Sitel
Dátum: 2024-05-15
Sitel
North Macedonia
http://www.sitel.com.mk/

szerda, 16:50

Брза куjна

Брза куjна

Секогаш вкусни јадења за само неколку минути. Економични и брзи јадења за само 20 минути.Секогаш вкусни јадења за само неколку минути. Економични и брзи јадења за само 20 минути. Во Брза Кујна учествуваат две екипи, црвени домати и зелени пиперки, кои во трка со часовникот мораат да подготват и декорираат вкусни јадења за само 20 минути. Публиката во студиото гласа за победникот откако ќе ги проба јадењата. Тимовите се составени од по двајца учесници. Едниот од нив на јавноста и е познат како професионален готвач, а другиот натпреварувач е помошник аматер готвач и во секоја епизода тој ги носи во студиото состојките од кои ќе се подготвува јадењата. Продукцијата ја обезбедува сумата за набавка на продуктите, а натпреварувачот по свој избор купува намирници со кои можат да се зготви предјадење, јадење и десерт. Готвачите немаат никаква идеја какви состојки донеле нивните помошници аматери. На лице место одлучуваат што да готват, водејќи сметка да ги искористат сите состојки, оброкот да биде вкусен и убаво декориран.