TV vodič - ponedjeljak, 13.05.2024

01:36
Гневот на Беки
Две години откако се спасува од насилен напад врз нејзиното семејство, Беки мора да му се спротивстави на лидерот на фашистичка организација.Две години откако се спасува од насилен напад врз нејзиното семејство, Беки се обидува да го обнови својот живот под грижа на постара и мила жена по име Елена. Но кога група позната како "Благородните мажи" упаѓа во нивниот дом, ги напаѓа и го зема нејзиното сакано куче Диего, Беки мора да се врати на старите начини да се заштити себеси и своите најблиски.
mk
HBO
03:00
Симпатизер
По долгиот престој во болница, Капетанот открива дека Генералот започнал да регрутира за нова воена операција.Со Парк Чан-Вук и Роберт Дауни Јуниор како извршни продуценти, и заснован на истоимениот роман на Виет Тан Нгуен, добитник на Пулицерова награда, "Симпатизер" го следи полу-францускиот, полу-виетнамски комунистички шпион познат едноставно како Капетан (Хоа Шуанде). Откако го посведочува падот на Сајгон, Капетанот започнува од почеток во Лос Анџелес со своите сонародници бегалци. Капетанот мора да ги балансира своите должности за неговиот шеф од јужновиетнамската армија и неговиот раководител од ЦИА, додека продолжува да работи тајни операции за победничката комунистичка партија во Виетнам. Оваа серија од седум дела истражува како еден човек, фатен меѓу повеќе светови, смета на својот идентитет и лојалност како сочувствителен двоен агент.
mk
HBO
04:01
Терминатор: Спасение
Дејството се случува во 2018, Џон Конор е човекот кој има судбина да го води човечкиот отпор против Скајнет и армијата терминатори. Но, појавата на Маркус Рајт менува с?.Четвртиот дел од серијалот, "Терминатор" го следи возрасниот Џон Конор (кого го игра Кристијан Бејл) додека се обидува да го организира човечкиот отпор кој можеби е и последната вистинска надеж на човештвото во борбата против машините. Со дејствие кое започнува во 2018, во "Терминатор: спасение" Џон Конор дознава дека сигурноста на иднината е разнишана од ненадејното појавување на еден мистериозен странец по име Маркус Рајт (Сем Вортингтон), кој последно се сеќава како седи и ја очекува својата смртна казна. Во неможност да определи дали Маркус е испратен од иднината или е спасен од минатото, Конор почнува да се прашува дали с? уште постои надеж за човечката раса додека роботите стануваат помоќни и поагресивни од било кога. Изгледа дека Скајнет се подготвува за уништувачки финален напад за да го елиминира човековиот отпор, еднаш за секогаш, оставајќи ги Конор и Маркус без друг избор, освен да удрат во кибернетското срце на дејствијата на Скајнет. Штом влегуваат таму, двајцата прекалени војници откриваат ужасна тајна за потенцијалното уништување на целото човештво. Антон Јелчин игра на местото на Мајкл Биен, како младиот Кајл Рис во првиот дел на планираната трилогија "Терминатор" од режисерот Мекг ("Чарлиевите ангели").
mk
HBO
06:01
Боже, дали си таму?
Во безвременската приказна за станување возрасен, 11-годишната Маргарет се справува со животот и адолесценцијата со поддршка на мајка ? и баба ?.Во безвременската приказна за станување возрасен, Аби Рајдер Фортсон е Маргарет, 11-годишно девојче кое размислува за с? во животот и во адолесценцијата со љубовна поддршка на мајка ? (Рејчел Мекадамс) и баба ? (Кети Бејтс).
mk
HBO
07:47
Големиот Џорџ Форман
Впечатлива вистинска приказна за едно од најголемите враќања на сите времиња и преобразувачката моќ на вторите шанси.Филмот е заснован на впечатливата вистинска приказна за едно од најголемите враќање на сите времиња и преобразувачката моќ на вторите шанси. Поттикнат од сиромашното детство, Форман го канализираше својот гнев во освојување на златен олимписки медал и светски шампион во тешка категорија, проследено со скоро смртно искуство што го однесе од боксерскиот ринг до проповедништвото. Но кога ќе види како неговата заедница се мачи духовно и финансиски, Форман се враќа во рингот и пишува историја со враќањето на својата титула, станувајќи најстариот и најневеројатниот светски шампион во бокс во тешка категорија досега.
