HBO 2

HBO 2

Serbia

Guía de TV - miércoles, 08/05/24Ahora

01:06
Откачено
Верзија на жанрот за замена на тела што можат да го смислат само умовите зад "Среќен ден на смртта": тинејџерка го заменува телото со сериски убиец.Винс Вон и Кетрин Њутн играат во оваа хорор верзија на класичниот жанр за замена на тела што би можеле да го смислат само умовите зад "Среќен ден на смртта": тинејџерка го заменува телото со немилосрден сериски убиец! Кога 17-годишната Мили (Њутон) се буди во тело на Касапот (Вон), таа има само 24 часа да го смени проклетството пред замената да стане постојана.
mk
02:47
Ова е крајот
"Ова е крајот" прикажува шестмина пријатели заробени во куќа по серија катастрофи што го разурнуваат Лос Анџелес.Комедијата "Ова е крајот" прикажува шестмина пријатели заробени во куќа откако серија чудни и катастрофални настани го разурнуваат Лос Анџелес. Додека надвор светот се распаѓа, малите резерви и тесниот простор се закануваат да го растурат нивното пријателство внатре во куќата. На крајот, тие се присилени да ја напуштат куќата, соочувајќи се со својата судбина и со вистинското значење на пријателството и покајанието.
mk
04:36
Лигната и китот
Во 1986 г. во Бруклин, ексцентричното семејство на псевдоинтелектуалци, составено од универзитетскиот професор Бернард и познатата писателка Џоан, се раздвојува, оставајќи ги двата сина Волт (16) и.Писателот и режисер Ноа Баумбах беше номиниран за "Оскар" за неговото сценарио на овој многу наградуван филм, кој ја прикажува внатрешната слика на едно семејство во криза во 1966 г. во Бруклин. Професорот и автор Бернард (Џеф Даниелс) и неговата неуморна жена Џоан (Лора Лини), надежна писателка, се откажуваат од бракот. Нивните два сина, Волт (Џеси Ајзенберг), на 16 години, и Френк (Овен Клајн), на 12 години, се оставени да се справуваат со нивните конфузни и конфликтни чувства. За Волт искуството е нежно и забавно, додека за Френк тоа е измачувачки прерано. Емоционалните тензии и напор што произлегуваат во текот на овој тежок период се дадени на многу суптилен и нијансиран начин за тоа како едно семејство во транзиција учи да се редефинира.
mk
06:01
Вонка
Чудесна приказна за тоа како најголемиот светски пронаоѓач, магионичар и подготвувач на чоколади, стана саканиот Вили Вонка што го знаеме денес.Заснован на извонредниот лик од "Чарли и фабриката за чоколади", најкултната детска книга на Роалд Дал и една од најпродаваните книги за деца на сите времиња, "Вонка" ја раскажува чудесната приказна за тоа како најголемиот светски пронаоѓач, магионичар и подготвувач на чоколади, стана саканиот Вили Вонка што го знаеме денес. Од Пол Кинг, писател/режисер на филмовите за мечето Падингтон, Дејвид Хејман, продуцент на "Хари Потер", "Гравитација", "Фантастични ѕверки" и "Мечето Падингтон", ни доаѓа оваа опојна мешавина од магија и музика, хаос и емоции, сето тоа кажано со неверојатно срце и хумор. Со Тимоти Шаламе во главната улога, овој неодоливо живописен и инвентивен кино спектакл ќе ја запознае публиката со младиот Вили Вонка, полн со идеи и решен да го промени светот - залак по залак.
mk
08:00
Почеток
Почитуваниот режисер, Кристофер Нолан ("Темниот витез") предводи меѓународна актерска екипа во филмот "Почеток", оригинална научно-фантастична акција која н? води низ планетата и во интимниот и.Почитуваниот режисер, Кристофер Нолан ("Темниот витез") предводи меѓународна актерска екипа во филмот "Почеток", оригинална научно-фантастична акција која н? води низ планетата и во интимниот и бескраен свет на сништата. Дом Коб (Леонардо Дикаприо) е вешт крадец, највештиот во опасната уметност на "извлекувањето": крадењето вредни тајни од длабочината на потсвесното при состојба на сон, кога умот е најранлив. Ретката способност на Коб го прави посакуван играч во овој опасен нов свет на корпоративната шпионажа, но поради тоа е и меѓународен бегалец и ризикува с? што некогаш сакал. Коб сега добива шанса за избавување. Само една задача може да му го врати животот, но само доколку го постигне невозможното. Наместо совршениот грабеж, Коб и неговиот тим од специјалисти треба да го изведат обратното, нивната задача не е да украдат идеја, туку да вградат идеја. Ако успеат, тоа може да биде совршено злосторство. Но, никакво внимателно планирање или експертиза не може да го подготви тимот за опасниот непријател кој се чини како да го предвидува секој нивен потег. Непријател кој само Коб можеше да го предвиди. Вашиот ум е местото на злосторот.
