Леонард (Гај Пирс) е човек кој има само краткотрајно сеќавање.Леонард (Гај Пирс) е човек кој има само краткотрајно сеќавање. Благодарение на еден сложен систем на потсетници, фотографии, ливчиња, знае дека причина за неговата состојба е ударот во глава што го добил со борбата со силувачот и убиецот на жена му. Постојано му се јавуваат делови од лица и настани од минатото што не може да ги поврзе. Не постои ниту една цврста точка за која може да се задржи, а откажувањето од пресметката со недопирливите сенки на минатото би ја довело во прашање и неговата иднина. Сепак, зар осветата, со која сака да го заборави она што го изгубил, не отвора нов круг на злосторства?