mk
HBO
09:52
Човекот по име Ото
Том Хенкс е Ото, човек кој ја изгубил волјата за живот по смртта на сопругата, но наоѓа ново значење со доаѓањето на новите соседи.Том Хенкс глуми во оваа трогателна драма за животот и загубата заснована на бестселерот на Фредрик Бакмен за човек кој ја изгубил целта по смртта на сопругата, но наоѓа ново значење со доаѓањето на новите соседи.
mk
HBO
11:57
Рејчел се мажи
Кога една отуѓена ќерка (Ен Хатавеј) се враќа дома за свадбата на својата сестра, Рејчел, нејзиното пристигнување ги изместува несигурните меѓусебни односи во семејството, предизвикувајќи., Кога Ким (Ен Хатавеј) се враќа во семејниот дом на семејството Бјукенон, за свадбата на својата сестра, Рејчел (Розмари Девит), таа носи долга историја на лични кризи, семејни конфликти и трагедија. Големата забава на парот кој стапува во брак, ги спојува пријателите и семејството за една весела недела во забава, музика и љубов, но Ким - со своите чудни забелешки и драматичност - претставува катализатор за долготрајна напнатост во семејниот живот. Полн со богати и еклектички ликови кои остануваат заштитен знак на филмовите на Џоната Дем, РЕЈЧЕЛ СЕ МАЖИ претставува интимен, перцептивен, а понекогаш и смешен семеен портрет. Режисерот Дем, сценаристот по прв пат, Џени Лумет и ансамблот од актерски ѕвезди ја оформуваат драмата за овие тешки, но симпатични луѓе со саркастичен и великодушен приказ.
mk
HBO
13:51
Тринаесет животи
Според вистинската животна приказна за спасувачката мисија на момците од пештерата Там Луанг во Тајланд откако беа заробени од големи дождови.Засновано на вистинската животна приказна што го потресе светот, "Тринаесет животи" е возбудливо сведоштво за спасувањето на младинскиот фудбалски тим од пештерата Там Луанг во Тајланд, откако момчињата останаа заробени од силен дожд и поплави. Со помош на највештите нуркачи на светот, она што следи е мачна спасувачка мисија која ја покажува храброста на највисоко ниво и ја потврдува моќта на човечкиот дух.
mk
HBO
16:15
Знам како дишеш
Кога е пронајдено телото на озлогласениот криминалец Зипер на градилиштето, случајот ? е доделен на Невена.Пронајдено е телото на озлогласениот криминалец Зипер. Очигледно е дека Зипер бил убиен на друго место, а потоа донесен на градилиштето каде што е откриено телото по неговата смрт. Разузнавачката безбедносна агенција која го надгледувала Зипер неколку месеци прикажува видео снимка на Невена каде што Нејра се појавува повеќепати, не само како мајка на Ади туку и како љубовница на Зипер. Тие го наоѓаат и изгорениот автомобил на Зипер, во кој има отпечатоци од прсти на Ади и влакна од женска коса. Невена оди да ја испраша Нејра и тајно го собира нејзиниот примерок од ДНК за анализа. Доказите на ДНК се совпаѓаат и со Ади и со Нејра, што доведува до нивно апсење.
mk
HBO
17:10
Знам како дишеш
Нејра го признава убиството, но Невена е убедена дека таа го штити Ади. По несреќата на Дино, Невена одлучува дека е време за промена.Нејра ги открива деталите за убиството и признава дека тоа го направила за да го спаси својот син, кого Зипер го вовлекувал с? подлабоко во криминални активности. Невена е убедена дека Ади не ја кажува вистината и дека Нејра го штити. Дино доживува несреќа, а лекарите не можат да го оперираат бидејќи е под дејство на стимуланси. Невена на непријатен начин сфаќа дека Дино с? уште лаже и се дрогира, но разбира и дека треба да му се посвети уште повеќе. Таа оди кај Виолета за да даде отказ, но наместо тоа Виолета ? нуди позиција на главен обвинител. Дино сепак успешно ја завршува школската година и ја охрабрува да ја прифати работата. Невена е неодлучна. Дали воопшто вреди да се жртвува?
