HBO 2

HBO 2

Serbia

TV műsorújság - hétfő, 2024-05-20

00:46
Кројачот од Панама
Ловен од британски шпион, еден стилски кројач смислува приказна која неочекувано продолжува да се одвива самостојно.Ловен од британски шпион, еден стилски кројач смислува приказна која неочекувано продолжува да се одвива самостојно.
mk
02:36
Блиндирани
Група полицајци во фирма за безбеден транспорт со блиндирано возило ги ризикуваат животите кога почнуваат грабеж против сопствената компанија.Вооружени со навидум совршен план, планираат да избегаат со големо богатство, без да наштетат никому. Но, кога ќе се замеша неочекуван сведок, планот брзо тргнува наопаку и с? се менува. Режисерот Нимрод Антал е на чело на криминалниот трилер, во кој главната улога ја игра Колумбус Шорт, како Тај, чувар на блиндиран камион, што е вовлечен во план за грабеж смислен од неговиот кум и ментор за работата, Мајк (Мет Дилон). Заедно со тимот во кој се Лоренс Фишбурн, Жан Рено и Скит Улрих, тие бегаат со пратка од 40 милиони долари, но с? почнува да тргнува наопаку кога еден од нив ќе убие бездомник додека ги складираат парите. Тај, кој речиси и не се согласил со работата, туку се повлекол кога неговиот дом бил на раб на запленување, а Детската служба за малку ќе му го одземела детето на брат му, се повлекува од планот и се заклучува во едно од блиндираните возила додека не најде излез од смртоносното сценарио. Додека Тај е заробен во камионот, со половина од пленот, а останатите од групата немаат многу време, донесувајќи животни одлуки за кражбата при која не требаше воопшто да се пролее крв. Работите се усложнуваат уште толку кога еден полицаец (Мило Вентимилја) ќе дојде да разгледа околу скалдиштата, каде што се крие групата.
mk
04:06
Другите дечки
Двајца несоодветни њујоршки детективи ја зграпчуваат можноста да станат како врвните полицајци во градот кои се нивни идоли, само што работите не одат баш по планот.Несоодветните детективи на њујоршката полиција, Гембл и Хојц (Вил Фарел и Марк Валберг) се осудени на доживотна канцелариска работа. Тие се мразат меѓусебно, како и монотонијата на нивните безначајни работи, додека се присилени да живеат во сенката на двајцата најголеми и најопасни полицајци во тимот (Семјуел Л. Џексон и Двејн Џонсон). Но, кога овие двајца ги снемува, доаѓа шанса за Гембл и Хојц. Дали "Другите дечки", кои налетуваат на нешто што би можело да биде најголема серија криминални случаи во последно време, ќе можат да го решат случајот без да се убијат меѓусебно и да ја уништат њујоршката полиција во процесот?
mk
06:01
Малиот директор: Семеен бизнис
Браќата Темплтон пораснаа и се разделија. Но новиот Мал директор ќе се обиде повторно да ги собере заедно со смел план.Поминаа 30 години и браќата Темплтон пораснаа и се разделија. Но новиот Мал директор ќе ги собере повторно за да помогне да се открие злобна завера. Дали Тим и Тед ќе се поврзат повторно за доброто на мисијата?
mk
07:47
Бојата на пурпурот
"Warner Bros. Pictures" ве кани да го доживеете извонредното сестринство на три жени кои делат една нераскинлива врска во "Бојата на пурпурот"."Warner Bros. Pictures" ве кани да го доживеете извонредното сестринство на три жени кои делат една нераскинлива врска во "Бојата на пурпурот". Овој храбар нов поглед на саканиот класик е режиран од Блиц Базавул и продуциран од Опра Винфри, Стивен Спилберг, Скот Сандерс и Квинси Џонс.