mk
10:25
Средина
Откако Френки ќе проба да го натера тврдоглавиот Мајк да оди кај д-р Гудвин за забоболката, Мајк го убедува докторот да го остави забот намира и да ? каже на Френки дека с? е ОК.Откако Френки ќе проба да го натера тврдоглавиот Мајк да оди кај д-р Гудвин за забоболката, Мајк го убедува докторот да го остави забот намира и да ? каже на Френки дека с? е ОК.
mk
10:47
Средина
Лекси оди на пролетниот распуст кај семејството Хек и ? признава на Су дека е вљубена во Аксел.Лекси оди на пролетниот распуст кај семејството Хек и ? признава на Су дека е вљубена во Аксел.
mk
11:12
Бојата на пурпурот
"Warner Bros. Pictures" ве кани да го доживеете извонредното сестринство на три жени кои делат една нераскинлива врска во "Бојата на пурпурот"."Warner Bros. Pictures" ве кани да го доживеете извонредното сестринство на три жени кои делат една нераскинлива врска во "Бојата на пурпурот". Овој храбар нов поглед на саканиот класик е режиран од Блиц Базавул и продуциран од Опра Винфри, Стивен Спилберг, Скот Сандерс и Квинси Џонс.
49%
mk
13:31
Насликај го златно
Ренцо е сликар во егзистенцијална криза. Неговиот пријател и агент Артур му помага да развие смел план за да се вратат во центарот на вниманието.Артур, страстен сопственик на париска уметничка галерија, го претставува Ренцо, долгогодишен пријател и радикален фигуративен сликар заглавен во егзистенцијална криза. Страдајќи од сликарска блокада, вознемирен, Ренцо паѓа во депресија. За да се спасат, Артур развива храбар план да ги врати и двајцата во центарот на вниманието.
mk
15:06
С? е вистина
Портрет на Вилијам Шекспир за време на неговите 3 последни години од животот, кога го напушта Лондон и се враќа во Стратфорд.Во 1613 г., Шекспир (Кенет Брана) е признат за најголем писател на своето време. Но се случува катастрофа кога неговиот познат театар "Глоуб" ќе изгори до темел, а уништениот Шекспир се враќа во Стратфорд, каде што мора да се соочи со проблематичното минато и запуштеното семејство. Прогонуван од смртта на единствениот син Хамнет, тој се мачи да ги поправи нарушените врски со сопругата (Џуди Денч) и ќерките. Додека се справува со тоа, тој безмилосно е принуден да си ги преиспита чувствата како сопруг и татко. Неговата многу лична потрага по вистината ги открива тајните и лагите во семејството кое е во војна.
mk
16:47
Заговорот против Америка
Херман, Бес и Филип се мачат да го прифатат фактот дека семејството е избрано за итна преселба во Кентаки."Заверата против Америка", лимитирана серија од шест дела која е заснована на истоимениот роман на Филип Рот, ја замислува алтернативната американска историја за време на Втората светска војна, раскажана преку очите на едно работничко еврејско семејство во Њу Џерси, додека го следи политичкиот подем на Чарлс Линдберг, херојот авијатичар и ксенофобичен популист, кој станува претседател и ја врти нацијата кон фашизмот. Првата епизода започнува во приквечерието на изборниот циклус во 1940 г., кога Френклин Рузвелт, претседател во два мандата и професионален политичар каков што може да произведе демократијата, одеднаш е предизвикан од политички аутсајдер. Линдберг станал славен со својот самостоен лет преку Атлантскиот Океан пред 13 години и во очите на многу Американци спаѓа во редот на најголемите херои.