mk
HBO
18:10
Екс макина
26-годишниот програмер Кејлеб е одбран да учествува во еден чуден и фасцинантен експеримент во кој мора да комуницира со првата вистинска вештачка интелигенција на светот, сместена во телото на една.Кејлеб Смит (Домал Глисон) е 26-годишен програмер во најголемата компанија за интернет на светот. Тој победува на натпревар и добива викенд во еден приватен имот на планина, во друштво со брилијантниот и таинствен директор Нејтан Бејтман (Оскар Ајзак). Но, кога Кејлеб пристигнува во далечната локација, тој открива дека ќе мора да учествува во чуден и фасцинантен експеримент во кој ќе комуницира со првата вистинска вештачка интелигенција на светот, сместена во телото на убавата роботка Ава (Алиша Викандер).
mk
HBO
20:01
Симпатизер
По долгиот престој во болница, Капетанот открива дека Генералот започнал да регрутира за нова воена операција.Со Парк Чан-Вук и Роберт Дауни Јуниор како извршни продуценти, и заснован на истоимениот роман на Виет Тан Нгуен, добитник на Пулицерова награда, "Симпатизер" го следи полу-францускиот, полу-виетнамски комунистички шпион познат едноставно како Капетан (Хоа Шуанде). Откако го посведочува падот на Сајгон, Капетанот започнува од почеток во Лос Анџелес со своите сонародници бегалци. Капетанот мора да ги балансира своите должности за неговиот шеф од јужновиетнамската армија и неговиот раководител од ЦИА, додека продолжува да работи тајни операции за победничката комунистичка партија во Виетнам. Оваа серија од седум дела истражува како еден човек, фатен меѓу повеќе светови, смета на својот идентитет и лојалност како сочувствителен двоен агент.
mk
HBO
21:00
Полн круг
Додека Мекаскерови се мачат да ги исполнат барањата на Акед, работите доаѓаат до зовривање во Вашингтон Сквер Парк.Додека Мекаскерови се мачат да ги исполнат барањата на Акед, работите доаѓаат до зовривање во Вашингтон Сквер Парк.
mk
HBO
21:46
Бојата на пурпурот
"Warner Bros. Pictures" ве кани да го доживеете извонредното сестринство на три жени кои делат една нераскинлива врска во "Бојата на пурпурот"."Warner Bros. Pictures" ве кани да го доживеете извонредното сестринство на три жени кои делат една нераскинлива врска во "Бојата на пурпурот". Овој храбар нов поглед на саканиот класик е режиран од Блиц Базавул и продуциран од Опра Винфри, Стивен Спилберг, Скот Сандерс и Квинси Џонс.
mk
HBO

TV vodič - utorak, 14.05.2024

00:06
Патриот
Воен херој сака да живее спокојно во Јужна Каролина во 1776 година кога нова војна ја зафаќа земјата, но гневот и болката го враќаат на бојното поле.Јужна Каролина, 1776 година. Бенџамин Мартин, херој во битката против Французите и Индијанците, сака да живее во мир со своето семејство додека нова војна ја зафаќа земјата. Кога еден од неговите синови е убиен, гневот и болката го враќаат на бојното поле.