mk
10:06
Скокалче
"Скокалче" раскажува комична приказна за Фред, невработен џаболебар кој случајно го повредува Велигденското зајаче и мора да го земе кај себе.Од создавачите на "Одвратниот јас" и режисерот на блокбастерот "Алвин и верверичките" пристигнува сосема новата комедија за слатките, девојките и рокенролот! Спојувајќи ја модерната анимација со акција во живо, филмот "Скокалче" претставува комедија за Е. Б., синот-тинејџер на Велигденското зајаче. Токму пред да го преземе семејниот бизнис, Е. Б. заминува во Холивуд во потрага по својот сон да стане тапанар. Тој го среќава Фред, невработениот џаболебар кој има сопствена цел и случајно го удира Е. Б. со својот автомобил. Преправајќи се дека е повреден, Е. Б. манипулира со Фред за да му обезбеди засолниште, па Фред се наоѓа во ситуација со најлошиот гостин на светот. Ним заедно им се случува серија урнебесни настани и авантури, но на крајот тие меѓусебно си помагаат за да ја препознаат важноста на семејството.
mk
11:40
Средина
Семејството Хек имаат хаотично патување за Денот на благодарноста до куќата на сестрата на Френки, но наскоро ќе налетаат на пречки поради кои може да задоцнат на гозбата.Семејството Хек имаат хаотично патување за Денот на благодарноста до куќата на сестрата на Френки, но наскоро ќе налетаат на пречки поради кои може да задоцнат на гозбата.
mk
12:02
Средина
Аксел оди во Чикаго кај Хач, но открива дека другар му, кој има свој стан и работа, се однесува како одговорен човек, наместо веселиот студент што го знае.Аксел оди во Чикаго кај Хач, но открива дека другар му, кој има свој стан и работа, се однесува како одговорен човек, наместо веселиот студент што го знае.
mk
12:26
Удри по тапанот
Во пролетта 1970 година, едно мало село во Вале доживува необична вознемиреност. Дали тоа е поради правото на глас на жените? Или поради претстојниот референдум за протерување на странците?Во пролетта 1970 година, едно мало село во Вале доживува необична вознемиреност. Дали тоа е поради правото на глас на жените? Или поради претстојниот референдум за протерување на странците? Не, полошо е: селскиот дувачки оркестар се распадна! Половина од селото вели дека е вина на Алоја, другата половина одговара дека е вина на Пјер. Несогласувањето е музичко, политичко и љубовно.
mk
13:56
Автомобили од соништата на.
Роберт купува автомобил што отсекогаш го посакувал - и веднаш почнува да го обновува.Роберт купува автомобил што отсекогаш го посакувал - и веднаш почнува да го обновува.
mk
14:42
Источен Њујорк
Тимот се соочува со неочекувани предизвици.Тимот се соочува со неочекувани предизвици додека го истражува убиството на бездомник. Исто така, Хејвуд и Драјден налетуваат на проблеми во нивната врска, а Квинлан се мачи со одлука во Раскин Гарденс.
mk
15:26
Лоракс
Едно 12-годишно момче ја бара единствената работа што ќе му овозможи да ја добие љубовта на девојката од неговите соништа.Фантастичниот свет на д-р Сус оживува како никогаш порано во оваа визуелно спектакуларна 3Д авантура од создавачите на "Одвратниот јас". Дванаесетгодишниот Тед ќе стори с? за да го најде дрвото Трифула и да ја импресионира девојката од своите соништа. Кога оди на тоа патување, Тед ја открива неверојатната приказна за Лоракс, намуртеното но шармантно суштество, кое зборува со дрјвата. Со гласовите на Дени де Вито, Ед Хелмс, Зак Ефрон, Тејлор Свифт, Роб Риџи, Џени Слејт и Бети Вајт, "Лоракс" на д-р Сус е преполн со урнебесна забава за сите!
mk
16:51
Фантомска нишка
Рејнолдс Вудкок е познат кројач чиј педантен живот е нарушен од една млада жена со силна волја, Алма, која станува негова муза и љубовница.Рејнолдс Вудкок е познат кројач чиј педантен живот е нарушен од една млада жена со силна волја, Алма, која станува негова муза и љубовница.