mk
17:47
Заговорот против Америка
Финале на серијата. Семејните врски во семејството Левин доаѓаат до точка на вриење кога насилството, конспирациите и хаосот почнуваат да дивеат во изборното предвечерие."Заверата против Америка", лимитирана серија од шест дела која е заснована на истоимениот роман на Филип Рот, ја замислува алтернативната американска историја за време на Втората светска војна, раскажана преку очите на едно работничко еврејско семејство во Њу Џерси, додека го следи политичкиот подем на Чарлс Линдберг, херојот авијатичар и ксенофобичен популист, кој станува претседател и ја врти нацијата кон фашизмот. Првата епизода започнува во приквечерието на изборниот циклус во 1940 г., кога Френклин Рузвелт, претседател во два мандата и професионален политичар каков што може да произведе демократијата, одеднаш е предизвикан од политички аутсајдер. Линдберг станал славен со својот самостоен лет преку Атлантскиот Океан пред 13 години и во очите на многу Американци спаѓа во редот на најголемите херои.
mk
19:00
Лига на правдата на Зек.
Одлучен да се осигури дека конечното жртвување на Супермен не било залудно, Брус Вејн ги здружува силите со Дијана Принс и планира да регрутира тим од мета-луѓе за да го заштитат светот од.Во "Лига на правдата на Зек Снајдер", одлучен да се осигури дека конечното жртвување на Супермен не било залудно, Брус Вејн (Бен Афлек) ги здружува силите со Дијана Принс и планира да регрутира тим од мета-луѓе за да го заштитат светот од надоаѓачка закана со катастрофални димензии. Задачата излегува потешка отколку што замислувал Брус, а секој од регрутите мора да се соочи со своите демони од минатото за да го надмине она што го попречува. Тоа им овозможува да се здружат и конечно да создадат ненадмината лига на херои. Сега обединети, Бетмен (Афлек), Вондервумен (Гадот), Аквамен (Џејсон Момоа), Киборг (Реј Фишер) и Флеш (Езра Милер), можеби доцнат во спасувањето на планетата од Степскиот волк, ДеСад и Дарксид и од нивните смртоносни намери.
mk
23:00
Полн круг
Одлучна да ја промени својата судбина, г-ѓа Махабир кова план да го киднапира Џеред, внукот на славниот готвач Џеф Мекаскер.Одлучна да ја промени својата судбина, г-ѓа Махабир кова план да го киднапира Џеред, внукот на славниот готвач Џеф Мекаскер.
mk

Guía de TV - jueves, 09/05/24

00:02
Сису
Еден поранешен фински војник сам се бори против цел баталјон нацисти што се обидуваат да му го украдат златото.Дејствието на филмот се одвива во последните денови од Втората светска војна и го следи поранешниот фински војник Атами кој открива злато во лапландската пустелија и се среќава со германските војници кои се повлекуваат. Кога една група нацисти одлучува да му го украде пленот, Атами почнува борба сам против целиот баталјон.
mk
01:32
Во Бриж
Колин Фарел и Брендан Глисон играат платени убијци кои уживаат на "одмор" во малиот белгиски град Бриж откако работите тргнале наопаку.Колин Фарел и номинираниот за "Оскар" Ралф Фајнс играат во оваа жестока комедија преполна со акција, исполнета со возбудливи бркотници, спектакуларни престрелки и експлозивен крај кој нема да сакате да го пропуштите! Платените убијци Реј (Фарел) и Кен (Брендан Глисон) добиваат наредба да се прикријат во градот Бриж (тоа е во Белгија) откако завршиле голема зделка. Но, бидејќи платените убијци се прават најлошите туристи, тие наскоро се наоѓаат во борба на живот и смрт со комични размери против еден многу гневен криминален шеф (Фајнс)! Подгответе се за урнебесната и непредвидлива забава што ќе ја имате во Бриж.
