необична вознемиреност. Дали тоа е поради правото на глас на жените? Или поради претстојниот референдум за протерување на странците?Во пролетта 1970 година, едно мало село во Вале доживува необична вознемиреност. Дали тоа е поради правото на глас на жените? Или поради претстојниот референдум за протерување на странците? Не, полошо е: селскиот дувачки оркестар се распадна! Половина од селото вели дека е вина на Алоја, другата половина одговара дека е вина на Пјер. Несогласувањето е музичко, политичко и љубовно.
mk
19:00
Интерстелар
Кога нашето време на Земјата е доведено при крај, еден тим од истражувачи оди на најбитната мисија во човечката историја, патувајќи надвор од оваа галаксија за да открие дали човештвото може да.Во блиската иднина, Земјата е уништена од суша и глад, што предизвикува недостиг на храна и екстремни климатски промени. Кога човештвото се соочува со истребување, се открива еден таинствен расцеп во просторно-временскиот континуум, што на човештвото му дава шанса да го продолжи својот животен век. Една група истражувачи мора да отпатува надвор од нашиот сончев систем во потрага по планета на која е можен живот. Екипажот на "Ендјуранс" мора да патува подалеку од кој било човек во историјата, одејќи на меѓуѕвездено патување во непознатото. Куп, пилотот на "Ендјуранс", мора да направи избор меѓу тоа да не ги види своите деца никогаш веќе и да ја спаси иднината на човечката раса.
mk
21:50
Црни минути
Група млади полицајци се соочуваат со најмрачните моменти од животите обидувајќи се да фатат сериски убиец во корумпиран град во Мексиканскиот Залив.Во доцните 1970-ти, група млади полицајци предводени од поранешниот музичар кој станал детектив, Висенте Ренџел, ќе се соочат со најмрачните моменти од своите животи додека се обидуваат да фатат сериски убиец на млади девојки во корумпиран нафтен град во Мексиканскиот Залив.
mk