mk
19:01
Како да го убиеш својот сопруг
Ненси Крамптон-Брофи кој имала вештина да пишува за убиства, е осудена за убиство на сопствениот сопруг.Засновано на вистинска приказна. Ненси Крамптон-Брофи (Сибил Шепард), изгледаше дека има вештина да пишува за убиство. Писателката на романтични трилери поврзани со Портланд пишувала книги за врските кои биле бурни, додека користела заводливи мажи на кориците за да ги намами своите читатели. Честопати, во нејзините книги имало жени протагонистки кои фантазирале за убивање на сопствените сопрузи или за бегство од своите сопрузи и за лажирање на сопствената смрт. И тогаш, во 2022 година, во шокантен пресврт на настаните, Брофи беше осудена за убиство на сопствениот сопруг.
mk
20:31
Криза
Приказните за таен агент, универзитетски професор и ожалостена мајка се судираат во заднината на епидемијата со опијати.Арми Хамер, Гери Олдман и Еванџелина Лили глумат во овој трилер кој се одвива во заднината на епидемијата со опијати при што се судираат приказните за таен агент, универзитетски професор и ожалостена мајка.
mk
22:30
Лигната и китот
Во 1986 г. во Бруклин, ексцентричното семејство на псевдоинтелектуалци, составено од универзитетскиот професор Бернард и познатата писателка Џоан, се раздвојува, оставајќи ги двата сина Волт (16) и.Писателот и режисер Ноа Баумбах беше номиниран за "Оскар" за неговото сценарио на овој многу наградуван филм, кој ја прикажува внатрешната слика на едно семејство во криза во 1966 г. во Бруклин. Професорот и автор Бернард (Џеф Даниелс) и неговата неуморна жена Џоан (Лора Лини), надежна писателка, се откажуваат од бракот. Нивните два сина, Волт (Џеси Ајзенберг), на 16 години, и Френк (Овен Клајн), на 12 години, се оставени да се справуваат со нивните конфузни и конфликтни чувства. За Волт искуството е нежно и забавно, додека за Френк тоа е измачувачки прерано. Емоционалните тензии и напор што произлегуваат во текот на овој тежок период се дадени на многу суптилен и нијансиран начин за тоа како едно семејство во транзиција учи да се редефинира.
mk
23:51
Смртоносна изолација
Еден идеален одмор во карантин се претвора во ужас кога еден неочекуван посетител предизвикува борба за гол живот.Кога светот влегува во изолација поради влошената здравствена криза, Паркер и нејзината најдобра пријателка Мири одлучуваат да се изолираат во семејната викендичка покрај езеро, далеку од цивилизацијата. Тоа што почнува како идеален одмор во карантин се претвора во ужас кога еден неочекуван посетител ги тера да се борат за гол живот.
mk

TV műsorújság - kedd, 2024-05-21

01:16
Капоте
Во 1959 г. Труман Капоте дознава за убиството на семејство во Канзас и одлучува да напише книга за случајот.Во 1959 г. Труман Капоте, популарен писател за "Њујоркер", дознава за страшното и безмилосно убиство на четиричлено семејство во Холкомб, Канзас. Инспириран од материјалот за приказната, Капоте и неговиот партнер Харпер Ли патуваат во градот да истражуваат. Капоте копа длабоко во приказната што го инспирира за да го прошири проектот во нешто што би било негово најголемо дело, со наслов "Ладнокрвно убиство ". За таа цел, тој организира интервјуа со затворениците, посебно со Пери Смит, молчалив и разумен човек со проблематична историја. Додека работи на својата книга, Капоте развива сочувство спрема Пери, што го наведува да им помогне на затворениците на некој начин. Сепак, тоа чувство предизвикува длабок конфликт со неговата потреба за завршеток на неговата книга кој е можен само со егзекуција на затвореникот. Тој конфликт, како и измешаните мотиви за тој што интервјуира и за субјектот, придонесуваат за проблематично искуство кое ќе резултира со литературно дело што ќе го редефинира модерното романсиерство.