mk
03:17
Капоте
Во 1959 г. Труман Капоте дознава за убиството на семејство во Канзас и одлучува да напише книга за случајот.Во 1959 г. Труман Капоте, популарен писател за "Њујоркер", дознава за страшното и безмилосно убиство на четиричлено семејство во Холкомб, Канзас. Инспириран од материјалот за приказната, Капоте и неговиот партнер Харпер Ли патуваат во градот да истражуваат. Капоте копа длабоко во приказната што го инспирира за да го прошири проектот во нешто што би било негово најголемо дело, со наслов "Ладнокрвно убиство ". За таа цел, тој организира интервјуа со затворениците, посебно со Пери Смит, молчалив и разумен човек со проблематична историја. Додека работи на својата книга, Капоте развива сочувство спрема Пери, што го наведува да им помогне на затворениците на некој начин. Сепак, тоа чувство предизвикува длабок конфликт со неговата потреба за завршеток на неговата книга кој е можен само со егзекуција на затвореникот. Тој конфликт, како и измешаните мотиви за тој што интервјуира и за субјектот, придонесуваат за проблематично искуство кое ќе резултира со литературно дело што ќе го редефинира модерното романсиерство.
mk
05:10
Убиството на Габи Петито
Онлајн сон. Вистински живот и ноќна мора. Експертите ги проучуваат полициските камери, забележувајќи знаци кои водат до убиството на Габи Петито.Онлајн сон. Вистински живот и ноќна мора. Експертите ги проучуваат полициските камери, забележувајќи знаци кои водат до убиството на Габи Петито.
mk
06:01
Аквамен и изгубеното кралство
Џејсон Момоа одново го игра суперхеројот Аквамен, кој мора да ги здружи силите со брат му Орм за да го спаси семејството и светот од моќен непријател.Џејсон Момоа повторно го игра водниот суперхерој Артур Кари, алијас Аквамен, кој сега води рутински живот како крал на Атлантида и татко на семејство. Но кога неговиот стар непријател Блек Манта повторно ќе се појави помоќен од кога и да е, решен да го одмазди татко му и да уништи с? што му е мило на кралот, Артур мора да му се обрати на својот затворен и огорчен брат Орм (Патрик Вилсон), да ги остави настрана несогласувањата и да ги здружи силите за да го спаси своето семејство, Атлантида - и светот - од уништување. Режисерот Џејмс Вин и Џејсон Момоа како Аквамен - заедно со Патрик Вилсон, Амбер Херд, Јахја Абдул-Матин II и Никол Кидман - се враќаат во ова продолжение.
mk
08:05
Што го уби Марадона
По смртта на фудбалската ѕвезда Диего Марадона, овој специјал ги истражува околностите во неговиот живот кои можеби придонеле до неговиот конечен крај.По смртта на фудбалската ѕвезда Диего Марадона, овој специјал ги истражува околностите во неговиот живот кои можеби придонеле до неговиот конечен крај.
mk
08:55
Фантастични ѕверки и каде да.
Врз основа на книгата на Џ. К.Според книгата на Џ. К. Ролинг, овој филм не претставува ниту ретропродолжение ниту продолжение на серијалот за Хари Потер, туку проширување на светот на волшебниците. Добитникот на "Оскар" Еди Редмејн го игра Њут Шамандер, познатиот магизоолог во светот на волшебниците. Во 1926 година, Шамандер тукушто го завршил патувањето за наоѓање и документирање на неверојатната лепеза од магични суштества. Откако пристигнува во Њујорк на краток престој, таму го сретнува Но-Маџ (американската верзија на Магл), по име Џејкоб. Тука бегаат дел од фантастичните ѕверки на Њут, што носи проблеми и во светот на волшебниците и во светот на Но-Маџ.
mk
11:10
Средина
Аксел ќе налета на речиси сите поранешни девојки на забава за Св. Патрик.Аксел ќе налета на речиси сите поранешни девојки на забава за Св. Патрик.
mk
11:32
Средина
Бил Норвуд е толку вознемирен кога Мајк ќе му го земе водоводџијата за помала цена, што размислува да го прекине нивното пријателство.Бил Норвуд е толку вознемирен кога Мајк ќе му го земе водоводџијата за помала цена, што размислува да го прекине нивното пријателство.
mk
11:53
Игра на доверба
Приказна за силни жени кои ја бранат нивната слободна волја.Приказна за силни жени кои ја бранат нивната слободна волја.
mk
13:36
Правилото на Џорџа
Оскаровката Џејн Фонда, Линдзи Лохан и Фелисити Хафман играат во оваа драма за тешките тајни и поврзувањата на мајчинството.На Лили (Фелисити Хафман) ? е смачено од нејзината бунтовна ќерка Рејчел (Линдзи Лохан), па решава да го однесе девојчето кај баба ? Џорџија (оскаровката Џејн Фонда) на лето. Откако ќе се обединат, трите генерации жени се соочуваат со нивните разлики под ист кров додека се борат со последиците од разорната семејна тајна.