mk
HBO
02:50
Луѓе во црно 2
Томи Ли Џонс и Вил Смит се враќаат во улогите на агентите за вонземјани, Кеј и Џеј.По четири години откако агентите за вонземјани Џеј и Кеј (Томи Ли Џонс и Вил Смит) спречија интергалактичка катастрофа, Кеј се врати во удобноста на цивилниот живот, додека Џеј ја презеде улогата на својот поранешен партнер како најефикасен вработен на неофицијалната владина агенција што ги регулира сите вонземјани на Земјата. Додека истражува едно рутинско злосторство извршено од еден кон друг вонземјанин, Џеј открива завера осмислена од Сирлин (Лара Флин Војл), злобно чудовиште преправено како манекенка за секси здолништа, заедно со нејзиниот двоглав, малоумен придружник Скрад / Чарли (Џони Ноксвил). Кога Сирлин ја окупира целата зграда на луѓето во црно, Џеј бара помош од пензионираниот Кеј, чија стручност ја претставува последната голема надеж во универзумот за избегнување на катастрофата.
mk
HBO
04:20
Малолетници
Џордан и Патрик одлучуваат онлајн да бараат донации за да купат нов плејстејшн. Но како што пристигнуваат парите, се загрозува нивното пријателство?На Џордан и Патрик (14) им е здодевно до смрт во нивното француско село. Кога нивниот плејстејшн 4 ќе се расипе, тие одлучуваат да одглумат дека се болни и да собираат донации онлајн за да купат нов. Но како што пристигнуваат парите, лагата излегува на виделина, загрозувајќи го нивното пријателство?
mk
HBO
06:00
Мајсторот за кабелска
Џим Кери го игра Чип, мајстор за кабелска, кој пораснал со телевизиски серии. Кога го запознава ергенот Стивен (Метју Бродерик), тој гледа шанса да си најде пријател.Се работи за еден воспоставен градски ритуал. Дај му 50 долари на мајсторот за кабелска и ќе ги добиеш сите филмски канали бесплатно. Но, кога Стивен Ковакс (Метју Бродерик) се преселува во нов стан, тој открива дека неговиот мајстор за кабелска (Џим Кери) не е како сите други. Тој не ги сака 50-те долари на Стивен, туку само сака да му стане пријател и нема да прифати да биде одбиен. Стивен тукушто ќе дознае дека нема такво нешто како бесплатна кабелска. Неговиот несакан пријател уште повеќе му навлегува во животот и ја манипулира девојката на Стивен, па дури и се поканува самиот во куќата на родителите на Стивен, а на крајот успева да го прати Стивен во затвор. Мајсторот за кабелска ќе направи с? за да го одржи нивното пријателство. А Стивен открива дека ќе мора да направи многу за да му стави крај на тоа.
mk
HBO
07:35
Секогаш љубов
Елизабет не сака премногу да работи со Бен, консултант во ресторан кој е повикан да го задржи отворен ресторанот на нејзиниот покоен бивш сопруг.Елизабет не сака премногу да работи со Бен, консултант во ресторан кој е повикан да го задржи отворен ресторанот на нејзиниот покоен бивш сопруг. Но наскоро таа ќе открие дека промените можат да бидат добри и дека секогаш може одново да се најде љубовта.
mk
HBO
09:00
Филмот на лутите птици
Во еден островски рај населен со среќни пилиња што не летаат, Ред, Чак и Бомба отсекогаш биле отпадници.Во оваа урнебесна анимирана авантуристичка комедија, снимена врз основа на популарната игра на мобилен телефон, ќе откриете зошто пилињата се толку налутени. Во островскиот рај населен со среќни пилиња што не летаат, пилето Ред, кое има голем проблем со лутината, заедно со брзото пиле Чак и нервозниот Бомба отсекогаш биле отпадници. Но, кога островот е посетен од таинствените зелени прасиња, овие чудни отпадници ќе мораат да откријат што планираат прасињата.
mk
HBO
10:40
Малолетници
Џордан и Патрик одлучуваат онлајн да бараат донации за да купат нов плејстејшн. Но како што пристигнуваат парите, се загрозува нивното пријателство?На Џордан и Патрик (14) им е здодевно до смрт во нивното француско село. Кога нивниот плејстејшн 4 ќе се расипе, тие одлучуваат да одглумат дека се болни и да собираат донации онлајн за да купат нов. Но како што пристигнуваат парите, лагата излегува на виделина, загрозувајќи го нивното пријателство?
mk
HBO
12:20
Минатата недела вечерва со.