mk
03:11
Гнев
Кога група елитни медиумски и политички личности се собираат на приватна забава, тие наскоро сфаќаат дека паднале во смртоносна замка.Во еден затскриен француски замок, група елитни медиумски и политички личности се собираат на приватна вечера. Под сјајот и гламурот се кријат мрачни заговори меѓу екстремистичка група и истакната компанија за емитување вести. Додека Ајви, чувствителна новинарка, почнува да ја разоткрива заплетканата мрежа на тајни, посетителите на забавата сфаќаат дека паднале во смртоносна замка. Во центарот на сето тоа е скромна мајка со мистериозна агенда и смислена одмазда. Посетителите на забавата не мора да се борат само за вистината, туку и за својот живот.
mk
04:32
Како да го убиеш својот сопруг
Ненси Крамптон-Брофи кој имала вештина да пишува за убиства, е осудена за убиство на сопствениот сопруг.Засновано на вистинска приказна. Ненси Крамптон-Брофи (Сибил Шепард), изгледаше дека има вештина да пишува за убиство. Писателката на романтични трилери поврзани со Портланд пишувала книги за врските кои биле бурни, додека користела заводливи мажи на кориците за да ги намами своите читатели. Честопати, во нејзините книги имало жени протагонистки кои фантазирале за убивање на сопствените сопрузи или за бегство од своите сопрузи и за лажирање на сопствената смрт. И тогаш, во 2022 година, во шокантен пресврт на настаните, Брофи беше осудена за убиство на сопствениот сопруг.
mk
06:00
Господин Пибоди и Шерман
Најпаметното куче на светот, г. Пибоди и син му Шерман ја користат својата временска машина за да одат на урнебесни авантури.Најпаметното куче на светот, г. Пибоди и син му Шерман ја користат својата временска машина за да одат на урнебесни авантури. Но, Шерман и неговата пријателка Пени со машината случајно предизвикуваат хаос во светската историја...
mk
07:35
Нескршливата Татјана Суарес
Во овој филм се истражува непоколебливиот дух на ММА борачката Татјана Суарес и се следи нејзиното враќање четири години по повредата.Во овој документарен филм се истражува непоколебливиот дух на ММА борачката Татјана Суарес и се следи нејзиниот пат назад во боречкиот спорт скоро четири години по нејзината повреда. Гледајќи назад на нејзиното неверојатно закрепнување од повредата на вратот, ракот на тироидата и депресијата, Суарес се потсетува на нејзиното патување од боречка надеж до професионална спортистка во УФЦ (Ултимејт Фајтинг Чемпионшип) и на наследството што им го остава на младите жени, особено на оние во латионамериканската заедница.
mk
08:55
Торта од моркови:.
И покрај неодобрувањето на нејзиниот свршеник, пекарката и детективка-аматер Хана Свенсен решава да истражи скелет најден во зграда во изградба.Скелет пронајден во зграда во изградба во Лејк Едем го открива вистинскиот идентитет на еден омилен жител. И покрај неодобрувањето на нејзиниот свршеник, пекарката и детективка-аматер Хана Свенсен решава да истражи можно убиство и бара помош од мајка ? за да ја открие вистината.
mk
10:20
Средина
200. епизода! Кога Орсон ќе биде прогласен за еден од најдобрите 200 градови во Индијана, Френки ќе сфати дека мора да смисли што да стави во временската капсула.200. епизода! Кога Орсон ќе биде прогласен за еден од најдобрите 200 градови во Индијана, Френки ќе сфати дека мора да смисли што да стави во временската капсула.
mk
10:40
Средина
Доаѓа Божиќ и Френки и Су се разочарани кога Аксел ќе им каже дека нема да дојде во црква со нив годинава зашто почнува да се сомнева во својата вера.Доаѓа Божиќ и Френки и Су се разочарани кога Аксел ќе им каже дека нема да дојде во црква со нив годинава зашто почнува да се сомнева во својата вера.