mk
15:26
Алоха
Прославен воен изведувач се враќа на местото на неговите најголеми триумфи во кариерата и повторно се поврзува со дамнешна љубов, додека неочекувано се вљубува во офицерка на воздухопловните сили.Прославен воен изведувач се враќа на местото на неговите најголеми триумфи во кариерата и повторно се поврзува со дамнешна љубов, додека неочекувано се вљубува во офицерка на воздухопловните сили што му е доделена.
mk
17:10
Знам како дишеш
На Невена и на Кемал им е доделен нов случај кој е поврзан со елитен синџир на проституција. Односот на Невена со синот и натаму е затегнат.На Невена и нејзиниот колега Кемал им е доделен нов случај кога девојка ќе биде удрена од камион што ? предизвикува повреди опасни по живот. Сепак, лекарите откриваат повреди кои укажуваат на сексуален напад и агресија. Натамошната истрага открива дека девојката била вмешана во елитен синџир на проституција предводен од нејзината пријателка од факултет Хана во соработка со познатиот бизнисмен Арман. Додека Невена работи на овој случај, нејзиниот однос со синот и натаму е затегнат.
mk
18:02
Знам како дишеш
Откако присуствува на годишнина од матура, Невена ја продолжува својата борба против системот кој сака да го заштити Арман и другите како него.Невена неуморно работи да изгради случај против Арман. Таа знае дека тој ќе продолжи да влијае на девојките кои се согласиле да сведочат против него. Пријателката на Невена, Амра, ја убедува да присуствува на годишнина од матура. На прославата, старите чувства повторно се појавуваат кога Невена ќе наиде на човекот од нејзината младост, Саша. Сепак, Невена брзо се враќа во реалноста и мора да ја продолжи својата борба против системот кој сака да го заштити Арман и другите како него. Во текот на судењето, ниту една од девојките кои се согласиле да сведочат, не се појавува, освен една чие сведочење не е доволно за да го осуди. Арман триумфално излегува од судот.
mk
19:00
Аквамен и изгубеното кралство
Џејсон Момоа одново го игра суперхеројот Аквамен, кој мора да ги здружи силите со брат му Орм за да го спаси семејството и светот од моќен непријател.Џејсон Момоа повторно го игра водниот суперхерој Артур Кари, алијас Аквамен, кој сега води рутински живот како крал на Атлантида и татко на семејство. Но кога неговиот стар непријател Блек Манта повторно ќе се појави помоќен од кога и да е, решен да го одмазди татко му и да уништи с? што му е мило на кралот, Артур мора да му се обрати на својот затворен и огорчен брат Орм (Патрик Вилсон), да ги остави настрана несогласувањата и да ги здружи силите за да го спаси своето семејство, Атлантида - и светот - од уништување. Режисерот Џејмс Вин и Џејсон Момоа како Аквамен - заедно со Патрик Вилсон, Амбер Херд, Јахја Абдул-Матин II и Никол Кидман - се враќаат во ова продолжение.
mk
21:05
Мојот лажен маж
Арогантниот плејбој Леонардо ја најмува самохраната мајка Кејт да му ја чисти јахтата и потоа ја отпушта.Кејт (Ана Фарис) е самохрана мајка на три деца која е најмена да ја чисти луксузната јахта на Леонардо (Еугенио Дербез) кој е себичен, разгален и богат мексикански плејбој. Откако неправедно ја отпушта Кејт и одбива да ? плати, Леонардо паѓа од јахтата на една забава и се буди без сеќавање за себе. За да се одмазди, Кејт се појавува во болницата и го убедува дека тие се во брак. Кога Леонардо се обидува да се навикне на работата и на новото семејство, Кејт почнува да се прашува уште колку долго ќе може да го мами својот лажен маж.
mk
22:56
Големи мали лаги
Финале на сезоната. Селест ја испрашува Мери Луиз за еден трагичен настан од детството на Пери; Медлин е загрижена дека нивната лага ги разделува "Петте жени од Монтереј".Финале на сезоната. Селест ја испрашува Мери Луиз за еден трагичен настан од детството на Пери; Медлин е загрижена дека нивната лага ги разделува "Петте жени од Монтереј".
mk