Џон Оливер, еден од најсмешните водители што се појавил на телевизиската сцена последниве години, пристигнува на ХБО со сосема ново шоу, кое нуди перспектива за разни општествени, политички и.Џон Оливер, еден од најсмешните водители што се појавил на телевизиската сцена последниве години, пристигнува на ХБО со сосема ново шоу, кое нуди перспектива за разни општествени, политички и егзистенцијални проблеми во Америка и светот.
mk
HBO
13:05
Бојата на пурпурот
"Warner Bros. Pictures" ве кани да го доживеете извонредното сестринство на три жени кои делат една нераскинлива врска во "Бојата на пурпурот"."Warner Bros. Pictures" ве кани да го доживеете извонредното сестринство на три жени кои делат една нераскинлива врска во "Бојата на пурпурот". Овој храбар нов поглед на саканиот класик е режиран од Блиц Базавул и продуциран од Опра Винфри, Стивен Спилберг, Скот Сандерс и Квинси Џонс.
mk
HBO
15:25
2012
Еден академски истражувач води група луѓе во борба да ги спречат апокалиптичните настани што биле предвидени од календарот на Маите.Никогаш немало датум толку важен за толку култури, толку религии, научници и влади. Од режисерот Роланд Емерих - познат по неговите летни блокбастери "Ден на независноста", "Годзила" и "По утрешниот ден" - 2012 е епска авантура за глобална катаклизма што доведува до крај на светот како што го знаеме и херојската борба на преживеаните.
mk
HBO
18:05
Мајстор градинар
Приказната за еден градинар, чиј навидум мирен живот е нарушен поради необичното барање од неговата работодавачка."Мајстор градинар" ја раскажува приказната за еден градинар (Џоел Еџертон), чиј навидум мирен живот е нарушен поради необичното барање од неговата работодавачка (Сигурни Вивер). За да го заштити она што му е драго, Нарвел Рот ќе биде принуден да се врати на старите насилни начини - и да се соочи со минато обележано со години крв и бес.
mk
HBO
20:00
Баксуз: Животот и умирањата.
Стјуарт Алтман е обвинет од обвинителот Левин за избегнување да сведочи. Во невообичаен чекор за обвинет за убиство, Дурст одлучува да сведочи.Долгогодишниот адвокат и пријател од доверба на Дурст, Стјуарт Алтман, е обвинет од обвинителот Левин за избегнување да сведочи, но неговата сопруга Емили станува вознемирена и открива повеќе. Во невообичаен чекор за обвинет во случај на убиство, Дурст одлучува да излезе да сведочи.
mk
HBO
20:50
Куќата на змејот
Висериус Таргариен е домаќин на турнир со кој го прославува раѓањето на неговото второ дете. Ранира го пречекува нејзиниот чичко Дејмон при неговото враќање во Црвената тврдина.Висериус Таргариен е домаќин на турнир со кој го прославува раѓањето на неговото второ дете. Ранира го пречекува нејзиниот чичко Дејмон при неговото враќање во Црвената тврдина.
mk
HBO
21:55
Куќата на змејот
Ранира поминува во Малиот совет. Висерис е натеран брзо да го обезбеди наследството преку брак. Дејмон ги објавува своите намери.Ранира поминува во Малиот совет. Висерис е натеран брзо да го обезбеди наследството преку брак. Дејмон ги објавува своите намери.
mk
HBO
22:55
Пороците на Токио
Џејк се мачи да застане на нозе по пропаднатата рација, додека Саманта станува с? поочајна да ја најде Полина. Сато го чувствува притисокот на повисоката позиција во Чихари-Кај.Откако неговата дојава доведува до пропадната рација, Џејк ја чувствува тежината на одбивањето на Катагири - но дава с? од себе за да ? помогне на Еми во истражување на убиство. Додека Саманта станува френетична поради исчезнувањето на Полина, Сато се зближува со неговото отуѓено семејство - и го чувствува притисокот на повисоката позиција во Чихари-Кај.
mk
HBO