mk
11:05
Вљубеници во храна
Сем е популарна блогерка за храна чиј сон од детството бил да напише своја книга за готвење.Што би направиле за да ја добиете вашата работа од соништата, вистинската љубов и храброста да бидете свои? Сем (32) е популарна блогерка за храна чиј сон од детството бил да напише своја книга за готвење. Кога случајно ќе напише лоша рецензија за ресторан кој го води младиот, страстен готвач во кој случајно се вљубува, таа се закопува во уште подлабока дупка. Загрозени се не само нејзината кариера и нејзиниот животен сон, туку и нејзината можност за врска во која таа навистина може да биде своја.
mk
12:40
Господар на прстените: Две.
Во вториот дел на трилогијата на Толкин, Фродо Багинс и другите членови на Дружината ја продолжуваат нивната света мисија да го уништат Единствениот прстен, но по различни патишта.Во вториот дел на трилогијата на Толкин, Фродо Багинс и другите членови на Дружината ја продолжуваат нивната света мисија да го уништат Единствениот прстен, но по различни патишта. Нивните судбини лежат во двете кули - кулата Ортанк во Исенгард каде што чека корумпираниот волжебник Саруман и тврдината на Саурон во Барад-дур, длабоко во мрачните земји на Мордор.
mk
15:40
Девојка за с?
32-годишната Меди се пријавува на еден оглас од "Крегслист" од двајца родители кои бараат некој да глуми девојка за нивниот срамежлив син.Џенифер Лоренс игра во оваа комедија, во улогата на Меди, неодговорна 32-годишна жена која се пријавува на еден оглас од "Крегслист" од двајца родители кои бараат некој да глуми девојка за нивниот срамежлив син за тој да може да добие малку самодоверба пред да оди на факултет.
mk
17:25
Животот превртен наопаку
Три пара се заглавени дома за време на карантинот. Нивните животи се превртени, и тие се принудени да погледнат еден во друг и на крајот во себе.Три пара кои се познаваат се заглавени дома за време на почетокот на карантинот. Џонатан, Клариса и Пол ќе ги видат нивните животи превртени наопаку, принудени да погледнат еден во друг и на крајот во себе.
mk
19:00
Данкерк
Евакуација на сојузниците од Британија и од Франција кои биле пресретнати и опколени од германската војска на плажите и пристаништето Данкерк во Франција меѓу 26 мај и 4 јуни 1940, за време на.Реномираниот филмограф Кристофер Нолан го пишува, го режира и го продуцира овој воен епски акционен трилер. "Данкерк" започнува со стотици илјади британски и сојузнички сили кои се опколени од непријателските сили покрај северниот француски град за време на Втората светска војна. Заробени на плажа со морето зад грб, тие се соочуваат со невозможна ситуација како што се доближуваат германските сили. Приказната се расплетува на копно, на вода и во воздух. Спитфаерите на РАФ се борат со непријателот на небото над Каналот, обидувајќи се да ги заштитат беспомошните сили долу. Во меѓувреме, бргу составена британска флота ја води легендарната евакуација на над 300 илјади сојузнички воени сили низ тоа што премиерот Винстон Черчил би го нарекол "чудо на спасение".
mk
20:50
Игра на доверба
Приказна за силни жени кои ја бранат нивната слободна волја.Приказна за силни жени кои ја бранат нивната слободна волја.
mk
22:35
Тивка шума
Кога студентката по шумарство Ања Грим оди на стажирање во истата шума каде што исчезнал нејзиниот татко кога била мала, кошмарот од нејзиното детство почнува да открива смртоносна тајна што ја.Кога студентката по шумарство Ања Грим оди на стажирање во истата шума каде што исчезнал нејзиниот татко кога била мала, кошмарот од нејзиното детство почнува да открива смртоносна тајна што ја чувал целиот град.
mk